16.8 C
Скопје
06/05/2024 11:22
МАКТЕЛ

  

     

 

Животот и лудата логика на војната

      

Мојата генерација беше родена само неколку години по најголемата катастрофа на дваесеттиот век, Втората светска војна. Често моите врсници денeс повторуваат дека ние бевме среќни, затоа што растевме во време на долг мир, барем во Европа. Кога стигнавме на возраст на младинци, сознавме дека ниту светот што го сметавме за симбол за апсолутната модерност во уметноста и за стремежот за слобода и демократија во политиката, очигледно не може да постои без војни.
Не само „Студената војна” помеѓу капиталистичкиот Запад и комунистичкиот Исток владееше во заднината на овие два глобални стремежи, туку многу рано по Втората светска војна пак се беше разбудило чудовиштето на војната. Иако тоа во животот на обичните луѓе во Европа, во нашиот случај во поранешна Југославија, не беше директно забележливо.
Ние, југословенските деца, 1955-тата немавме поим дека некаде во Виетнам започнала војна која ќе трае две децении. Како што ние и вмешаноста на САД во војната во Виетнам од безбедната европска дистанца ја доживувавме само како сценографија за мирољубивото „хипи-движење”. Дури многу подоцна, со филмовите на Копола за пеколот во Виетнам, почнавме да сознаваме дека додека нашиот слоган беше оној на Битлсите, „All You neеd is Love“, многу млади Американци се враќаа трајно трауматизирани од војната во Виетнам.

   

Човекот очигледно не може поинаку да го живее спокојот на своето секојдневие, без да заборави дека на другата страна на земјината топка секој ден умираат луѓе.
Особено ние, генерациите пораснати во Југославија, ја знаевме војната само како „теорија“ од часовите по ОНО, а таа теорија на „општонародната одбрана“ ја применувавме еднаш во годината во пракса. И „вежбавме војна“. Секако, таа „војна“ беше повеќе комична, отколку трагична. Додека трае мирот, не помислуваме дека тој е многу кревок пред постојаното враќање на војните. Никој не верува дека тоа може да се случи токму во неговиот свет. Војната, како и сите други неволји, веруваме дека им се случува секогаш на другите, но не и нам.

 

Животот и лудата логика на војната
Можеби затоа постјугословенските војни најмногу ги изненадија оние Југословени кои растеа со уверувањето „All You need is Love“. Тоа во југословенски контекст гласеше: „братството и единството” на југословенските народи е најцврстиот темел на мирот. Меѓутоа, брзо излезе дека не било така. Уште го паметам мигот кога за време на погребот на Тито во Белград 1980-та завиваа гласно сирените, а потоа настапи еден долг молк. Како сѐ да беше замрено. Подоцна ми стана јасно дека Југославија почна да умира во тој миг. Тие што беа замрени во молкот, всушност, стравуваа од тоа што може да настапи „после Тито”. Тој молк не беше само тага, туку и длабок страв од неизвесноста на иднината. И, сепак, секоја војна по распадот на Југославија и јас самата ја доживував како да се одигруваше на другата страна на планетата.

   

     

Животот ѝ противречи на лудата логика на војната токму со тоа што нема сетило за нејзиното зло. Секаде каде што уште се одвива животот во вообичаениот ред, војната не постои. Само тоа сознание им дава и денес сила на сите луѓе во Украина, во Газа, во Израел да преживеат. Ден-за-ден, во бункерите и подрумите, во бегалските прифатилишта. Злото е „паразит”, кој црпи сила за постоење преправајќи се дека е доброто, објаснуваат богословите. Војната е секогаш зло. Таа е секогаш паразит врз мирот. Во таа смисла, сите војни се апсурдни и престануваат тогаш кога тие кои гинат на фронтот, сознаваат дека таа е зло и дека го убива и животот во нив самите, а не само животите на тие на другата страна на фронтит. Секако, пропагандитстите на војната до последниот миг ги уверуваат своите армии дека таа имала смисла и дека била нешто херојско.

Кога секое пролетно утро со восхит гледаме како сѐ околу нас зазеленува, ние ретко во истиот миг се потсетуваме дека во Европа, во Украина во тоа утро веројатно некој е убиен од ракетите што го погодиле неговиот дом. Всушност, нашата хуманистичка совест би требало постојано да ни предочува дека војните траат долго затоа што сите по некое време ги прифаќаме како „нормалност”. Како нешто што не зависи од нас, како неминовност на злото. Со тоа забораваме дека токму таа индиферентност на останатото човештво кон војните и диктатурите го храни злото во светот. Да, хипи-пораките на нашата младост во седумдесеттите денес се чинат наивни и утопистички. Но, зошто не би било поголема вистина „All You need is Love“ од цинизмот на диктаторите на кои војните им требаат затоа што тие го мразат доброто и животот?

„Вежбање“ војна
Кога 1973-та Ерих Фром ја објави легендарната студија „Анатомија на човечката деструктивност“, земјите во Европската заедница веруваа дека војните еден ден ќе бидат победени од „педагогијата на мирот“. Затоа што беа сознале дека милитантниот дух, најнапред, се пренесува преку образованието. Доколку во овој контекст критички се промисли југословенското искуство, тогаш можеби децениското „вежбање“ војна со општонародна одбрана имаше гротескна страна само за нас, студентите што мораа да го полагаат испитот по ОНО. Постјугословенските војни нѐ терааат да помислиме дека и кога само теоретски се „вежба“ војна, нејзиниот призрак постојано демне врз мирот. Многу од Југословените кои некогаш само „вежбаа“ војна, неколку години подоцна ја доживеаја во реалноста.

Владимир Глигоров во 1994-та во извонредната студија, „Зошто се распаѓаат земјите – случајот Југославија“, напиша дека еден од факторите за распадот беше „приоритетот кој југословенските народи ѝ го придаваа на етничката правда, ставајќи ја над индивидуалните слободи и права“. Всушност, воената пропаганда ги уверува припадниците на еден народ дека доколку живеат во своја национална држава, во која, во најдобриот случај, сите ќе припаѓаат на истиот народ, тие дури тогаш ќе ги остварат и своите индивидуални слободи и права. Само затоа тие забораваат дека индивидуалните слободи и права веќе ги поседувале, но ги жртвувале за тесно етничката реализација.

Злото е безлично
На истиот начин, руските војници ѝ поверуваа на воената пропаганда дека Украинците не се нивни браќа, како што беа во советското време, туку нивните непријатели. Колку пропагандата на војната го разобличува самиот мит на војната како манипулација, говори фактот дека иако модерна Русија живее со сите достигнувања на западната цивилизација, пропагаторите на војната, сепак, успеваат да ја уверат својата армија дека „Западот“ е зло. Индивидуалните права и слободи на младите војници се „жртвуваат“ за култот на народот, на „Света Русија“, на „почвата и на крвта“. Така тие кои, всушност, се жртвувани како војници, не сознаваат дека земјата во која сме родени не е повеќе света од животот на секој еден што живее во неа. Затоа сите ние не сознаваме дека во сите војни животите му се жртвувани на култот на смртта и на деструкцијата.
Ерих Фром ги толкуваше карактерите на диктаторите Хитлер, Химлер и Сталин како „некрофилни“, како личности кои се поклонуваат на култот на смртта, а не на животот. Денес ретко кој се навраќа на Фромовото дело, иако многу од сознанијата не се однесуваат само на минатите војни, туку и на војните воопшто. Впрочем, сите војни се исти, стравотни и бесмислени. Како што и новите диктатори ни се причинуваат како да се „копии“ на старите. Тоа е затоа што злото е безлично, а само доброто има лик и достоинство.
Кица Колбе (dw)

    

Најново

Можеме ли да слушнеме што мислат другите

Sase Ivanovski

Украинските сили собориле 23 руски дронови за една ноќ

Sase Ivanovski

Ковачевски од Струмица: СДСМ секогаш е рамо до рамо со граѓаните и во мирни услови и во тешки времиња

Sase Ivanovski

Владата на Црна Гора планира да поднесе два амандмани на Резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

„Дојче Веле“: На Германија и требаат имигранти, недостига висококвалификуван кадар

Sase Ivanovski

Трамп го обвини Бајден дека раководел со „администрацијата на Гестапо“

Sase Ivanovski

Малолетничка побегнала од дома, таткото се сомнева дека е кај момчето

Sase Ivanovski

Унгарија: Протест на опозицијата против Орбан

Sase Ivanovski

Хамас ја презеде одговорноста за нападот на преминот меѓу Израел и Газа

Sase Ivanovski

Убиена е жена во Хрватска, уапсен е член на семејството

Sase Ivanovski

Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард

Sase Ivanovski

Битиќи: Да избереме за Македонија која ќе напредува кон единството во различностите

Sase Ivanovski

Маричиќ на Денот на македонскиот јазик: Идентитетот ни е потврден и признаен како автентичен меѓу европските идентитети

Sase Ivanovski

Ковачевски: Имаме задача да не се откажеме од европскиот сон за подобра и просперитетна држава за идните генерации

Sase Ivanovski

Пендаровски од Ресен: Размислувајте за иднината на државата во целина  

Sase Ivanovski

Град Скопје продолжува со реализација на проекти за темелно подобрување на водоснабдувањето на граѓаните

Sase Ivanovski

Мицкоски: Верувам дека во среда ќе имаме убедлива двојна победа, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија се блиску до 61 пратеник

Sase Ivanovski

Глас ЗА СДСМ на 8 мај е глас за слобода, демократија и европска држава

Sase Ivanovski

Ковачевски: Гласот за СДСМ е глас за европска иднина и подобри услови тука, дома

Sase Ivanovski

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

Sase Ivanovski

Честитка за Велигден од претседателот на СРМ Митрески: „Да ги отвориме нашите срца за безусловна љубов, сочувство и заедништво“

Sase Ivanovski

Ковачевски: Ако има десничарска партија на власт, ќе се соочиме со крај на нашата европска перспектива

Sase Ivanovski

Тренчевска: Ја зголемивме социјалната помош за 330%, ги зголемивме пензиите за 53%

Sase Ivanovski

Митева: И Македонците и Албанците и сите останати исто го чувствуваат лошиот живот и животен стандард, како идна влада имаме за цел да ја направиме Македонија функционална држава

Sase Ivanovski

Ковачевски: Поддршката за домашните компании продолжува, СДСМ нема да се откаже од подобра и европска иднина за државата

Sase Ivanovski

Ковачевски: Повикуваме на општа мобилизација на сите напредни граѓани на 8 мај, мора да одиме напред, немири, внатрешни поделби и конфликти не се опција

Sase Ivanovski

Павле Арсоски, Потпретседател на ЗНАМ и носител на листата во ИЕ3: ЗНАМ ќе го врати достоинството на униформата со целосна професионализиција и департизација на секторот безбедност и со решавање на статусот на професионалните војници

Sase Ivanovski

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба мора да престане веднаш!

Sase Ivanovski

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

Sase Ivanovski

Тренчевска: Од 2017та година до денес најниската исплатена пензија ја покачивме  за 5.309 денари

Sase Ivanovski

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Не се откажуваат до последно, повторен обид на МЗ да протурка реновирање на операциски сали и фаворизира одредени фирми

Sase Ivanovski

Димитриеска Кочоска: СДС го уништија животниот стандард, никогаш не се живеело полошо од сега, затоа СДС ќе изгуби катастрофално

Sase Ivanovski

Битиќи за Слободен печат: Политичките партии кои немаат понуда за граѓаните се враќаат на национализмот

Sase Ivanovski

Ковачевски: СДСМ е обединета и силна партија, секогаш на браникот на татковината

Sase Ivanovski

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

Sase Ivanovski

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ ветува градба, промени, реформи, во општина Петровец ќе инвестира 5 милиони евра, ќе се заврши новата детска градинка

Sase Ivanovski

Николоски: Во четврта изборна единица ВМРО-ДПМНЕ предвидува инфраструктурно поврзување, поддршка на земјоделието и воспоставување на ред во државата

Sase Ivanovski

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Sase Ivanovski

Битиќи: Со Планот за раст ние им ја приближуваме европската иднина на граѓаните, а опозицијата им ја одзема

Sase Ivanovski

Битиќи од Шуто Оризари: Заокружете го бројот 1, тој ќе не обедини во европската идеја

Sase Ivanovski

Ковачевски: Во среда, масовно гласајте ЗА европска иднина, ЗА држава во која ќе сакаат да останат вашите деца!

Sase Ivanovski

Димитриевски од Куманово упати порака до „загржените“: Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став

Sase Ivanovski

Проданоски: Експресниот пат Градско-Прилеп ни од далеку не е готов, да ставиме крај на лагите на СДСМ на 8 мај

Sase Ivanovski

Митрески од Кичево: Нема откажување од иднината, гласањето за број 1 е вистинскиот избор на претседателските и на парламентарните избори

Sase Ivanovski

Филипче: Почитта кон работниците ја преточивме во повисоки плати и подобри услови за работа

Sase Ivanovski

Мицкоски: Начинот на кој ДУИ и СДСМ сакаат да ја добијат поддршката од граѓаните не е преку програма туку со притисоци и закани

Sase Ivanovski

Филипче: Разговарав со илјадници луѓе, влегов во стотици домови, прошетав по многу маала и пазари, граѓаните сакаат промени во нашите политики, во нашето однесување кон нив

Sase Ivanovski

Ковачевски: Гласањето на 8 мај почнува од нула – ве повикувам заедно да изградиме европска иднина

Sase Ivanovski

Филипче: На верниците им посакувам денеска да се препуштат на духовниот мир во пресрет на најсветлиот празник Велигден

Sase Ivanovski

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Sase Ivanovski

Филипче на средби со жителите на Ивањевци, Обршани, Могила, Кукуречани и Новаци: Им ветив дека секогаш ќе останам достапен и редовно ќе се среќаваме и во иднина

Sase Ivanovski

Руски беспилотни летала повредија 6 лица во украинските региони Харков и Днепар

Sase Ivanovski

Израел ги информираше САД за планот за евакуација на палестинските цивили пред потенцијалната операција во Рафах

Sase Ivanovski

Силјановска не признава два победника на изборите

Sase Ivanovski

Петровска тајно помагала во подигнување на спомен плоча на бранител

Sase Ivanovski

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

Sase Ivanovski

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

Sase Ivanovski

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

Sase Ivanovski

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

Sase Ivanovski

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

Sase Ivanovski

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

Sase Ivanovski

ЈА ИЗВЕСТИВ МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА Мицкоски вели дека ДУИ во првиот круг полнела гласачки кутии

Sase Ivanovski

ТИНЕЈЏЕР ВЛЕЧЕЛ И ГРЕБЕЛ ПОЛИЦАЈЦИ Не им дозволувал да приведат побегнат затвореник

Sase Ivanovski

ИЛОН МАСК Е ТРЕТ Бернар Арно е најбогат во светот

Sase Ivanovski

ЌЕ ГИ ЗАБРАНИМЕ БРЗИТЕ КРЕДИТИ Апасиев предлага и поголем данок за богатите

Sase Ivanovski

Светска програма за храна на ОН: Луѓето во северниот дел на Појасот Газа се соочени со „целосно гладување“

Sase Ivanovski

Владина делегација присуствуваше на свечената Велигденска литургија во соборниот храм Св. „Климент Охридски”

Sase Ivanovski

Грковска: Посакувам мудрост во сѐ што зборуваме и сѐ што правиме за доброто на сите

Sase Ivanovski

Двапати неделно ќе има летови од Скопје до Рига со Ер Балтик

Sase Ivanovski

„Јазикот е наша татковина“: Најубавите стихови напишани на македонски јазик

Sase Ivanovski

Нема напредок во разговорите меѓу Хамас и Израел со посредниците во Каиро

Sase Ivanovski

Турскиот министер Фидан повика на глобално муслиманско единство за поддршка на Палестинците

Sase Ivanovski

Израелската Влада одлучи да ги затвори претставништвата на Ал Џезира во Израел

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пожар во казино во Охрид

Sase Ivanovski

Сарачини: Излези и гласај, биди вистински сопственик на својата држава

Sase Ivanovski

Над 30 претставници на украинските медиуми остануваат во руско заробеништво

Sase Ivanovski

Украинско МНР: Распишаната потерница за Зеленски е доказ за очајот на рускиот државен врв и пропаганда

Sase Ivanovski

Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам

Sase Ivanovski

Семејствата на заложниците го повикуваат Нетанјаху да обезбеди договор за примирје

Sase Ivanovski

Северна Македонија доби пофалби за напорите во заштитата на жртвите на семејно насилство

Sase Ivanovski
Вчитувам....