Против него и уште други три другарчиња МВР поднела кривична за злоупотреба на службена должност. Екипата го оштетиле охридски комуналец во корист на Нефи. На ден 13.03.2024 година СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицата С.Н.(38), С.М( 56) И.О (51) и Т.Р (48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ чл.353 од КЗ ” и “Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство” чл.275-в од КЗ.
Имено С.Н. во својство на вд. директор на ЈП “Охридски Комуналец” – Охрид и С.М, И.О и Т.Р во својство на членови на комисијата за јавни набавки со злоупотреба и пречекорување на дадените службени овластувања иако знаеле дека ценат на единствената понуда за набавка на работна машина – булдужер е повеќекратно ( до 5 пати) повисока од пазарната вредност на истата, на ден 17.01.2024 година склучиле Договор за набавка со правното лице “НЕФИ ИК” ДООЕЛ Охрид со што го оштетиле буџетот на ЈП “Охридски Комуналец” – Охрид за сума од 3.304.000,00 денари.