Унгарскиот лидер укажа на постепено зголемување на помошта на Европа за Украина, почнувајќи од испраќање воена опрема и воведување санкции кон Русија до испраќање оружје и пари, објави ХирТВ.„Пари, пари, оружје, но ситуацијата не се подобрува, всушност се влошува. На чекор сме од тоа Западот да испрати војници во Украина. Ова е вртлог на војна што може да ја одвлече Европа во длабочините. Брисел си игра со оган“, предупреди Орбан и нагласи дека Будимпешта нема да биде вовлечена во руско-украинскиот конфликт.
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто изјави дека стратегијата на европските лидери е штетна за Европејците и посочи дека и покрај тоа што лидерите на ЕУ „се чувствуваат како да се во војна“, Европа не е, бидејќи „никој не ја нападна“.