Државна лотарија ги известува играчите на играта на среќа Лото 7 дека со цел за побрзо полнење на фондот за добивката од прва категoрија и за зголемување на вредностите на добивките по сите категории, почнувајќи од уплатата за 99 коло (10.12. 2022), една комбинација за учество во играта на среќа Лото 7 ќе е со вредност од 30 денари, колку што ќе изнесува и уплатата за еден Џокер број. Со ова, гарантираниот фонд за 7-ка на Лото 7, наместо 7 000 000 денари, ќе изнесува 10 000 000 денари, а гарантираната премијата за Џокер со 6 погодици ќе се зголеми на 1 000 000 денари. Цената на комбинација за учество во овој вид игра на среќа и понатаму останува најниска во регионот. Фондот за 7-ка во моментов изнесува над 30 000 000 денари.
Од октомври 2019, Државна лотарија овозможи учество во игрите на Среќа Лото 7 и Џокер со онлајн уплата, преку веб-страницата www.loto.mk. За потсетување, досега имаме вкупно 26 (дваесет и шест) постигнати 7-ки, со добитници низ различни градови ширум државата, а рекордната 7-ка е забележана во 2021 година со вредност од 41 163 771 денари. Играта Лото 7 е игра на среќа со најголема добивка во нашата земја, игра со еднакви шанси за сите учесници. Дел од секоја поединечна уплата на влоговите во играта на среќа Лото и дополнителната игра Џокер е наменет за зголемување на Буџетот на Република Северна Македонија, со што играчите директно даваат допринес кон реализацијата на оштественокорисните цели на нашата заедница. Државна лотарија