Придонесот на секој член на #СДСМ мора да се цени, вреднува и почитува, затоа што тој придонес е вграден во сите државотворни одлуки на партијата, во секој значаен национален и историски успех на македонската држава, од независноста до денеска. Влогот во создавање и спроведувањето на политиките на СДСМ, за подобар живот на граѓаните, сигурна и стабилна иднината на државата е влог во подобро утре на сите.
СДСМ е стабилна, со нова внатрешна поставеност по плански региони и силно активна на теренот, со граѓаните, со членовите. Целиот свој потенцијал го ставаме на располагање и во интерес на граѓаните и државата, подготвени, предводени од претседателот Димитар Ковачевски, повторно да зачекориме на победничките патеки.
Клучни поенти од обраќањето на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, на денешниот работен состанок со претседателите на општинските организации на СДСМ.