23.8 C
Скопје
02/05/2024 17:41
МАКТЕЛ

  

     

 

Партиите се како вино, не знаеш каков вкус имаат сѐ додека не ги пробаш на власт

      

Да не знае човек која владејачка гарнитура кои потези ги влече, нема да знае како да ги оцени, дали како дело на режим или исчекор кон демократија. Голем буџет со голем дефицит, односот кон соседите, согласноста на претседателот на државата со ставовите на владата, користењето неморални (и често и незаконски) методи за контролирање на опозицијата, толерирање на корупцијата и слично. Дали се добри или лоши потезите, луѓето оценуваат според тоа кој ги влече

Со децении, во светот на винарството се знаеше непобитниот факт дека француските вина се најквалитетни, со најдобар вкус, мирис, арома и боја, и дека колку и да се трудат производителите од другите земји, нема да можат да ги симнат од тронот тие врвни продукти на ферментацијата на гроздовиот плод. Секој што ќе се обидеше да ја предизвика точноста на таа вистина, беше покануван на дегустација, самиот да проба неколку голтки од кое било француско вино и од соодветниот тип вино произведен во некој друг регион од светот и секогаш дегустацијата го даваше истиот резултат – француското вино е поквалитетно од виното што се осмелуваше да му биде конкурент.Значи не стануваше збор за некаквиси теоретски надмудрувања и лабораториски анализи, туку за директна дегустација, на самото место да се пробаат двата типа, да се споредат впечатоците, па да се види дали францускиот шампањ е повкусен од калифорнискиот шампањ, дали француското шардоне е поубаво од австралиското шардоне, дали француското мерло е повозбудливо од мерлото од Јужна Африка. Во секоја дегустација, Французите доминираа.Сѐ до легендарната „Пресуда во Париз“ од 1976 година, кога јавно пред публика се изведе дегустација на вина од Калифорнија и од Франција, ама притоа дегустаторите не знаеја што пијат, имаа превези преку очите и само врз основа на вкусот, мирисот и аромата даваа свое стручно мислење за квалитетот на виното. Тогаш, калифорниските вина добија повисоки оценки од француските!Во сите претходни дегустации, секој дегустатор знаеше какво вино пие, па следствено секому му беше срам да каже дека француското вино не е баш врвно, легендарно, феноменално зашто ќе испаднеше глупав така. Како тоа ти ем дегустатор си, значи експерт, ем француското вино не ти е најдобро? Срамота, на што ќе личиш ако тоа го кажеш? Арно ама, кога не знаеја што пијат, вистината излезе на виделина.

   

СЛЕПА АУДИЦИЈА

 

Сличен проблем како оној со вината, имаше долги години и при аудициите за симфониските оркестри, кога експертите за класична музика можеа, освен да го чујат како свири кандидатот, и да го видат кој е и каков е. Затоа во западниот свет доминираа при селекцијата белци и тоа главно мажи, особено за оние инструменти кои имаа статус на „машки“ инструменти. Жена да свири убаво на виолина, ајде тоа и може да се разбере, ама на виолончело, нема шанси, џабе се труди!Арно ама, речиси во исто време како „Пресудата во Париз“ почнаа да се одржуваат и таканаречените „слепи аудиции“ за прием во симфониски оркестри, кога судиите, оние експерти што требаше да дадат оценка дали го бива или не кандидатот, не можеа да го видат оној или онаа што свири, туку само можеа да ја чујат музиката што се произведуваше од страна на кандидатот. Па, многу бргу испадна дека еден куп црномурести и особено луѓе со азиско потекло, како и ептен многу жени се најдобрите кандидат(к)и при изборот.Кога дегустаторите даваа оценки за квалитетот на вината и кога експертите за класична музика проценуваа колку талент има некој(а) што сака да се зачлени во симфонискиот оркестар, сосема несвесни за своите длабоко вкоренети предрасуди, редовно дозволуваа нивниот избор да биде нереален. Не одбираа она што е објективно квалитетно, туку она што веруваа дека би требало да е квалитетно, и често имаа потсвесен страв да не помисли некој од колегите или стручната јавност дека не си ја знаат работата, ако не дадеа оценка каква што се очекуваше од нив да имаат.Слепите дегустации и слепите аудиции го решија тој проблем. Кога сите други фактори се невидливи, кога се скриени или тргнати на страна, кога може да се проценува само она што е потребно, квалитетот редовно излегува на површина.

   

     

НА СЛЕПО НЕ Е СЕКОГАШ ПОДОБРО

Се разбира, на ова има и контраргумент. Во зависност од тоа во која држава се прави следнава досетка, еве ние ќе ја направиме за Македонија, се дава следниот избор за „слепо гласање“. Имаш два кандидати за претседател на држава, чии имиња нема да ги кажеме, само ќе ги означиме со А и Б.Кандидатот А е вегетаријанец, одликуван воен ветеран, хоби му е сликањето, а поседува и харизма оти кога и да држи говор, публиката восхитено го поздравува. Кандидатот Б, како дете бил брутално насилен, како млад бил избркан од училиште, потоа се зачленил во терористичка организација, која користела насилни методи за да предизвика политички промени, извршил киднапирање на угледен граѓанин со цел изнудување откупнина, и со тие пари при шверц купувал оружје, наредувал и убиства на политички неистомисленици, и најстрашно од сѐ, додека го правел сето тоа, бил и учител, што значи контактирал со деца, од кои некои ги вмешал и во неговите незаконски активности.Кој не знае историја, секако дека ќе гласа за кандидатот А, и ќе го избере на тој начин Адолф Хитлер, кој навистина бил вегетаријанец, одликуван ветеран од Првата светска војна, хоби му било сликарството и секогаш кога држел говори покажувал толку многу харизма, што публиката восхитено го поздравувала со извикот „Хајл Хитлер“.Кој знае македонска историја, ќе се сети дека кандидатот Б го опишува Гоце Делчев. При една детска тепачка му направил лузна на својот врсник Сулејман, а нивната случајна средба по неколку децении е опишана во романот „Табакерата“. Бил избркан од военото училиште во Софија поради тоа што бил посветен на ослободувањето на Македонија, бил член на ТМОРО, која со насилни методи сакала да го смени уредувањето на Отоманската империја, меѓу многуте акции еднаш киднапирал и син на богат Турчин, па со парите од откупот купил оружје, на Ќосето му давал наредби за ликвидации на предавници, а бил и учител (оттаму и прекарот Даскалот) и некои од неговите ученици ги користел како курири за Организацијата, од каде што доаѓа легендата за „курирот на Гоце“.На „слепо гласање“ како што се опишани кандидатите, би победил Хитлер, а за Гоце само лудаци (или луѓе што можат да насетат за кого станува збор од описот) би го дале гласот.

ПАРТИСКА СИМЕТРИЈА

Како да се организира гласање, на пример за шеф на некое обвинителство, и притоа да не им се каже на тие што ќе избираат, кои се точно кандидатите, туку само да им се објасни какви се тие точно. Ако знаат само какви се, ама не знаат и кои се, можеби ќе гласаат подобро, оти ќе одлучуваат само според резултатите и постигнатите успеси, како и идеите за идната работа од раководната позиција за која се борат, а не според тоа од која националност е кандидатот, до која партија е близок и слични карактеристики, кои се сосема небитни, кога е во прашање конкретната функција.Или, да го прошириме ова на целиот политички систем. Луѓето кои за секоја глупост на режимот на Никола Груевски беа спремни да протестираат со денови и недели по улиците, не само што воопшто не реагираат негативно на некои сосема идентични потези на актуелната власт, туку уште и оправдувања смислуваат.Главно тие оправдувања се во духот дека не е битно каква политика се спроведува, туку кој ја спроведува, бидејќи „нивните“, дури и кога чесно и одговорно работат, тоа е само да ја залажат јавноста, т.е. за пиар-цели, а „нашите“, дури и кога апла дрско и бесрамно крадат, тоа е добро оти со тие пари се полнат црните фондови со кои ќе се води борбата за демократија дури и ако се падне од власт, а самата дрскост е доказ дека ниту се срамат, ниту се плашат оти знаат дека се борат за добри цели и се храбри луѓе.Меѓу партиите одамна има силна симетрија, а симетријата е видлива, не само во глупостите што ги прават, туку и во спиновите што ги креираат за да ги оправдаат тие глупости. Кога Грујо со поткупи и уцени прибираше политичари, тоа беше режим, ама кога ќе се дознае дека пратениците потребни за промена на името биле „убедувани“ во елитен хотел од страна на странски дипломати, тоа е дел од борбата за евроатлантски интеграции.Кога Грујо правеше џиновски буџети со рекордни дефицити, тоа беше крадење на народот, плус ставање на државата во должничко ропство. Кога актуелната власт креира џиновски буџет со рекорден дефицит, тоа е дел од мудра економска политика.Кога кадрите во судството се избираа од фамозното „тефтерче“ на Гордана Јанкулоска, тоа беше срам за државата. Кога сега е јасно како бел ден дека кадрите во судството се избираат од некое друго тефтерче, тоа е само чекор напред кон зајакнување на институционалните капацитети и имплементација на реформските напори.

 КАДАРОТ Е ЕДИНСТВЕНО БИТЕН

 Партиите ни се толку симетрични, што е болно да се гледа тој недостиг од реална алтернатива. Од друга страна, што ако на граѓаните тоа и им годи? Многу е тешко да се најдат добри страни во безалтернативноста, во партиската сличност како јајце на јајце едни на други, но барем два конкретни бенефита има во тоа. Кои се тие?Лесно е да се направат вешти козметички финти со кои реториката на партиите ќе изгледа видливо различно, но праксата, особено кога се на власт, е многу потешко да се диференцира. Да не знае човек која владејачка гарнитура кои потези ги влече, нема да знае како да ги оцени, а како дело на режим или исчекор на демократија.Голем буџет со голем дефицит, добро или лошо е? Ех, па зависи, ако е од Грујо, тоа е лошо (или добро ако си вмровец), а истото може да се каже и за односот кон соседите, согласноста на претседателот на државата со ставовите на владата, користењето неморални (и често и незаконски) методи за контролирање на опозицијата, толерирање на корупцијата и слично. Дали се добри или лоши потезите, луѓето оценуваат според тоа кој ги влече.Баш како дегустаторите при давањето оценка за вината, баш како судот на експертите при изборот на нов музичар за симфонискиот оркестар, никој не може да знае дали треба или не треба да ја поддржува или осудува конкретната политика, ако не знае кој ја прави.Прв бенефит од тоа е што кога самата политика, самиот проект, програма, план, идеја, концепт нема никакво значење сама по себе, е што единствено останува да се носи судот според кадарот што треба да ја спроведува.Ако знаеш дека нема врска дали виното е француско или калифорниско или аргентинско, што ти останува, освен да судиш за неговиот квалитет според аромата, вкусот и мирисот, т.е. оние атрибути кои се реално единствено битни? Ако си свесен дека која и да е партија на власта, нејзините кадри ќе бидат корумпирани и неспособни, што ти останува, освен да се прашаш кој од кадрите е најмалку корумпиран и најмалку неспособен? Ако знаеш дека сѐ што ветуваат сите партии е лага, што ти останува, освен да се прашаш од сите тие лажговци, кој има најголеми шанси да се потруди барем нешто да оствари од ветеното, колку барем да замачка очи?

ПАРТИСКА БЕРБА

Втор бенефит од тоа што нема разлика во тоа што прават партиите во пракса е што тогаш можеш да споредуваш конкретни резултати сами по себе, без да се прашуваш кој дел од ветеното бил спроведен, а кој дел останал пуста надеж.Скандал е скандал, без разлика кој го прави. Не губиш време со намери, планови и илузии, туку споредуваш конкретно што гледаш на терен. Не обрнувај внимание на спинови и изговори, оти нема ништо полесно од тоа да се даде оправдување за некоја направена глупост.Ако прифатиш дека меѓу партиите (се мисли на двата големи блока кои доминираат со секоја власт во последниве три децении) нема разлика во однесувањето, иако постои разлика во реториката, многу полесно ќе можеш да судиш за конкретните резултати од нивното владеење.Дали живееш подобро или живееш полошо, дали имаш повеќе пари во џебот или, пак, помалку храна во фрижидерот, дали здравството, образованието, инфраструктурата, јавната безбедност и слични услуги кои ги обезбедува државата се подобри или полоши? Тие нешта објективно можеш да ги процениш и споредиш, баш како да си на слепа дегустација на вино или на слепа аудиција за симфониски оркестар, само ако не те интересира кој што понудил, што ветил и за што се залагал, туку што е конкретно остварено.Партиите се како вино, не знаеш каков вкус имаат сѐ додека не ги пробаш на власт. Грозје од иста сорта може да даде вино со сосема различен вкус, во зависност од климата во годината на бербата, составот на почвата, начинот на ферментација и најважно од сѐ, очекувањата што се создадени за одредено вино.Ја држиш чашата полна со политичко вино и додека ја мирисаш велиш дека аромата на повисоки пензии и субвенции неодоливо те потсетува на левичарска идеологија, и затоа тоа мора да е вино од  некоја комуњарска берба. Но не, тоа се политики од ерата на Грујо. Потоа земаш друга чаша со друго политичко вино, кое има силно буке на редефинирање на некои периоди во нашата историја и си викаш дека ова мора да е од некое вмровско буре наточено. Ама не, тоа го прави СДСМ сегаАко не знаеш што пиеш, ќе мораш да пробаш, за вкусот да ти каже какво политичко вино имаш во чашата. Пробуваш голтка, и те обзема силниот вкус на нескриена корупција, со јака доза на партизација, кисел до болка непотизам, комбинација на јавашлук и апашлук која те тера не да плукнеш, туку да повратиш.Иако си навикнат на тој вкус, сепак со секоја нова берба, со секоја нова власт, сѐ полошо и полошо виното станува. Сфаќаш дека тоа само тешки алкохоличари може да го пијат. Па, си велиш дека можеби е крајно време да се ископа лозјето, и наместо лози да се засадат – тикви. Барем семки за грицкање ќе има.

    

Најново

СИЛЈАНОВСКА И ПЕНДАРОВСКИ НЕ СЕ ПРОТИВ ИСТОПОЛОВИ ПАРТНЕРСТВА Имаат резерва дали треба да имаат потомство

Sase Ivanovski

„МИРИСА НА ПРОМЕНИ“ Мицкоски со семејството на 1 Мај во Мокриево

Sase Ivanovski

Спилберг му помага на Бајден во изборната кампања

Sase Ivanovski

Колумбискиот претседател најави прекин на дипломатските односи со Израел

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова на тв дебата со Пендаровски: Логично е опозицијата да се обединува кога има противник каква што е оваа власт!

Sase Ivanovski

Силјановска-Давкова ќе почитува, но нема да употребува Северна, за Пендаровски тоа е невозможно во меѓународните институции 01.05.2024 21:34

Sase Ivanovski

Ѓоковиќ запрен од Агут на мастерсот во Мајами

Sase Ivanovski

Загина 19-годишен возач во Србија, со автомобилот удрил во бетонски крст

Sase Ivanovski

Соопштение

Sase Ivanovski

Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Во коалиција сме со граѓаните за европска Македонија

Sase Ivanovski

157 санкционирани возачи под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

СДСМ: Глас за СДСМ на 8-ми мај е глас за поголеми плати и унапредени работнички права.

Sase Ivanovski

ВМРО: Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт

Sase Ivanovski

34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола

Sase Ivanovski

ВМРО: Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес и нови 8 милиони евра за општината

Sase Ivanovski

ВМРО: Николоски: Соработка со Али Ахмети во било која варијанта, форма и начин нема да има

Sase Ivanovski

Пендаровски: Силјановска-Давкова призна дека имала фри шоп

Sase Ivanovski

ВМРО: Николоски: Четирите про опозициски кандидати за претседател до денес ја немаат поддржано Силјановска Давкова, тоа значи дека или немаат елементарно чувство за државата или свесно или несвесно работат за ДУИ и Али Ахмети

Sase Ivanovski

СДСМ: Со глас за СДСМ на 8 мај ги чуваме темелите на државата, демократските вредности и слободата

Sase Ivanovski

Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

Почина таткото на Тоше Проески: Само еднаш се огласи во јавност по смртта на синот!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ И МЕНДИ ЌИРА СО РАЗЛИЧНИ СТАВОВИ ЗА ПОКАЧУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ НА ПОЛИСИТЕ ЗА АВТО ОДГОВОРНОСТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МЕНДИ ЌИРА ОД КОМОРА НА СЕВЕРОЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА ДЕМАНТИРА ДЕКА ИМА БИЗНИСМЕНИ КОИ СЕ ПРОТИВ ВЛЕЗОТ ВО ЕУ

Sase Ivanovski

Ковачевски: Тој што не може да формира влада, значи изгубил на изборите

Sase Ivanovski

Ердоган: Неонацистичкиот тероризамво Европа достигна ниво што ја загрозува безбедноста на животот и имотот на нашиот народ

Sase Ivanovski

Али Ахмети стана „почесен граѓанин“ на Тирана

Sase Ivanovski

130 санкции за брзо возење

Sase Ivanovski

ДА ГИ НАДМИНЕМЕ ВНАТРЕШНИТЕ РАЗНОГЛАСИЈА И ПОДЕЛБИ Да ги зацврстиме единството и слогата, порача г.г. Стефан во Велигденското послание

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НАД 1 МИЛИОН ГРУЗИЈЦИ ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПРОРУСКАТА ВЛАДА

Sase Ivanovski

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Sase Ivanovski

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Sase Ivanovski

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ 6 МИЛИОНИ ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ – во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

Sase Ivanovski

ВАЖНА ОДЛИКА ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА – Ќе се дели богата дивиденда, еве колку же изнесува по акција

Sase Ivanovski

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

Sase Ivanovski

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Sase Ivanovski

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Sase Ivanovski

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Sase Ivanovski

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Sase Ivanovski

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Sase Ivanovski

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Sase Ivanovski

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Sase Ivanovski

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ – Амар Мециновиќ: Левица нема да биде дел од Влада која ќе прифати уставни измени

Sase Ivanovski

Автобусите обезбедени, за гласачите од дијаспората не се знае

Sase Ivanovski

Зеленски: Украина во НАТО по победата во војната со Русија

Sase Ivanovski

Сијарто: Судирот во Украина мора да заврши за да се спречи „лудилото на нуклеарната војна“

Sase Ivanovski

Блинкен го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош меѓу Израел и Газа

Sase Ivanovski

ВИДЕО: РУСИТЕ ЛАНСИРАА МИСТЕРИОЗНА РАКЕТА Новото оружје создало паника, на небото се појавиле чудни траги

Sase Ivanovski

ВИДЕО Американци и Русин ја лансираа ракетата на Маск кон Меѓународната вселенска станица

Sase Ivanovski

(Видео) Николов: За неполни два месеци во повеќе наврати на Хрватската граница утврдено е присуство на забранет пестицид во земјоделски производи од Македонија

Sase Ivanovski

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО – УЖАСЕН ТРЕНД ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЈА ПОТРЕСЕ ЈАВНОСТА Деца се снимаат додека мачат и убиваат животни

Sase Ivanovski

КОЈ ЧУВА ПАПАГАЛ, НЕКА МУ ЈА МИСЛИ! Смртоносна папагалска треска се шири во Европа

Sase Ivanovski

ВИДЕО Драма во турско училиште: Наставник спаси ученичка со Хајмлихов зафат

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Напад над главната руска база на Крим

Sase Ivanovski

Видео: Пожар во една од најпознатите згради во Копенхаген: Се урна цела кула

Sase Ivanovski

Видео: Пожар во фабрика во Русија, има загинати и повредени

Sase Ivanovski

ФОТО+ВИДЕО: Десетици илјади луѓе се евакуирани поради поплави во Кина – 11 лица се водат како исчезнати

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Силен ветер урна минаре на џамија во Турција

Sase Ivanovski

Лидер на ИСИС убиен во операција во пограничниот регион на Мали

Sase Ivanovski

Во поплавите во Кенија загинале 170 лица

Sase Ivanovski

Oсновачот на крипто берзата Бајненс призна дека перел пари, осуден е на четири месеци затвор

Sase Ivanovski

Над 20 лица исчезнаа во поплавите во Бразил

Sase Ivanovski

Маричиќ: 20 години од големото проширување на ЕУ, ние треба да сме во следното

Sase Ivanovski

Запленети 1,8 тони кокаин во близина на островот Сен Мартин

Sase Ivanovski

Пендаровски и Силјановска Давкова со различни ставови за употребата на името и преговорите за членство во ЕУ

Sase Ivanovski

(Видео) Ковачки најави големи проекти во Зрновци: зелен пазар, изградба на брана и резерворар

Sase Ivanovski

(Видео) Видео на руски војник стана вирално:„Добредојдовте во пеколот драги браќа, кои доаѓате за пари“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стојановски: По изборите ќе се преслика политичката разврска од 2006 – ВМРО ќе го исклучи ДУИ од идната влада, СДСМ е во незавидна ситуација!

Sase Ivanovski

Трогателна исповед на родителите на девојче-жртва на монструмот Коста Кецмановиќ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Протестен марш за 1. Мај – од пред Собрание, преку Правда, па до Влада

Sase Ivanovski

ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година, порача Шарл Мишел

Sase Ivanovski

20 години членство во ЕУ ја промени радикално економската состојба во источна Европа

Sase Ivanovski

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Sase Ivanovski

Мерц: Вратата на ЕУ е отворена за нови членки, вклучувајќи го и Западен Балкан

Sase Ivanovski

СИЛЈАНОВСКА: Струмица ја нареков феудот на Заеви што ќе се распадне!

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова „за“, Пендаровски „против“ амнестија за 27 април

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАНКО БАЧЕВ: КАНДИДАТИТЕ НА ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ РАБОТАТ ЗА НАРОДОТ, СИТЕ ДРУГИ ЌЕ РАБОТАТ ПРОТИВ НАРОДОТ!

Sase Ivanovski

ЛУДА ВЕСТ НА ДЕНОТ: СКОПЈАНЕЦ СО КОЛА УДРИЛ ЖЕНА, ЈА БАКНАЛ И ЗАМИНАЛ СО ИЗГОВОР ДЕКА СЕ БРЗА?!

Sase Ivanovski

Пендаровски: Клучните столбови од програмата од 2019 – членство во НАТО, преговори со ЕУ и стабилни етнички односи се остварени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШОКАНТНО: МИТИНГ НА ФАШИСТИ ВО МИЛАНО!

Sase Ivanovski
Вчитувам....