7.8 C
Скопје
05/12/2022 19:15
МАКТЕЛ

 

Андонов до Мицкоски: Најголем проблем си ти Христијан, и твоето полтронско опкружување

Во колумната Андонов вели:

   

Онаа несреќа од СДС-криминално, заедно со партнерот му ДУИ, постојано не занимаваат со сказни, контроверзни прослави и „страшни“ политичко-судски-обвинителски заплети и драми како на мизантропска сцена за дане ја гледаме главната претстава. И се така до недоглед, а никако да се сетат да прашаат, не пак да покренат постапка за потеклото на имотот на некои лица кои во правосилни пресуди спогодбено покажаа – вратија баснословни суми и отидоа на летување во Струга да „издржуваат“ затворски казни. Но, драги мои јасно ни е како стои работата со оваа власт која во нормални политички услови одамна не ќе беше власт, а не пак секунда повеќе. Секако во нормални услови, а тоа подразбира нели нормална, посветена и подготвена опозиција (читај ВМРО-ДПМНЕ, оној кловн од Левица е голема измама) со стратегија за рушење на владата на Ковачевски, односно предизвикување на предвремени парламентарни избори. За наша жал, ВМРО-ДПМНЕ, односно Мицкоски и неговото полтронско раководство немаат стратегија, а и не би нешто да работат сериозно туку, ај да правиме нешто за да правиме, па и лето е треба да се одмара малку по напорните протести.

  

Токму затоа и таков наслов има оваа колумна. Завршија протестите, односно се издува народецот наш напатен, безидејно и напразно се протестираше цели петнаесет дена. Единствено што се постигна беше уште едно разочарување на граѓаните и издишување на негативната енергија за да му се даде простор на Ковачевски да преживее и секако, се доби анкетата на ИПСОС од почетокот на Јули со која рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ порасна двојно во однос на СДС. Откако сѐ постигна ПР целта, сѐ издиша негативната енергија, сѐ прошетавме на Мечкин камен секој со својата свита и галамџии, во Ташмаруништа на селски собор и во Св.Прохор Пчињски (не знам зошто) да се одмориме кој каде може и за колку може. Да се одмориме до крајот на Август. Потоа? Е потоа…, тоа потоа го најави Мицкоски веднаш откако се врати од заслужениот колку можеше, одмор.

   

И сега ќе се запрашате, во што е проблемот или на кои прашања се фокусира истиот? Од каде да започнам да набројувам. Проблемот е во Мицкоски и неговото неспособно и клиентелистичко раководство, бидејќи немаат јасна стратегија, идеолошка и политичка мисла, аналогно на тоа ниту став. Проблемот е во компромитираноста на Мицкоски поради што е лесен за манипулација, а самиот тој е манипулатор во однос на членството на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните. Проблемот е во немањето храброст кај Мицкоски и Николоски најотворено и конзистентно да стојат на кохерентен став по клучните национални прашања туку имаат еден одговор за пред граѓаните и партиските членови, а друг за пред партнерите и сојузниците и трет најчесто двосмислен пред медиумите. Проблемот е во тоа што Мицкоски се занимава со работата на градоначалниците (за мотивите нема да зборувам, заклучете сами) и отвора паркови, детски игралишта и селски чешми, а не се занимава со стратешки политики.

Проблемот е во тоа што има именувано петнаесетина таканаречени „стратешки соработници“ во разни области, а на никого од нив му нема дадено никакви насоки во врска со стратешката политика на ВМРО-ДПМНЕ, а не пак од истите да бара конкретни резултати или мислења. Проблемот е во тоа што освен желбата за божем доаѓање на власт Мицкоски не сака ниту да дојде на власт. Да сакаше да дојде на власт ќе ја урнеше владата на Заев уште лани во Ноември и немаше на Талат да му го предаде целиот список од 61 пратеник за рушење на владата.

Проблемот е во тоа што на Мицкоски му одговара комотната позиција на божем опозиција. Паријата има приходи, пари, имот, службени коли и обезбедување, приватно си функционира како партијата да му семејно наследство и зошто да менува кога му е добро. Проблемот е во луѓето кои Мицкоски ги доведе на партиски позиции, а се со негативни општествени референци и професионален back ground. Проблемот е во замирањето на партиската инфраструктура која беше развиена и организирана, а денес ја нема на ниво на Местни комитети (за КИМ-ови и не зборуваме). Тоа е резултат на некадарната внатрепартиска политика и способноста на Мицкоски за управување со партиската структура. Согласно тоа запрашајте се како овој лик би управувал со владата и државните институции на Македонија и секако со кој кадар?

Проблемот е во тоа што нашите стратешки партнери не му веруваат на Мицкоски, токму поради видливите политики кои ги спроведува. Проблемот е и во тоа што ВМРО-ДПМНЕ не е дел од ниту еден процес кои се одвива во Македонија, а со тоа не е фактор кој влијае врз политичките случувања во државата. Проблемот е и во тоа што ВМРО-ДПМНЕ како десна национална политичка партија е во формален-неформален сојуз – коалиција со Левица на Апасиев. Потполно неприродно нешто, но и на исклучителна штета на ВМРО-ДПМНЕ. Проблем е и тоа што Мицкоски од партиска каса плаќа разни таканаречени новинари или медиуми, сподоби преку кои низ социјалните мрежи војува со своите внатрепартиски неистомисленици. Едноставно со наши партиски пари си ја плаќа заштитата на сопствената неспособност и опстанок на местото претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Проблем е и референдумот кој никогаш нема да се одржи и самиот Мицкоски ќе гледа да го заборави и да смисли некое добро оправдание зошто не се реализира неговата „грамадна“ политичка идеја. Идеја изнесена во јавноста само и само да се каже нешто, а дали тоа подоцна политички и прагматично ќе претставува товар за ВМРО-ДПМНЕ не е важно. Важно Мицкоски во моментот го помина мостот па за понатаму ќе видиме или ќе заборавиме.

Сепак најголем проблем и прашање на кое треба да се даде одговор во ВМРО-ДПМНЕ е Мицкоски. За него пак и неговото раководство, проблем од кои ќе им зависи политичкото преживување се уставните промени за кои нели кажа дека „цврсто кано клисурине“ стои и гарантира дека нема да се случат. Или не кажа така? Нешто да не е јанлаш или не разбравме добро? Затоа што сега вели дека ќе си заминел од политиката доколку некој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени против кој јавно ја втемели политиката на ВМРО-ДПМНЕ според „да се биде или не“. Мислам дека нема да го биде и многу сум убеден во тоа, затоа сум загрижен за партијата не за него. Туку имам едно прашање до Мицкоски, а во контекст на неговото „заминување“ од политиката: „Кога тоа ти Мицкоски си бил воопшто во политиката“? Не може да се замине од таму од каде што никогаш не си бил, односно не си и ништо не си разбирал за што говорат резултатите кои ги постигна последниве пет години.

За да бидат работите појасни, околу можното сценарио кое го смислил Мицкоски за да преживее политички барем уште малку, треба да ни биде јасно дека покрај разно-разните негови „соработници“ кои го продаваат на политичкиот пазар за да самите тие останат во живот, и самиот тој од лукративни побуди се нуди на продажба но кај СДС. Сигурно дека ова му одговара на СДС, бидејќи доколку Мицкоски остане на чело на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски има загарантиран успех на изборите 2024 година.

Од тука сценариото кое веројатно ќе ни го приреди и веќе му е испробан метод ќе биде да по гласањето на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за уставните промени Мицкоски формално поднесе оставка до Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Потоа ќе го примени веќе познатиот модел членовите на ЦК „во негово отсуство“, со најмалку две третини да не ја прифатат неговата оставка. Нели без него живот ни нема (или им нема, така некако ќе да е), па ете така мора да остане да ја води партијата до избори 2024 година и покрај клетите предавници од редовите на партијата, поради кои Мицкоски и во 2024-та ќе изгуби. На истата седница ќе ги исклучат од партија тие пратеници и тука ќе заврши претставата. И волкот сит и овците на број според математиката на Мицкоски, односно и тој морално испран преку оставката и неговите полтрони мирно ќе чекаат да му паднат мудата на овенот 2024 година.

За партијата и членството, ма кому му е грижа, и така за година и половина и малку повеќе до избори ќе се заборави оваа епизода. Затоа Мицкоски вели дека ќе си замине од политиката во која никогаш и не бил. Не вели мајчиниот дека ќе си замине од местото претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Всушност тоа е она „потоа“ по протестите и одморите што го смислил, а претставува супститут за „идејата“ со референдумот. Многу неинвентивно, токму за дводимензионално гледање на работите од негова гледна точка. Сега сите треба да се фатат на ова и да се занимаваат додека ја гледаат ролјата која Мицкоски ја игра во театарската претстава на веројатно пред последниот чин на драмата која се одвива во ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука, во контекст на проблемите на кои треба да се одговори како на прашања за опстанок на партијата. Најголем проблем си ти Христијан, и твоето полтронско опкружување, а тој проблем го рефлектираш врз сите нас и врз Македонија. Има решение и истото е едноставно: „Мицкоски дај си оставка од функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ уште денес, немој да ни го губиш времето и да не замајуваш божем си во политиката“. Ти си само не статутарно избран претседател на ВМРО-ДПМНЕ и од тоа место треба уште завчера да бидеш заминат.

             

Најново

Дисциплински мерки за четворица затворски полицијаци од Штип

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Путин возеше автомобил на мост на кој имаше експлозија

Sase Ivanovski

Безбедносни тензии во Tирана пред утрешниот Eвропски самит  

Sase Ivanovski

УБИЛ ЕДНО И ТЕШКО РАНИЛ ДРУГО ДЕВОЈЧЕ Маж во Германија ги застрелал додека оделе на училиште

Sase Ivanovski

Истекување гас причина за илјадници мртви фоки во Каспиското Езеро?

Sase Ivanovski

Роналдо ќе стане најплатен спортист во светот, познат е неговиот следен клуб

Sase Ivanovski

Шведска го исполнува ветувањето-Турција ја поздрави екстрадицијата на член на ПКК

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Рамов: Реализиравме 80 проценти од програмата за капитални комунални проекти во 2022 година

Sase Ivanovski

ЕУ ПЕРСПЕКТИВАТА Е НЕДОВОЛНО ОПИПЛИВА Вака Димитров го оцени европскиот пат на Западен Балкан

Sase Ivanovski

РАСТЕ ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО Ковачевски вели дека снабдувањето со електрична енергија е сигурно и стабилно

Sase Ivanovski

МОМЧЕ СО АУТИЗАМ ЌЕ ПЕЕ НА ДЕТСКИОТ ФЕСТИВАЛ „ТРА ЛА ЛА“ Ние не сме аут, само знаеме понекогаш во себе да се скриеме

Sase Ivanovski

ИМАТЕ МНОГУ РАБОТА Холштајн смета дека патот кон ЕУ зависи од успешното справување со корупцијата

Sase Ivanovski

АВСТРИЈА ВО СЕРИОЗНА „ВОЈНА“ СО БЕСНИТЕ ВОЗАЧИ Полицијата ќе може покрај возачката ќе им го одземе и автомобилот

Sase Ivanovski

Свлечиште затрупа автобус во Колумбија, има и загинати

Sase Ivanovski

Димитров оцени дека доаѓа тешка година

Sase Ivanovski

Спасовски- Граѓаните им дадоа мандат да го управуваат градот а не да се караат и да го блокираат

Sase Ivanovski

Тешко е да се обезбедат сите докази за дојавите за бомби, вели Спасовски

Sase Ivanovski

Зимава ќе има рецесија во Европа

Sase Ivanovski

Различни серии на вакцините на Фајзер немаат различен состав

Sase Ivanovski

Филмот „Умреа ненадејно“ не докажува дека вакцините против ковид предизвикуваат ненадејна смрт

Sase Ivanovski

Потребно е зголемување на признанијата за женските спортови и за успесите на жените во спортот

Sase Ivanovski

Контраспин: Инсистирањето дека Ковачевски „признал“ тајна коалиција со Арсовска е класичен спин

Sase Ivanovski

„Блек фрајдеј“ нема никаква врска со ропството и црнците во Африка

Sase Ivanovski

ВО САД ИМА 2 МИЛИОНА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА, ЈА НАМАЛИЛЕ ПОТРОШУВАЧКАТА НА НАФТА ВО САД ЗА САМО 1%

Sase Ivanovski

АКО САКАШ ДА ГРАДИШ Држава (Голда Меир) – Да се изедначи корупцијата со предавство, а корумпираните со предавници, до седмо колено

Sase Ivanovski

НА АМЕРИКАНЦИТЕ ВЕЌЕ НЕ ИМ СЕ РАБОТИ-ПРОДУКТИВНОСТА ПАДНА НА РЕКОРДНО НИСКО НИВО

Sase Ivanovski

Бесими на билатерален скрининг со ЕУ – Редовниот дијалог со ЕК придонес за насочување на капацитетите кон најприоритетните реформи

Sase Ivanovski

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Sase Ivanovski

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална

Sase Ivanovski

ИНДИСКАТА ЕМИГРАЦИЈА ПРАТИ РЕКОРДНИ 100 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ДОМА ВО ИНДИЈА,РЕКОРД МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ ВО СВЕТОТ

Sase Ivanovski

УКРАИНЦИТЕ УНИШТИЈА ДВА ВОЕНИ АЕРОДРОМИ БЛИЗУ МОСКВА ОД КАДЕ СО МЕСЕЦИ ПОЛЕТУВААТ ТЕШКИ БОМБАРДЕРИ КОИ ЈА ПРАВАТ ПЕПЕЛ УКРАИНА

Sase Ivanovski

ЕКСКЛУЗИВНО: ДАЛИ Е ОВА НОВАТА ХАЦИЕНДА НА МИЦКОСКИ НА ВОДНО?!

Sase Ivanovski

ЌЕ ГО БЛОКИРАМЕ СКОПЈЕ ДОДЕКА АРСОВСКА НЕ НИ ПЛАТИ, РЕЧЕ ЛЕНИН ЈОВАНОВСКИ ОД „СЛОБОДА ПРЕВОЗ“

Sase Ivanovski

Како е можно членство во ЕУ според Маричиќ?

Sase Ivanovski

Новата претседателка на Судскиот совет: Не сум била член на СДСМ – Сите ние сме симпатизери на политички партии

Sase Ivanovski

Поради најавено уништување на свињи – жителите излегоа на протест и го блокираа патот

Sase Ivanovski

Холандија и Австрија ако продолжат да не блокираат во Шенген

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАКО ДА НАПРАВИТЕ ПЛАН ЗА ЗАШТЕДА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА?

Sase Ivanovski

ЕВЕ КОЈ НАЈМНОГУ ПРОДАВА ОРУЖЈЕ ВО СВЕТОТ – една држава држи 51 отсто од вкупната продажба

Sase Ivanovski

„Ако сум се самоубил, тоа не е реално“: Илон Маск порачува и предупредува

Sase Ivanovski

Киев бесен на Макрон, бара гаранции за Москва, на светот му треба зашита од Русија

Sase Ivanovski

Саудискиот претолонаследник ќе искешира 500 милиони долари во „Credit Suisse“

Sase Ivanovski

ОТКРИЕН ГОЛЕМ РУСКИ ГРАБЕЖ?! Украина оштетена за неколку милијарди долари, НАСА ги има докази

Sase Ivanovski

Царинска управа: Доделено одобрение за ОЕО на најголемиот производител на сувомеснати производи „Пекабеско“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Сите значајни позиции од кои зависи функционирањето на ЈСП вклучително и генералниот директор се пополнети од луѓе на Ковачевски, тие ја прават набавката за нафта од 27 милиони евра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Панова: Избраната претседателката на Судскиот совет Дамевска е партиски активист и поранешен член на партиска комисија на СДС

Sase Ivanovski

Приведен крадец во Штип, одземеното вратено на сопственикот

Sase Ivanovski

Бектеши и директорот на ЕСМ Ковачевски: Ги превземаме сите мерки да нема зголемување на цената на струјата за домаќинствата следната година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДО 800 КИЛОМЕТРИ НА ЕДНО ПОЛНЕЊЕ, ПОИСПЛАТЛИВО ОД ДИЗЕЛ Тесла го претстави својот Семи Трак камион

Sase Ivanovski

ЊУЈОРК ВО БИТОЛА Битолчани се дружеа со винарите во бруклински амбиент

Sase Ivanovski

„БОЖЈО ЧУДО Е ШТО НЕ БРОИМЕ ЖРТВИ“ Инцидент на стадионот во Аеродром – летале камења, заиграле ножеви

Sase Ivanovski

СТОКМЕНИ 30,8 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ГРЕЕЊЕ ДО 1. ФЕВРУАРИ За декември е обезбеден природен гас за сите топлани, вели директорот на ЕСМ

Sase Ivanovski

Спасовски за протестот на приватните превозници: Граѓаните да не бидат заложници!

Sase Ivanovski

Љубица Исмаил за пензионирањето на лекарите: Ова е политичко безумие, колеж на интелектуалци

Sase Ivanovski

По спектакуларниот концерт, ДНК се заблагодари за поддршката

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Изјава за медиуми на СДСМ, Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мавровски: Директорот на битолскиот затвор Крајовски да си поднесе оставка, затворот е во катастрофална состојба

Sase Ivanovski

СДСМ: Советниците и членовите на УО во ЈСП од ВМРО-ДПМНЕ нека му одговорат на Стоилковски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Реализацијата на проектот „Здрава ужинка за секој ученик“

Sase Ivanovski

Ковачевски: Не трпам директори што не плаќале струја.најчесто тоа е неодговорно и раскалашено

Sase Ivanovski

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ го заглави Скопје, како што 11 години ја заглавуваа Македонија

Sase Ivanovski

НЕ ЗАПИРАЈТЕ СО УЧЕЊЕ: Онлајн можете да совладате вештини кои се чекор кон подобро утре

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛСКАТА НЕКСТФЕРМ ЈА ИЗБРА БИТОЛА: Во Македонија ќе се произведува вегански протеин

Sase Ivanovski

Трансформаторот за РЕК Битола заглави, ЕСМ го испраќа комерцијалниот директор во Турција

Sase Ivanovski

БЛОКИРАНИ КРСТОСНИЦИ ВО БЕРЛИН И ВО МИНХЕН Климатските активисти останаа залепени на најпрометните патишта

Sase Ivanovski

УСТАВНИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ ЗА РАБОТНАТА НЕДЕЛА Сепак, разговорите со Владата треба да продолжат, смета Стопанската комора

Sase Ivanovski

СЕ ЗАКАНИЛЕ ОД АМЕРИКА Спасовски вели дека е тешко да се обезбедат докази за дојавите за бомби

Sase Ivanovski

СИТЕ ПОЛНОЛЕТНИ ДО 30 ГОДИНИ ДА БИДАТ ОБУЧЕНИ Србија размислува за целосно враќање на задолжителниот воен рок

Sase Ivanovski

РУСКОВСКА СО ЗАКАНИ ИЗВЛЕКЛА ЗДРАВСТВЕНИ ПОДАТОЦИ ЗА ОБВИНЕТ? Што содржи кривичната пријава против јавната обвинителка?

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Во посета на Ристо Донев, лице со церебрална парализа и со импресивен ум, носител на титулата интернационален мајстор во дописен шах

Sase Ivanovski

ПЛУСИНФО: КОГА ВОЗОВИТЕ ЌЕ СТИВНАТ! Железница ќе остане без струја и без линии, можна е приватизација

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СКАНДАЛ ВО ШТИП: СЕКРЕТАРОТ ВО ОПШТИНАТА, ДЕСНА РАКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈОРДАНОВ, ГРАДИ ДИВОГРАДБА НА ВРВ НА ЗГРАДА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Презентиран предлог Буџетот за земјоделство за 2023, историски најголем буџет со фокус на стабилно и зголемено производство на храна

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Тоа што Скопје е блокирано е заради тендерите на Ковачевски и Арсовска, наместо попуст за ЈСП има провизии за луѓе околу тајната коалиција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЖАРЕ „ПУКА КОЗМЕТИКА“ ГОВОРИ ЗА ТЕПАЧКАТА ВО ХЕЛИУМ! – ПОСКАПУВАЊЕТО НА ЏОИНТОТ ЈА РАСИПА МЛАДИНАТА

Sase Ivanovski

Петровска – Ларсон Џеин: Со Шведска во НАТО, евроатлантската област ќе биде посигурна и побезбедна

Sase Ivanovski

Герасимовски: Со здравата и правилна исхрана ги поттикнуваме здравите навики кај децата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спасовски: Одличната соработка и партнерството продолжуваат, вредна германска донација за квалитативно зголемување на капацитетите на граничната полиција

Sase Ivanovski

Ковачевски и Николовски во ОУ „Ј.Х. Песталоци“ по повод реализацијата на проектот „Здрава ужинка за секој ученик“

Sase Ivanovski

Царината ги дигитализира тренинзите – виртуелна реалност во обуките на цариниците

Sase Ivanovski

Leave a Comment