ПН: Од македонската Амбасада во Лондон велат дека фактот што вторникот беше работен ден во Британија може да се наведе како главна причина за слабата излезеност на македонските државјани.Првиот круг од претседателските избори на кои гласаше македонската дијаспора во Велика Британија и Северна Ирска во вторникот ппомина мирно и со слаба излезност. И покрај тоа што имаше вкупно 87 пријавени гласачи, малкумина од нив дојдоа да гласаат.
Вторникот како работен ден во Велика Британија веројатно беше причината поради слабата излезност на македонските државјани. Речиси сите од гласачите кои дојдоа да го дадат својот глас живеат во близина на Амбасадата на Република Северна Македонија во Лондон, па немаа проблем да излезат од работното место.
Тмурното и врнежливо време, по кое е и позната Британија, можеби беше додополнителна причина поради која македонските граѓани во Британија не го искористија своето право на глас.
Имаше неколку случаи на граѓани кои заборавиле да се пријават за гласање, а кога дојдоа во Амбасадата сфатија дека имале пропуст. Но, доколку се вратат во Македонија, тие ќе можат да гласаат во вториот круг од претседателските избори.