Сите проектили се соборени во регионот на Киев, а остатоците од соборената руска ракета погодиле неколку станбени згради, индустриски објекти и градинка.
Службите за итни случаи се на терен во различни делови на главниот град и гаснат неколку пожари, додаде Кличко.Украинските воздухопловни сили во порака на Телеграм објавија дека системите за противвоздушна одбрана собориле 31 руска ракета насочена кон Киев рано на 21 март.Непријателот го нападна (Киев) со две балистички ракети Искандер-М, како и со 29 крстаречки ракети Кх-101“, се наведува во пораката.