Падот на потрошувачката и слабеењето на светските економии летово, ја забавија германската економија. Бруто домашниот производ во третиот квартал паднал за 0,1 отсто во однос на минатата година, соопштиле од Сојузниот завод за статистика, пренесува „Дпа“.Високата инфлација сѐ уште ги оптоварува купувачите кои за своите пари можат да купат малку и поради тоа многу ја намалиле потрошувачката. Годишната инфлација минатиот месец била 3,8 отсто, претходно во септември била 4,5% и во август 6,1%, а животните намирници значително поскапиле во октомври.
Во третиот квартал исто така бил забележан пад на извозот од 0,8 %. За падот придонеле и зголемените камати кои ја намалуваат побарувачката, меѓудругото и во градежниот сектор. Од друга страна, податоците покажале дека економијата добила поттик од инвестиции во автомобилската и машинската индустрија.Централната банка на Германија, очекува домашната економија тегобно да се извлече од слабиот период во кој е откако Русија ја започна војната во Украина, а во четвртиот квартал БДП би можел повторно да е во благ пад.Економистите и владата сметаат дека најголемата европска економија ќе биде во рецесија, а во 2024 година ќе почне да бележи пораст.
Извор: Дпа