Започнувањето на наставата со државната химна ќе се случувало секој понеделник пред 7.30 часот за учениците од првата смена, и пред 13.30 часот за учениците од втората смена.
Штипскиот градоначалник Иван Јорданов информира дека учениците, родителите и вработените во училиштата веќе имаат документ со кој се утврдува заедничката цел за меѓусебно почитување, подобрување на квалитетот на наставата, намалување на девијантните појави и јасна визија за создавање на здрави и успешни генерации.
-Создаваме нови услови за реализација на образовниот процес во Општина Штип! Учениците од основните и средните општински училишта секој понеделник ќе го почнуваат училишниот ден со интонирање на Македонската химна, а училиштата ќе имаат обврска да го истакнат знамето на Македонија на видно место во училишната зграда-истакна градоначалникот. Во училишниот рекламен плакат за подобрување на образовниот процес е илустрирано дека не е дозволен непристоен изглед во училиштата, мобилни телефони, долги нокти, кратки пантолони и маици.Пристојно однесување, училишни униформи, соработка, навремено доаѓање на час, селектирање на отпад и друго се наведени како кодекс за напредок и