23.8 C
Скопје
02/05/2024 18:51
МАКТЕЛ

  

     

 

Лаф-муабет со Дарко Панчев: Јасно и гласно кажувам, од дома поубаво нема, државата само да е средена како што треба

      

Почетокот на дваесет и второто издание на Светското првенство во фудбал во Катар, што ќе трае до 18 декември, ќе го одбележиме на еден поинаков начин, својствен за нас. Изборот на соговорникот, учесникот во денешниот, понеделнички разговор или поточно лаф-муабет не е случаен, ни малку. Без оглед на тоа што темата не е врзана со мундијалот (него ќе им го препуштиме на спортските новинари), Дарко Панчев секогаш побудува интерес кај читателите, а најавената авторизирана биографија, чие излегување од печат е предвидено за скоро, беше дополнителна причина да се разговориме и за неа, меѓу другото. Книгата инаку е насловена „Кобрата и ‘бубамарата’ – најверно пријателство“, каде што фановите на врвниот фудбалер – голгетер пар екселанс (потврда за тоа е фактот дека во Првата југословенска лига беше прогласен за прв стрелец дури четири пати, еднаш во дресот на Вардар и три пати во дресот на Црвена ѕвезда, вклучително и „златната копачка“ за најдобар стрелец во Европа и…) ќе бидат поштедени од „глупости“, како на пример афери, скандали…, карактеристични за повеќето (авто)биографии. Фокусот е исклучиво на неговата кариера, и во горенаведените и во клубовите од Сион, Милано, Лајпциг, Дизелдорф – постигнувањата, подемот и секако, на неговата личност. Муабетејќи на разноразни теми, нѐ убеди во луцидната мисла, концизниот исказ…, но и во скромноста, приземноста…, којзнае по кој пат.

   

Во исчекување на промоцијата на Вашата прва авторизирана биографија, во соработка со новинарот Зоран Михајлов, на самиот почеток на разговорот ќе ни кажете ли кој беше главиот иницијатор за да се напише истата? Ме интересира всушност, на кој принцип работевте и колку време беше потребно за да ја финиширате? Патем и насловот е занимлив: „Кобрата и ‘бубамарата’ – најверно пријателство“. Панчев: Идејата за да се реализира еден ваков проект се споменува веќе неколку години, но овој пат издавачката куќа „Арс Ламина“ реши да го реализира истиот. На него работиме нешто повеќе од една година и главни актери во реализацијата на текстовите се Зоран Михајлов, Бисера Бендевска со една нејзина колешка и нормално, потпомогнати од моите раскажувања и сеќевања на детството и кариерата.

 

   

     

Според Вас, кој дел од книгата Ве стави на мисла – дали да го кажете или не, имаше ли автоцензура или не, т.е. не постоеја никакви бариери? Сепак, фудбалот е своевиден шоу-бизнис, мислам и на спортскиот свет генерално, а обичните луѓе се интересираат за него, во смисла на скандали, невообичаени постапки… Или пак биографијата е врзана исклучиво со Вашиот курикулум Панчев: Ова ќе биде една сериозна, поучна и убава автобиографска книга за животот на еден успешен спортист. Секако дека во една ваква книга нема место за такви видови на глупости. Визави насловот, претпоставувам дека ‘бубамарата’ е топката (фудбалот), а прекарот „Кобра“ – како се здобивте со него, во кој период на Вашата кариера поточно, кој Ви го даде? Кобрата е всушност амблем на силата, која е во состојба и да го одземе, но и да го зачува животот. Интересна компарација и секако, вистинита. Панчев: Бубамарата е симпатичен, популарен назив на фудбалската топка од 1980-тите, кој се употребува и ден-денес, а прекарот „Кобра“ ми го даде кондициониот тренер на Црвена ѕвезда – Пеѓа Станојевиќ, кој ми остана до денеска. Дали „најверното пријателство“ одвреме-навреме го обновувате или пак никогаш не беше прекинато? Кога последен пат игравте фудбал, чисто рекреативно, за разонода? Во каква форма сте, кондициски? А, професионално – Ве инволвираат во работата на фудбалските клубови, на пример за консултации, совети.., вклучително и македонската репрезентација?  Панчев: Тоа не е само пријателство, тоа е љубов пред сѐ, која не може ништо да ја прекине. Секако дека играме и по нашите кариери, се дружиме, се забавуваме, но кога почна пандемијата, прекинавме бидејќи собирањето беше забрането и направивме голема пауза. Се надевам дека повторно ќе почнеме.

Драган Томовски, долгогодишниот фудбалски работник во една прилика рече: „Македонија има фантастичен потенцијал и со поставување на систем, организација и инвестирање би можела многу почесто да создава фудбалери како што се Дарко Панчев, Горан Пандев и Елиф Елмас, па и други“. Се согласувате со него? Во 1980-тите на пример, во рамките на Југославија беше полесно, поедноставно отсега? На какви бариери наидуваат денес младите надарени фудбалери кога е нивниот развоен пат во прашање, тука во Македонија? Дали некогаш сте размислувале за некого да земете под свое, што би се рекло? Панчев: Македонија отсекогаш имала и секогаш ќе има фудбалски таленти, но во какви услови и како ќе се развиваат понатаму – тоа е друго прашање. Јас имав среќа да се развивам и фудбалски да растам во една држава и лига која се викаше Југославија каде што критериумите беа строги, а условите за работа беа дури и полоши од денеска. Сигурно дека треба да се променат и подобрат доста работи, но не е сѐ само во условите, тука пред сѐ се работи и за фудбалското знаење на тие што работат со младите категории, а сигурно дека и финансиската поддршка на клубовите мора да биде подобра – со тоа и нашата лига би била појака и би произведувала подобри играчи.

И покрај тоа што Вашата кариера е една од причините за разговорот, за која може да се говори со денови, на читачката публика ќе ѝ оставиме простор за книгата, да не ја прераскажуваме, но моментално – со што се занимавате, што Ви е преокупација? Угостителството сѐ уште е дел од неа Панчев: Јас целиот мој живот се занимавам само со фудбал, без разлика во која форма сум бил активен – погрешно е мислењето кое преовладува кај некои дека се бавам со угостителство. Точно е дека имам свои локали, но јас никогаш не сум се бавел со него – тоа го работеле други луѓе. Мојата улога во угостителството била да уживам со пријателите пиејќи кафе. Познат сте и по скромноста, меѓу другото. Не се фингирате, за разлика од мнозинството. Се чини дека лажното претставување е своевидна тенденција, вклучително и претераната ароганција. Што мислите, дали успесите и во работата и во животот генерално треба самите по себе да говорат за личноста, без потенцирање на истите, вообразеност..? Ме интересира, скромноста Ве чини скапо во услови на изместени морални вредности? Панчев: Сум имал среќа да живеам во периоди од мојот живот кога имало критериуми, и тоа сериозни, во која било сфера од нашето живеење и да живеам сега, во еден период, каде што критериумите повеќе како да ги нема. Од таа причина многу добро знам да проценам што е добро, а што не. Што се однесува до мене, пак, не би сакал да зборувам за себе. Има доста луѓе кои ме познаваат и ми се блиски, а и многу добро знаат каков сум и кој сум. За измислени приказни – „рекла-казала“ – секогаш ќе се најдат луѓе, тоа не можете да го избегнете.

Освен во Белград, живеевте и во Дизелдорф, Лајпциг, Милано, Сион каде што игравте за некои од тамошните клубови. Ќе ни кажете ли каде Ви беше најубаво, кој град, која земја е најблиску до Вашиот карактер, нарав, темперамент, Вашата природа – Германија, Италија, Швајцарија? Милано на пример е центар на случувањата од секаков тип, но таму бевте и мета на папараците. Панчев: Според нашиот менталитет и карактер, би живеел само во два града, тоа се Скопје и Белград. Можев да останам да живеам и во Милано и во Дизелдорф, кои патем се прекрасни градови, но во едно сум сигурен и тоа го знам – каде и да живееш, секогаш си странец. Затоа, јасно и гласно кажувам, од дома поубаво нема, државата само да е средена како што треба. Со фудбалерите секогаш се врзува и т.н. хај-лајф, а следствено и луксузот. Говоревме за Вашата скромност, оттука и прашањето – за Вас што значи тој? Има и преносно, метафорично значење. На пример животот, здравјето, семејството или..?  Панчев: Во последните 20 години премногу се форсираат тие работи, околу случувањата во животите на популарните играчи. Мислам дека дури и се претерува со тоа. Веројатно тоа доаѓа оттаму што во денешно време се вртат огромни суми пари во фудбалот. Во наше време да бидеш фудбалер значеше пред сѐ да бидеш воспитан, културен, среден, избричен затоа што си јавна личност и мораш да бидеш пример во средината. Во денешно време гледаме на што личат фудбалерите – со индијански фризури, истетовирани од глава до петици, повеќе ги има во медиумите заради нивните скандали, изгледи отколку за нивните игри. Живеевме во два различни света.

А хедонизмот? Кога се работи за кулинарството, имате омилена кујна? Чии специјалитети, деликатеси фаворизирате во исхраната? Дали сѐ уште се придржувате кон дисциплината, својствена за спортистите, по навика или веќе не?  Панчев: Кога ќе почнете да заработувате од своите 15 години, а своето богатство ќе го стекнувате постепено и полека, многу добро ќе научите што вреди, а што не. Ќе научите да ги цените работите како што треба и ќе дојдете до тој степен каде што нема да се заморувате дали возите „ферари“ или пак „фиќо“ затоа што и да се паркирате во центарот на градот и да излезете од „фиќото“, луѓето повторно ќе ве препознаат. Значи, тие нема да ве препознаат заради колата или заради оделото на „Армани“ што ќе го носите. Тоа го сфатив одамна и затоа не се заморувам со такви снобовски работи. А инаку точно, во нашите животи како спортисти секогаш постои таа војничка дисциплина бидејќи и животот на еден спортист е војнички. На крајот на 1980-тите ги одбивте понудите на Динамо, Партизан и Хајдук, но не и на Црвена ѕвезда. Драган Џајиќ со што Ве убеди, како? И дали одвреме-навреме комуницирате со него, па и со соиграчите, не само меѓу „црвено-белите“? Панчев: По ФК Вардар, омилен клуб во Југославија ми беше Црвена ѕвезда и тоа беше главната причина зошто го избрав него. Секако дека се слушаме и денеска, и со Џајиќ и со многу други колеги, и разговараме со задоволство.

Додека игравте за Црвена ѕвезда, „делиите“ ги водеше Аркан. Во една прилика рековте дека беше инаков, различен од сите водачи на навивачите. Во која смисла? Панчев: Тој беше водач на навивачите на Црвена ѕвезда во тоа време и нормално дека се среќававме со него и беше во наша близина, но никогаш не оставаше впечаток дека може да биде тоа што многумина мислат. Ние го немавме тоа чувство, немавме таква претстава за него. Од сегашна, оваа дистанца би смениле нешто во кариерата, поради некоја несмислена постапка? Или пребрза одлука. Панчев: Па многу работи во својата кариера не би променил бидејќи сум презадоволен од неа. Единствено што би сменил, од причина што имав можност и бев доста баран играч од многу добри клубови во тоа време – не би отишол во Интер од Милано туку во Реал, Барса, Манчестер итн. Друга работа која би ја сменил, но не во кариерата, туку во животот, би сакал Маја да ја запознаам 10 години порано откога ја запознав.

    

Најново

„САКАВ ДА СЕ ВРАТАМ УШТЕ ВО ДЕКЕМВРИ, АМА НЕ ВИ ЧИНЕШЕ ПОРАДИ ИЗБОРИТЕ“ Палчо му пиша писмо на министерот Лога, а го објави партијата Десна

Sase Ivanovski

Колку трошеле туристите лани во Грција?

Sase Ivanovski

Бирмингем банкротираше, кој е следен британски град?

Sase Ivanovski

АСО: Зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност е неоправдано и без основа

Sase Ivanovski

ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности

Sase Ivanovski

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Sase Ivanovski

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Sase Ivanovski

Македонската амбасада во Тирана за нашите државјани кои ќе летуваат во Албанија објави телефонски броеви за итни случаи

Sase Ivanovski

Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк – шумата Водно

Sase Ivanovski

„Старите рани“ непожелни во изборни кампањи

Sase Ivanovski

Почина таткото на Тоше Проески: Само еднаш се огласи во јавност по смртта на синот!

Sase Ivanovski

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на аеродром

Sase Ivanovski

ЛЕВИЦА ПИКИРА КОН СПИКЕРСКОТО СТОЛЧЕ Апасиев верува дека Левица ќе има 12 пратеника

Sase Ivanovski

ПОЗНАТ Е ИДЕНТИТЕТОТ НА ПОЧИНАТАТА ДЕВОЈКА ВО ШТИП Мајка ѝ уби и запали маж во Кавадарци

Sase Ivanovski

НЕМА ДА УПОТРЕБУВАМ СЕВЕРНА Секако нема да ги тргнам таблите пред институциите, вели Силјановска

Sase Ivanovski

САМ СЕБЕ СЕ УДИРАЛ Пијан кумановец бил агресивен и кон полицајците

Sase Ivanovski

СИЛЈАНОВСКА И ПЕНДАРОВСКИ НЕ СЕ ПРОТИВ ИСТОПОЛОВИ ПАРТНЕРСТВА Имаат резерва дали треба да имаат потомство

Sase Ivanovski

„МИРИСА НА ПРОМЕНИ“ Мицкоски со семејството на 1 Мај во Мокриево

Sase Ivanovski

Спилберг му помага на Бајден во изборната кампања

Sase Ivanovski

Колумбискиот претседател најави прекин на дипломатските односи со Израел

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова на тв дебата со Пендаровски: Логично е опозицијата да се обединува кога има противник каква што е оваа власт!

Sase Ivanovski

Силјановска-Давкова ќе почитува, но нема да употребува Северна, за Пендаровски тоа е невозможно во меѓународните институции 01.05.2024 21:34

Sase Ivanovski

Ѓоковиќ запрен од Агут на мастерсот во Мајами

Sase Ivanovski

Загина 19-годишен возач во Србија, со автомобилот удрил во бетонски крст

Sase Ivanovski

Соопштение

Sase Ivanovski

Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Во коалиција сме со граѓаните за европска Македонија

Sase Ivanovski

157 санкционирани возачи под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

СДСМ: Глас за СДСМ на 8-ми мај е глас за поголеми плати и унапредени работнички права.

Sase Ivanovski

ВМРО: Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт

Sase Ivanovski

34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола

Sase Ivanovski

ВМРО: Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес и нови 8 милиони евра за општината

Sase Ivanovski

ВМРО: Николоски: Соработка со Али Ахмети во било која варијанта, форма и начин нема да има

Sase Ivanovski

Пендаровски: Силјановска-Давкова призна дека имала фри шоп

Sase Ivanovski

ВМРО: Николоски: Четирите про опозициски кандидати за претседател до денес ја немаат поддржано Силјановска Давкова, тоа значи дека или немаат елементарно чувство за државата или свесно или несвесно работат за ДУИ и Али Ахмети

Sase Ivanovski

СДСМ: Со глас за СДСМ на 8 мај ги чуваме темелите на државата, демократските вредности и слободата

Sase Ivanovski

Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

Почина таткото на Тоше Проески: Само еднаш се огласи во јавност по смртта на синот!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ И МЕНДИ ЌИРА СО РАЗЛИЧНИ СТАВОВИ ЗА ПОКАЧУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ НА ПОЛИСИТЕ ЗА АВТО ОДГОВОРНОСТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МЕНДИ ЌИРА ОД КОМОРА НА СЕВЕРОЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА ДЕМАНТИРА ДЕКА ИМА БИЗНИСМЕНИ КОИ СЕ ПРОТИВ ВЛЕЗОТ ВО ЕУ

Sase Ivanovski

Ковачевски: Тој што не може да формира влада, значи изгубил на изборите

Sase Ivanovski

Ердоган: Неонацистичкиот тероризамво Европа достигна ниво што ја загрозува безбедноста на животот и имотот на нашиот народ

Sase Ivanovski

Али Ахмети стана „почесен граѓанин“ на Тирана

Sase Ivanovski

130 санкции за брзо возење

Sase Ivanovski

ДА ГИ НАДМИНЕМЕ ВНАТРЕШНИТЕ РАЗНОГЛАСИЈА И ПОДЕЛБИ Да ги зацврстиме единството и слогата, порача г.г. Стефан во Велигденското послание

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НАД 1 МИЛИОН ГРУЗИЈЦИ ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПРОРУСКАТА ВЛАДА

Sase Ivanovski

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Sase Ivanovski

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Sase Ivanovski

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ 6 МИЛИОНИ ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ – во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

Sase Ivanovski

ВАЖНА ОДЛИКА ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА – Ќе се дели богата дивиденда, еве колку же изнесува по акција

Sase Ivanovski

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

Sase Ivanovski

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Sase Ivanovski

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Sase Ivanovski

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Sase Ivanovski

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Sase Ivanovski

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Sase Ivanovski

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Sase Ivanovski

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Sase Ivanovski

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ – Амар Мециновиќ: Левица нема да биде дел од Влада која ќе прифати уставни измени

Sase Ivanovski

Автобусите обезбедени, за гласачите од дијаспората не се знае

Sase Ivanovski

Зеленски: Украина во НАТО по победата во војната со Русија

Sase Ivanovski

Сијарто: Судирот во Украина мора да заврши за да се спречи „лудилото на нуклеарната војна“

Sase Ivanovski

Блинкен го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош меѓу Израел и Газа

Sase Ivanovski

ВИДЕО: РУСИТЕ ЛАНСИРАА МИСТЕРИОЗНА РАКЕТА Новото оружје создало паника, на небото се појавиле чудни траги

Sase Ivanovski

ВИДЕО Американци и Русин ја лансираа ракетата на Маск кон Меѓународната вселенска станица

Sase Ivanovski

(Видео) Николов: За неполни два месеци во повеќе наврати на Хрватската граница утврдено е присуство на забранет пестицид во земјоделски производи од Македонија

Sase Ivanovski

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО – УЖАСЕН ТРЕНД ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЈА ПОТРЕСЕ ЈАВНОСТА Деца се снимаат додека мачат и убиваат животни

Sase Ivanovski

КОЈ ЧУВА ПАПАГАЛ, НЕКА МУ ЈА МИСЛИ! Смртоносна папагалска треска се шири во Европа

Sase Ivanovski

ВИДЕО Драма во турско училиште: Наставник спаси ученичка со Хајмлихов зафат

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Напад над главната руска база на Крим

Sase Ivanovski

Видео: Пожар во една од најпознатите згради во Копенхаген: Се урна цела кула

Sase Ivanovski

Видео: Пожар во фабрика во Русија, има загинати и повредени

Sase Ivanovski

ФОТО+ВИДЕО: Десетици илјади луѓе се евакуирани поради поплави во Кина – 11 лица се водат како исчезнати

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Силен ветер урна минаре на џамија во Турција

Sase Ivanovski

Лидер на ИСИС убиен во операција во пограничниот регион на Мали

Sase Ivanovski

Во поплавите во Кенија загинале 170 лица

Sase Ivanovski

Oсновачот на крипто берзата Бајненс призна дека перел пари, осуден е на четири месеци затвор

Sase Ivanovski

Над 20 лица исчезнаа во поплавите во Бразил

Sase Ivanovski

Маричиќ: 20 години од големото проширување на ЕУ, ние треба да сме во следното

Sase Ivanovski

Запленети 1,8 тони кокаин во близина на островот Сен Мартин

Sase Ivanovski
Вчитувам....