Османи истакна дека како министер има улога да не дозволи случаи кои што се во надлежност на други институции, да добијат карактер на влошени меѓудржавни односи со Бугарија.
-Емоциите се асиметрични кај секој од нас и се субјективни. Јас сум министер одговорен за иднината на државата и граѓаните, а тоа не се решава со емоции, туку со рационална и паметна политика која гледа долгорочно напред, кажа Османи во емисијата „Студио 10“.Министерот откри за што разговарал со Пендиков во болницата во Софија.-Ми кажа дека се чувствува исплашен како ќе се врати во Скопје бидејќи постојано добивал закани по социјалните мрежи. Тој е наш државјанин. Државата мора да создаде атмосфера на нула толеранција за говор на омраза бидејќи тоа ќе нема крај, рече Османи.