26.8 C
Скопје
08/05/2024 19:00
МАКТЕЛ

  

     

 

Сретен Миладиноски, директор на Агенција за пошти: Државната пошта работи по застарен метод и со опрема каква што веќе нема никаде

      

   

И покрај секојдневните поплаки на граѓаните за пратките преку државната пошта, бројот на рекламации се намалува, вели директорот на Агенцијата за пошти, Сретен Миладиноски. Тој алармира дека Пошта на Северна Македонија треба да се приспособи на растот на е-трговијата и дека тоа е една шанса за подобрување на нејзините финансиски извештаи. Во однос на огромната администрација во однос на поштарите, Миладиноски вели дека Агенцијата за пошти за тоа предупредувала во своите периодични извештаи за состојбата на поштенскиот пазар во државата, како и во годишните извештаи до Собранието. Тој нагласува дека веќе одамна е вклучен и алармот за генерираните загуби, но дека ниеден проект за реструктурирање не е спроведен, па затоа ниту корисниците не гледаат никакво подобрување кај услугите.

Многу често во јавноста се зборува дека пратките преку Пошта на Северна Македонија многу доцнат или, пак, дека воопшто не стигнуваат. Дали се зголемува бројот на рекламации за поштенски услуги што вие ги добивате?

 

   

     

– Еве, ќе ве информирам за податоците со кои располага Агенцијата за пошти, поврзани со писмените рекламации поднесени од корисниците на поштенски услуги кај давателите на поштенски услуги, и во Агенцијата за пошти. Во својство на корисници на поштенски услуги може да се јават физички и правни лица. Според анализите на Агенцијата, бројот на рекламации кај давателите на поштенски услуги на слободниот пазар има зголемување од 59,7 проценти во првото полугодие од 2023 година во однос на првото полугодие од 2022 година (вкупно 659), додека кај давателот на универзалната услуга односно АД Пошта на Северна Македонија има намалување. Имено, во првото полугодие од 2023 година кај АД Пошта на Северна Македонија, од корисници биле поднесени само 103 рекламации за препорачани пратки, од кои речиси 90 отсто од нив се однесувале за пречекорување на рокот за достава на пратки, а 10 проценти за губење пратки. Вкупниот бројот поднесени рекламации кај давателите на поштенски услуги претставува мал процент, односно 0,004 проценти во однос на вкупно остварениот обем кај давателите на поштенски услуги.

Во Агенцијата за пошти, во 2023 година поднесувањето претставки и приговори е намалено во споредба со претходната година. Од вкупно 16 поднесени претставки во шест од нив корисниците реагирале и за доставата на пратки од страна на националниот давател, по што се преземени активности за проверка на наводите и дадени се насоки и препораки за соодветно постапување. Според нивниот бројот, сметаме дека корисниците во прва инстанција успешно ги решаваат своите проблеми директно со давателите на поштенските услуги, но сепак Агенцијата во континуитет секоја година преку своите кампањи ја информира и ја потсетува јавноста за правните лекови кои им се на располагање на корисниците на поштенски услуги.

Од причина што Агенцијата за пошти е кориснички ориентирана и отворена за соработка со корисниците, на секое пишано или телефонско обраќање од корисник, дури и да е без законски основ, Агенцијата му посветува внимание и дава препораки и информира за чекорите кои треба да се преземат.

Во јавноста сепак има перцепција за поголемо незадоволство од Пошта на Северна Македонија од бројките за рекламации. Како Пошта да биде поефикасна во доменот на услугите?

– Одговорот на прашањето како АД Пошта на Северна Македонија да ги подобри услугите за своите корисници, го знаат најдобро во друштвото, го знаеме и ние како регулатор, но, за жал, на давателот на универзална услуга – националната Пошта, сè повеќе ѝ снемува капацитет да се справи со основните регулаторни барања за тоа секое писмо да стигне на адреса најдоцна за 3 дена.

Факт е и дека Пошта плива во загуби. Според последните расположливи податоци, акумулираната загуба до 31.12.2022 година е 18,7 милиони евра. Како друштвото да стане профитабилно? Има ли тука некаква надлежност Агенцијата за пошти?

– Општо земено за непреземањето корпоративни мерки за подобрување на продуктивноста и профитабилноста во секое едно трговско друштво, одговорноста е само и исклучиво на менаџментот. Алармот со генерираните загуби во континуитет одамна е вклучен и кај сопственикот – Владата, но сепак ниеден проект за реструктурирање не е спроведен, па затоа ниту корисниците не гледаат никакво подобрување кај услугите, напротив сите се навикнаа на неповолната состојба.
АД Пошта на Северна Македонија веќе има големи внатрешни проблеми во поглед на отсуство на модернизација и реорганизацијата на процесите, кои подолго време не успеваат да ги решат ни неколкуте гарнитури на менаџмент, кои за волја на вистината често се менуваат.
Затоа сите регулаторни мерки преземени од Агенцијата за пошти од нејзиното основање во 2008 година до денес, вклучувајќи ги и најекстремните – со прекршочно санкционирање, за жал паѓаат во сенката на она што реално многу повеќе влијае на државната АД Пошта на Северна Македонија, а тоа се неконзистентните државни поштенски политики со одложување на либерализацијата и отсуството на реформи кај националниот оператор, за кои државата вети дека ќе се залага и ќе ги спроведе во последната Стратегија за развој на поштенскиот сектор 2008-2010.

Сведоци сме на голем раст на е-трговијата. Дали Пошта на Северна Македонија се приспособува на тој тренд?

– На трендовите за дигитализација и директната последица од тие трендови врз падот на обемот на традиционалните услуги за писма, како и потребата од приспособување на процесите и диверзификација на услугите на АД Пошта на Северна Македонија, Агенцијата за пошти укажува повеќе години, но без успех. Упорно и без економско оправдување вештачки се одржувa монополот за писмата до 50 грама повеќе од 10 години, што сега се покажа сосем погрешно и не ја подготви АД Пошта на Северна Македонија за конкурентен натпревар.
Имено, сегментот од пазарот на пакети, во Република Северна Македонија се развива исклучиво благодарение на приватните вложувања на новите играчи на пазарот – лиценцираните даватели на поштенски услуги, кои во моментов ги има 34.

Дигитализацијата нема да запре, напротив таа сè повеќе го зазема просторот и ја истиснува потребата од услугата за физичка достава на писма, па во таа насока треба да се прават и идните планови за реструктурирање на АД Пошта на Северна Македонија и искористување на овој тренд во развивање модерни дигитални поштенски услуги.
Вториот важен тренд според кој АД Пошта на Северна Македонија, треба да ја приспособи бизнис-ориентацијата е високата годишна стапка на раст на е-трговијата, која во светски рамки изнесува по 9 проценти годишно во последната декада.

Овој раст на е-трговијата имплицира дека физичката достава на нарачките е неопходност без која продажбата на далечина нема ни смисла. Затоа играчите на поштенскиот пазар вклучително и националниот оператор, доколку инвестираат, оправдано може да очекуваат пораст во услугите што се поврзани и комплементарни на е-трговијата, како услуги за плаќање, логистика и поштенска достава на пакети.

Синдикатот на Пошта на Северна Македонија се пожали на кадровската екипираност. Оттаму посочија дека имаат многу шефови, но малку оперативни работници и поштари.

– Агенцијата за пошти во своите периодични извештаи за состојбата на поштенскиот пазар во државата, како и во годишните извештаи до Собранието на Република Северна Македонија, укажува за големата дискрепанција меѓу бројката на вработени во администрација и бројката на поштенски работници и пошторазнесувачи во АД Пошта.
Поштенскиот кадар, а особено доставувачите и другите директно вклучени во технолошките процеси работат по исклучително застарен метод и со опрема за работа што одамна веќе никаде ја нема, речиси и без употреба на ИТ-технологија, а АД Пошта на Северна Македонија со години не успева да најде начин да ги мотивира вработените, кои масовно ја напуштаат работата.

Европските пошти добиваат субвенции, нашата не

За разлика од многу европски национални пошти што по основ на државна помош секоја година инкасираат огромни суми евра за одржливост на универзалната услуга од буџетите на земјите членки, АД Пошта на Северна Македонија остана без субвенционирање од државата за извршување на овие обврски за универзалната услуга, посочува Миладиноски.

– Нашиот законодавец, државата, дури нема пропишано ни механизам за вакво субвенционирање, поради што работната група што работеше на последните измени на Законот за поштенски услуги, предложи да се пропише таков правен механизам што е во согласност и со Поштенските директиви на ЕУ. И да биде јасно, оваа државна помош и кога ќе се воспостави не е безусловна. Пресметките за загубите на АД Пошта на Северна Македонија, за тоа што мора да ја обезбедува универзалната услуга по униформни цени до секоја адреса во државата, треба да се оправдани, засновани на реални оперативни трошоци и оптимална продуктивност – дециден е директорот на Агенција за пошти.

    

Најново

ХОЛИВУДСКИ „БЛИЗНАЦИ“ Дали знаевте дека некои од најголемите актерски ѕвезди имаат познати двојници?

Sase Ivanovski

Проекција на филмот „Домаќинство за почетници“ во Кино Фросина

Sase Ivanovski

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Sase Ivanovski

Си пред посетата на Србија со критики до НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година

Sase Ivanovski

ГИ ИЗГУБИЈА СЕМЕЈСТВАТА: Нема безбедно засолниште во Рафа за 600.000 деца

Sase Ivanovski

Интервју со Бранко Азески – Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?

Sase Ivanovski

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Sase Ivanovski

Државно претпријатие направи добивка од 100 милиони евра и ја зголеми просечната плата за 100 евра

Sase Ivanovski

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

Sase Ivanovski

СПАСОВ: Евровизија е музички натпревар на земјите од Европа кој обезбедува видливост и можност за секоја земја да се претстави со своите музички достигнувања

Sase Ivanovski

СЕВЕРИНА СЕ СЕКИРАЛА ШТО ЌЕ КАЖЕ КЛАСНИОТ ЗА НЕЈЗИНИОТ ПОРНИЧ Пејачката за нејзиното филмче што го потресе регионот

Sase Ivanovski

ПРОНАЈДЕНО И ТЕЛОТО НА ТРЕТОТО ДЕТЕ КОЕ СЕ УДАВИ ВО РЕКАТА БОЈАНА Полицијата од Скадар трага по трупот на мајката

Sase Ivanovski

АРКАН МЕ АПСЕШЕ ДОДЕКА ЦЕЦА ЛЕЖЕШЕ ГОЛА ВО КРЕВЕТ Шокантно сведоштво на човекот со кого пејачката била во бурна врска и имала три абортуси

Sase Ivanovski

ПАЛЕСТИНСКИТЕ БЕГАЛЦИ ЌЕ СЕ ПРЕСЕЛАТ ВО ГРАДОТ СИСИ? Инвеститор од Египет ветува контроверзен проект

Sase Ivanovski

Гутереш: Не правете грешка, генерален напад на Рафах би бил човечка катастрофа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Sase Ivanovski

Пронајдено е телото на рударот кој беше затрупан под земја во Босна

Sase Ivanovski

ВИДЕО: СПРЕЧЕН АТЕНТАТ ВРЗ ЗЕЛЕНСКИ Главата на украинскиот претседател требало да биде подарок за Путин

Sase Ivanovski

Заокружена серијата мурали во духот на заедницата кои го отворија 19. издание на АКТО фестивалот за современи уметности

Sase Ivanovski

Гутереш: Израелска офанзива врз Рафа би била стратешка грешка, политичка катастрофа и хуманитарен кошмар

Sase Ivanovski

И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел

Sase Ivanovski

Словачка регистрира 1.100 закани за бомби во еден ден, полицијата почна истрага за тероризам

Sase Ivanovski

СВЕТОТ НА НОЗЕ: ОФАНЗИВАТА ВО РАФА МОРА ДА ПРЕСТАНЕ ВЕДНАШ!

Sase Ivanovski

Туск свика состанок со безбедносните служби поради закана за шпионажа

Sase Ivanovski

Руски хакери ги нападнале веб-страниците на косовски институции

Sase Ivanovski

СЦЕНИ КАКО ОД АУШВИЦ: ВО ГАЗА ВО МОМЕНТОВ СЕ СЛУЧУВА ВИСТИНСКА ХУМАНИТАРНА КАТАСТРОФА!

Sase Ivanovski

Рама: Парите што ги одобри ЕУ за Западен Балкан се нов импулс во процесот на проширување

Sase Ivanovski

По изборите, нова можност за Скопје и Софија

Sase Ivanovski

Нова студија: Луѓето кои имаат копии од специфични гени речиси сигурно ќе развијат Алцхајмерова болест

Sase Ivanovski

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Sase Ivanovski

Руската војска доби нова серија борбени возила

Sase Ivanovski

Захарова: Ако Киев нападне со британско оружје, имаме право да ги нападнеме британските објекти

Sase Ivanovski

Ведрана Рудан има рак: „За жал, не можам да ви кажам дали ќе умрам“

Sase Ivanovski

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник во Европскиот парламент

Sase Ivanovski

Белата куќа не може да поддржи израелска офанзива на Рафах без веродостоен хуманитарен план

Sase Ivanovski

Пет работници го загубија животот, а еден е повреден во Палермо

Sase Ivanovski

Валонската екстремна десница во „санитарен коридор“ во белгиските медиуми на француски јазик

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Преземањето на преминот во Рафа е „многу важен чекор“

Sase Ivanovski

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Sase Ivanovski

Приведени крадци во Скопје, одземеното пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците

Sase Ivanovski

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН СКОПСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК И ДИРЕКТОРКА НА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ: КУПИЛЕ МНОГУ СКАПИ МАШИНИ ЗА ПРАЊЕ

Sase Ivanovski

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

Sase Ivanovski

ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА ЗАПАДНИТЕ РАЗУЗНАВАЧИ Русија планира диверзии низ Европа

Sase Ivanovski

Драма во Кина: Напад со нож во болница, има загинати и повредени

Sase Ivanovski

Жена која им послужила отровни печурки на роднините на својот сопруг тврди дека е невина

Sase Ivanovski

Холандската полиција го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам и уапси 125 демонстранти

Sase Ivanovski

Групна тужба против АстраЗенека

Sase Ivanovski

Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел

Sase Ivanovski

Поплави во Бразил без преседан – 78 загинати и 115.000 раселени

Sase Ivanovski

Руски наредник уби командант и пет војници

Sase Ivanovski

ЗАПАДОТ НЀ НАТЕРА Русија почна вежби со нуклеарно оружје

Sase Ivanovski

Кралот Чарлс одбива да го види принцот Хари

Sase Ivanovski

Граѓаните утре можат да пријават повреда на избирачкото право на бесплатна телефонска линија

Sase Ivanovski

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Sase Ivanovski

Англичаните тврдат, Драган Стојковиќ – Пикси е најлошиот селектор на ЕУРО 2024

Sase Ivanovski

Одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција

Sase Ivanovski

Тешко повреден 19-годишник, со автомобил излетал од патот Штип-Плачковица

Sase Ivanovski

Путин до Русите: Заедно ќе победиме

Sase Ivanovski

ЕУ одобри шест милијарди евра за Западен Балкан, но треба да се исполнат одредени услови

Sase Ivanovski

Град Скопје: назначени координатори за спречување на врсничко насилство во училиштата

Sase Ivanovski

Цената на лебот засега останува иста, проблемот е ликвидноста на компаниите и одливот на работната сила

Sase Ivanovski

Обид за кражба на изборен материјал во општина Чаир

Sase Ivanovski

Пронајдено големо количество оружје и муниција кај жител на Мелница

Sase Ivanovski

МВР: Лични документи можат да се подигнат и утре

Sase Ivanovski

1,1 МИЛИОН МАКЕДОНСКИ ТУРИСТИ ПРЕСТОЈУВАЛЕ ВО ГРЦИЈА Македонија и овој пат е меѓу првите 15 држави според бројот на туристи и останува без промени на 11-та позиција

Sase Ivanovski

„НЕ СМЕ ВО ВОЈНА СО ПУТИН“ Франција е меѓу 7 земји кои нема да ја бојкотираат инаугурацијата на рускиот лидер

Sase Ivanovski

ПРЕСВРТ ВО СЛУЧАЈОТ НА АЛМА КОЈА СО ТРИТЕ ДЕЦА СЕ ФРЛИ ВО БОЈАНА Братот на нејзиниот сопруг откри дека се борела со депресија и стрес

Sase Ivanovski

СТРАШНИ СЦЕНИ ОД РАФА: МАСАКРИРАНИ ТЕЛА НА ДЕЦА ОД ИЗРАЕЛСКИТЕ БОМБИ НА СИТЕ СТРАНИ!

Sase Ivanovski

РЕКИ НАРОД БЕГА ОД РАФА КОН ЕГИПЕТ, ДАЛИ ВО ГАЗА СЕ СЛУЧУВА ЕТНИЧКО ЧИСТЕЊЕ НА ПАЛЕСТИНЦИТЕ?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГАЗА Е СРАМНЕТА СО ЗЕМЈА: КАКО ДА ИМА ПАДНАТО АТОМСКА БОМБА ВО МАЛАТА ПАЛЕСТИНСКА ЕНКЛАВА!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДАЛИ НА ГАЗА И СЕ СЛУЧУВА СРЕБРЕНИЦА?!

Sase Ivanovski

Медицинските сестри ќе донираат и подготвуваат оброци за лицата со социјален ризик

Sase Ivanovski

КОГА ЌЕ ТИ СЕ ПОГОДИ ПРОФЕСИЈАТА И ЗАРАБОТУВАШ ТОЛКУ ДОБРО ШТО ИМАШ ВРЕМЕ И ПАРИ ДА СЕ ПЕНТАРИШ СО МЕСЕЦИ ПО КАРПИ ПО СВЕТОТ – Македонскиот кардиолог Сашко Кедев утрото на Велигден се искачи на врвот Макалу, висок 8.485 метри и со ова стана првиот Македонец кој се искачал на овој врв

Sase Ivanovski

Прегазено дете во Велес: Со тешки повреди пренесено во Скопје

Sase Ivanovski

Ништо од примирје – Нетанјаху ја одби понудата на Хамас

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВО МОМЕНТОВ СЕ ВРШИ ВИСТИНСКИ МАСАКАР ВО РАФА КАДЕ СЕ КРИЈАТ 1,7 МИЛИОНИ ПАЛЕСТИНЦИ НА ПРОСТОР ГОЛЕМ КАКО ДЕБАР МААЛО

Sase Ivanovski

„Ако си муслиман, не гласај“ – пуштени летоци во Чаир

Sase Ivanovski

Јулија Навална: На Путин мора да му дојде крајот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЗРАЕЛЦИТЕ СЕ ОДНЕСУВААТ ДИВЈАЧКИ ВО ГАЗА: СО ТЕНК ПРЕГАЗЕН ЗНАКОТ ЈА САКАМ ГАЗА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ВО РАФА

Sase Ivanovski

Путин положи заклетва за петтиот мандат: „Не одбиваме дијалог со Западот”

Sase Ivanovski
Вчитувам....