12.8 C
Скопје
08/05/2024 03:08
МАКТЕЛ

  

     

 

Обвинение за обвинител од Охрид кој застарел 14 предмети во кои требало да гони крадци на струја и рибокрадци

      

   

Од Обвинителството информираат дека е поднесено обвинение за поранешен обвинител од Охрид, кој бил под истрага поради сомнеж дека намерно застарел 14 предмети.

 

-Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот суд поднесе обвинение против поранешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид за продолжено кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

   

     

Обвинетиот, во периодот од 19 ноември 2013 година до 25 ноември 2021 година, додека се уште ја извршувал функцијата јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Охрид, очигледно несовесно постапувал во вршењето на своите овластувања и должности поврзани со преземање или непреземање на дејствија по конкретни предмети. На тој начин тој овозможил пријавените кривични дела апсолутно да застарат за гонење, и со тоа, потешко ги повредил правата на други – подносителите на кривичните пријави и оштетени, бидејќи тие пред истекот на рокот за апсолутна застареност на гонењето по пријавените кривични дела, не добиле одлука ниту за гонење на пријавените лица – со што биле ускратени да ги остварат своите права како оштетени во судска постапка, ниту пак добиле одлука – решение за отфрлање на поднесените кривични пријави со која оштетените би имале право на жалба за да ги остварат правата во претходна постапка, велат од Обвинителството.

Оттаму додаваат дека по извршен вонреден надзор на Вишото јавно обвинителство Битола врз работата на јавниот обвинител биле констатирани пропусти во постапувањето, при што бил задолжен да ги преземе неопходните дејствија во предметите.

-Тој не постапи по задолжението од извршениот надзор, односно состојбата во предметите остана идентична.

Од тие причини против обвинителот беше поведена и дисциплинска постапка во која Дисциплинската комисија донесе решение со кое за сторените тешки дисциплински повреди изрече дисциплинска мерка – предлог за разрешување на јавниот обвинител, појаснуваат од Обвинителството.

Оттаму откриваат детали за сите 14 предмети кои се воделе во Основното јавно обвинителство Охрид:

– Предмет заведен во Основното јавно обвинителство Охрид на 19.11.2013 година, против две осомничени лица за кривично дело Кражба по член 235 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот не презел никакво службено дејствие во предметот се до 4 ноември 2019 година кога настапила апсолутна застареност за гонење на осомничените за пријавеното кривично дело, а на каков начин потешко ги повредил правата на едно оштетено лице.

– Предмет заведен во Основното јавно обвинителство Охрид од 2014 година против едно лице за кривично дело – Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас по член 235-а став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 09.12.2014 година го испитал осомничениот на записник и истиот ден издал Наредба за вештачење, но понатаму не презел никакво службено дејствие во предметот, поради што на 24.04.2018 година настапила апсолутна застареност за гонење на осомничениот за пријавеното кривично дело, а на каков начин потешко ги повредил правата на оштетеното правно лице ЕВН Македонија.

– Предмет заведен во Основното јавно обвинителство Охрид од 2014 година против едно лице за кривично дело – Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас по член 235-а став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 22.12.2014 година испитал двајца сведоци, но понатаму не презел никакво службено дејствие во предметот, поради што, на 28.02.2019 година настапила апсолутна застареност за гонење на осомничената за пријавеното кривично дело.

– Предмет заведен во Основното јавно обвинителство Охрид од 2013 година против еден осомничен за кривично дело – Кражба по член 235 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 12.01.2015 година испитал тројца сведоци, но понатаму не презел никакво службено дејствие во предметот, поради што, на 16.05.2019 година настапила апсолутна застареност за гонење на осомничениот за пријавеното кривично дело.

– Предмет заведен во Основното јавно обвинителство Охрид од 2013 година против едно лице за кривично дело – Кражба по член 235 став 1 од Кривичниот законик. Во овој предмет, обвинетиот јавен обвинител на 15.09.2015 година со Решение на Вишото јавно обвинителство Битола бил задолжен постапката да ја продолжи, но по ваквото задолжение не ги презел службените дејствија. На 11.05.2017 година настапила апсолутна застареност за гонење на осомничениот за пријавеното кривично дело.

– Предмет заведен во Основното јавно обвинителство Охрид од 2014 година против едно лице за кривично дело – Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас по член 235-а став 1 од Кривичниот законик. Со Решение на Вишото јавно обвинителство Битола од 29.09.2015 година обвинетиот бил задолжен постапката да ја продолжи, но по ваквото задолжение не ги презел службените дејствија. На 30.07.2020 година настапила апсолутна застареност за гонење на осомничениот за пријавеното кривично дело.

– Предмет заведен во Основното јавно обвинителство Охрид од 26.07.2013 година против еден осомничен за кривично дело – Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас по член 235-а став 1 од Кривичниот законик. Иако со Решение од 21.10.2015 година на Вишото јавно обвинителство Битола, обвинетиот бил задолжен постапката по поднесената кривична пријава да ја продолжи, очигледно несовесно постапувал во вршењето на своите овластувања и должности како јавен обвинител, па по ваквото задолжение, не презел никакво службено дејствие во предметот. Апсолутна застареност за гонење на пријавениот настапила на 25.01.2019 година.

– Предмет заведен во Основното јавно обвинителство Охрид од 2015 година по поднесена кривична пријава против еден осомничен за кривично дело – Загрозување на сигурноста по член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 18.11.2015 година обвинетиот упатил барање за податоци до ЈЗУ Општа болница Охрид, но понатаму не презел никакво службено дејствие во предметот. На 10.04.2021 година настапила апсолутна застареност за гонење на осомничениот за пријавеното кривично дело со што потешко биле повредени правата на една оштетена.

– По предметот заведен во Основното јавно обвинителство Охрид во 2014 година против едно лице за кривично дело – Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас по член 235-а став 1 од Кривичниот законик, обвинетиот на 15.01.2016 година, упатил покана за испитување до осомничениот. Понатаму не презел никакво службено дејствие во предметот, поради што на 17.05.2019 година настапила апсолутна застареност за гонење на осомничениот за пријавеното кривично дело.

– Предмет заведен во Основното јавно обвинителство Охрид од 2014 година против едно лице, за кривично дело – Кражба по член 235 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 16.02.2016 година на записник испитал еден сведок и потоа не презел никакво друго службено дејствие во предметот. На 24.11.2020 година настапила апсолутна застареност за гонење на осомничениот за пријавеното кривично дело.

– Предмет заведен во Основното јавно обвинителство Охрид во 2015 година против еден осомничен за кривично дело – Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас по член 235-а став 1 од Кривичниот законик. Со Решение од 10.06.2016 година на Вишото јавно обвинителство Битола, обвинетиот бил задолжен постапката да ја продолжи, но по ваквото задолжение не ги презел службените дејствија со кои бил задолжен, а кои биле неопходни за донесување на јавнообвинителска одлука. На 11.03.2021 година настапила апсолутна застареност за гонење на осомничениот за пријавеното кривично дело.

– Предмет заведен во Основното јавно обвинителство Охрид во 2014 година, по поднесена кривична пријава против двајца осомничени за кривични дела – Незаконит риболов по член 229 став 1 од Кривичниот законик и Кражба по член 235 став 1 од Кривичниот законик. Од 22.06.2017 година, кога со наредба го вратил металниот чамец на сопственикот и издал две барања за казнени евиденции до Основниот суд Охрид, обвинетиот понатаму не презел никакво службено дејствие во предметот. На 11.07.2018 година настапила апсолутна застареност за гонење за кривичното дело – Незаконит риболов, а на 11.07.2020 година апсолутна застареност за гонење и за кривичното дело – Кражба. Со ова обвинетиот потешко ги повредил правата на државата во поглед на заштита на рибниот фонд, како и на едно оштетено лице.

– По предмет заведен во Основното јавно обвинителство Охрид во 2015 година против еден осомничен за кривично дело Кражба по член 235 став 1 од Кривичниот законик, обвинетиот на 22.06.2017 година го испитал осомничениот на записник. Понатаму не презел никакво службено дејствие во предметот, поради што, на 20.05.2021 година настапила апсолутна застареност за гонење на осомничениот, со што потешко биле повредени правата на оштетено правно лице ЛТХ Леарница дооел Охрид.

– Предмет заведен во Основното јавно обвинителство Охрид по поднесена кривична пријава од 02.12.2016 година против три лица од Охрид, за кривично дело – Давање лажен исказ од член 367 став 1 и член 367 став 3 од Кривичниот законик. Обвинетиот во својство на јавен обвинител на 10.02.2020 година издал наредба за вештачење до вешто лице, но понатаму не презел никакво службено дејствие во предметот. Како резултат на ова во 2021 година настапила апсолутна застареност за гонење на осомничените.

Постапката во овој предмет ја води Основното јавно обвинителство Струга, бидејќи Основното јавно обвинителство Охрид побара изземање со оглед на тоа што обвинетиот го сторил кривичното дело во својство на јавен обвинител во тоа обвинителство.

    

Најново

Проекција на филмот „Домаќинство за почетници“ во Кино Фросина

Sase Ivanovski

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Sase Ivanovski

Си пред посетата на Србија со критики до НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година

Sase Ivanovski

ГИ ИЗГУБИЈА СЕМЕЈСТВАТА: Нема безбедно засолниште во Рафа за 600.000 деца

Sase Ivanovski

Интервју со Бранко Азески – Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?

Sase Ivanovski

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Sase Ivanovski

Државно претпријатие направи добивка од 100 милиони евра и ја зголеми просечната плата за 100 евра

Sase Ivanovski

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

Sase Ivanovski

СПАСОВ: Евровизија е музички натпревар на земјите од Европа кој обезбедува видливост и можност за секоја земја да се претстави со своите музички достигнувања

Sase Ivanovski

СЕВЕРИНА СЕ СЕКИРАЛА ШТО ЌЕ КАЖЕ КЛАСНИОТ ЗА НЕЈЗИНИОТ ПОРНИЧ Пејачката за нејзиното филмче што го потресе регионот

Sase Ivanovski

ПРОНАЈДЕНО И ТЕЛОТО НА ТРЕТОТО ДЕТЕ КОЕ СЕ УДАВИ ВО РЕКАТА БОЈАНА Полицијата од Скадар трага по трупот на мајката

Sase Ivanovski

АРКАН МЕ АПСЕШЕ ДОДЕКА ЦЕЦА ЛЕЖЕШЕ ГОЛА ВО КРЕВЕТ Шокантно сведоштво на човекот со кого пејачката била во бурна врска и имала три абортуси

Sase Ivanovski

ПАЛЕСТИНСКИТЕ БЕГАЛЦИ ЌЕ СЕ ПРЕСЕЛАТ ВО ГРАДОТ СИСИ? Инвеститор од Египет ветува контроверзен проект

Sase Ivanovski

Гутереш: Не правете грешка, генерален напад на Рафах би бил човечка катастрофа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Sase Ivanovski

Пронајдено е телото на рударот кој беше затрупан под земја во Босна

Sase Ivanovski

ВИДЕО: СПРЕЧЕН АТЕНТАТ ВРЗ ЗЕЛЕНСКИ Главата на украинскиот претседател требало да биде подарок за Путин

Sase Ivanovski

Заокружена серијата мурали во духот на заедницата кои го отворија 19. издание на АКТО фестивалот за современи уметности

Sase Ivanovski

Гутереш: Израелска офанзива врз Рафа би била стратешка грешка, политичка катастрофа и хуманитарен кошмар

Sase Ivanovski

И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел

Sase Ivanovski

Словачка регистрира 1.100 закани за бомби во еден ден, полицијата почна истрага за тероризам

Sase Ivanovski

СВЕТОТ НА НОЗЕ: ОФАНЗИВАТА ВО РАФА МОРА ДА ПРЕСТАНЕ ВЕДНАШ!

Sase Ivanovski

Туск свика состанок со безбедносните служби поради закана за шпионажа

Sase Ivanovski

Руски хакери ги нападнале веб-страниците на косовски институции

Sase Ivanovski

СЦЕНИ КАКО ОД АУШВИЦ: ВО ГАЗА ВО МОМЕНТОВ СЕ СЛУЧУВА ВИСТИНСКА ХУМАНИТАРНА КАТАСТРОФА!

Sase Ivanovski

Рама: Парите што ги одобри ЕУ за Западен Балкан се нов импулс во процесот на проширување

Sase Ivanovski

По изборите, нова можност за Скопје и Софија

Sase Ivanovski

Нова студија: Луѓето кои имаат копии од специфични гени речиси сигурно ќе развијат Алцхајмерова болест

Sase Ivanovski

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Sase Ivanovski

Руската војска доби нова серија борбени возила

Sase Ivanovski

Захарова: Ако Киев нападне со британско оружје, имаме право да ги нападнеме британските објекти

Sase Ivanovski

Ведрана Рудан има рак: „За жал, не можам да ви кажам дали ќе умрам“

Sase Ivanovski

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник во Европскиот парламент

Sase Ivanovski

Белата куќа не може да поддржи израелска офанзива на Рафах без веродостоен хуманитарен план

Sase Ivanovski

Пет работници го загубија животот, а еден е повреден во Палермо

Sase Ivanovski

Валонската екстремна десница во „санитарен коридор“ во белгиските медиуми на француски јазик

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Преземањето на преминот во Рафа е „многу важен чекор“

Sase Ivanovski

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Sase Ivanovski

Приведени крадци во Скопје, одземеното пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците

Sase Ivanovski

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН СКОПСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК И ДИРЕКТОРКА НА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ: КУПИЛЕ МНОГУ СКАПИ МАШИНИ ЗА ПРАЊЕ

Sase Ivanovski

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

Sase Ivanovski

ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА ЗАПАДНИТЕ РАЗУЗНАВАЧИ Русија планира диверзии низ Европа

Sase Ivanovski

Драма во Кина: Напад со нож во болница, има загинати и повредени

Sase Ivanovski

Жена која им послужила отровни печурки на роднините на својот сопруг тврди дека е невина

Sase Ivanovski

Холандската полиција го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам и уапси 125 демонстранти

Sase Ivanovski

Групна тужба против АстраЗенека

Sase Ivanovski

Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел

Sase Ivanovski

Поплави во Бразил без преседан – 78 загинати и 115.000 раселени

Sase Ivanovski

Руски наредник уби командант и пет војници

Sase Ivanovski

ЗАПАДОТ НЀ НАТЕРА Русија почна вежби со нуклеарно оружје

Sase Ivanovski

Кралот Чарлс одбива да го види принцот Хари

Sase Ivanovski

Граѓаните утре можат да пријават повреда на избирачкото право на бесплатна телефонска линија

Sase Ivanovski

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Sase Ivanovski

Англичаните тврдат, Драган Стојковиќ – Пикси е најлошиот селектор на ЕУРО 2024

Sase Ivanovski

Одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција

Sase Ivanovski

Тешко повреден 19-годишник, со автомобил излетал од патот Штип-Плачковица

Sase Ivanovski

Путин до Русите: Заедно ќе победиме

Sase Ivanovski

ЕУ одобри шест милијарди евра за Западен Балкан, но треба да се исполнат одредени услови

Sase Ivanovski

Град Скопје: назначени координатори за спречување на врсничко насилство во училиштата

Sase Ivanovski

Цената на лебот засега останува иста, проблемот е ликвидноста на компаниите и одливот на работната сила

Sase Ivanovski

Обид за кражба на изборен материјал во општина Чаир

Sase Ivanovski

Пронајдено големо количество оружје и муниција кај жител на Мелница

Sase Ivanovski

МВР: Лични документи можат да се подигнат и утре

Sase Ivanovski

1,1 МИЛИОН МАКЕДОНСКИ ТУРИСТИ ПРЕСТОЈУВАЛЕ ВО ГРЦИЈА Македонија и овој пат е меѓу првите 15 држави според бројот на туристи и останува без промени на 11-та позиција

Sase Ivanovski

„НЕ СМЕ ВО ВОЈНА СО ПУТИН“ Франција е меѓу 7 земји кои нема да ја бојкотираат инаугурацијата на рускиот лидер

Sase Ivanovski

ПРЕСВРТ ВО СЛУЧАЈОТ НА АЛМА КОЈА СО ТРИТЕ ДЕЦА СЕ ФРЛИ ВО БОЈАНА Братот на нејзиниот сопруг откри дека се борела со депресија и стрес

Sase Ivanovski

СТРАШНИ СЦЕНИ ОД РАФА: МАСАКРИРАНИ ТЕЛА НА ДЕЦА ОД ИЗРАЕЛСКИТЕ БОМБИ НА СИТЕ СТРАНИ!

Sase Ivanovski

РЕКИ НАРОД БЕГА ОД РАФА КОН ЕГИПЕТ, ДАЛИ ВО ГАЗА СЕ СЛУЧУВА ЕТНИЧКО ЧИСТЕЊЕ НА ПАЛЕСТИНЦИТЕ?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГАЗА Е СРАМНЕТА СО ЗЕМЈА: КАКО ДА ИМА ПАДНАТО АТОМСКА БОМБА ВО МАЛАТА ПАЛЕСТИНСКА ЕНКЛАВА!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДАЛИ НА ГАЗА И СЕ СЛУЧУВА СРЕБРЕНИЦА?!

Sase Ivanovski

Медицинските сестри ќе донираат и подготвуваат оброци за лицата со социјален ризик

Sase Ivanovski

КОГА ЌЕ ТИ СЕ ПОГОДИ ПРОФЕСИЈАТА И ЗАРАБОТУВАШ ТОЛКУ ДОБРО ШТО ИМАШ ВРЕМЕ И ПАРИ ДА СЕ ПЕНТАРИШ СО МЕСЕЦИ ПО КАРПИ ПО СВЕТОТ – Македонскиот кардиолог Сашко Кедев утрото на Велигден се искачи на врвот Макалу, висок 8.485 метри и со ова стана првиот Македонец кој се искачал на овој врв

Sase Ivanovski

Прегазено дете во Велес: Со тешки повреди пренесено во Скопје

Sase Ivanovski

Ништо од примирје – Нетанјаху ја одби понудата на Хамас

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВО МОМЕНТОВ СЕ ВРШИ ВИСТИНСКИ МАСАКАР ВО РАФА КАДЕ СЕ КРИЈАТ 1,7 МИЛИОНИ ПАЛЕСТИНЦИ НА ПРОСТОР ГОЛЕМ КАКО ДЕБАР МААЛО

Sase Ivanovski

„Ако си муслиман, не гласај“ – пуштени летоци во Чаир

Sase Ivanovski

Јулија Навална: На Путин мора да му дојде крајот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЗРАЕЛЦИТЕ СЕ ОДНЕСУВААТ ДИВЈАЧКИ ВО ГАЗА: СО ТЕНК ПРЕГАЗЕН ЗНАКОТ ЈА САКАМ ГАЗА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ВО РАФА

Sase Ivanovski

Путин положи заклетва за петтиот мандат: „Не одбиваме дијалог со Западот”

Sase Ivanovski

Четворица малолетници ограбиле свои врсници

Sase Ivanovski
Вчитувам....