Оди па разбери ги десничарите во земјава. Сечат вени за илинденското востание, ги пејат песните и паролите СЛОБОДА ИЛИ СМРТ, вејат знамиња, јаваат на коњи со денови до Крушево, а во исто време се потсмеваат со битката на Укрианците и навиваат за Путин и Пригожин?!!?
Значи овде се гордеат и ги слават борците за слобода кои се бореле против моќната Турција, а се кикотат и навиваат Русите да ги прегазат и уништат Украинците па дури и има повици за Украина да биде срамнета со земја со нуклеарки?! Каде е овде логиката? Или логика и десничари не одат заедно во иста реченица?!
Како е различно она што го правеле илинденците или подоцна партизаните со она што сега го прават Украинците? И едните и другите и третите си ја бранеле родната грутка, или сепак работите се помешуваат со 5Г антени, ХАРП антени, кемтреилс, рамна земја, педери, транџи, ковид пандемии, биолошки лабаратории, нацисти кои Путин ќе ги уништувал со бомби врз стамбени згради убивајќи деца и жени и старци?!?!
Чудна е човечката психа, може човек да се направи зомби и во исто време да се бори за две различни опонентни стојалишта што е рамно на шизофренија… Медиумите социјалните мрежи пропагандистите инфо војната е моќна алатка денеска каде луѓе може да се претворат во зомбија кои се како опиени и навиени да тераат и бранат политики кои се скарани со здравиот разум…