На средбата се разговараше за досегашната и идна соработка помеѓу двете земји, актуелните проекти за Кавадарци кои се очекува да се финансираат со поддршка на Владата на Република Словенија преку центарот за меѓународна соработка на Словенија и амбасадата, како и за други теми кои ја засегаат актуелната политичка состојба во државата, како и состојбата со енергетската криза.