🖋️По повод 115 годишнината од Конгресот во Битола и Денот на албанската азбука и јазик, генаралниот директор, м-р Бујаре Абази ја промовираше поштенската марка посветена на Севасти и Парашќеви Ќириази.
📌Промовирајќи ја марката, Абази потсети на ликот и делото на сестрите Севасти и Парашќеви и рече:„ Севасти ја основа првата женска школа во Корча и учесник е на Битолскиот конгрес во 1908 година, на кој, претседавала со Советот за кодификација на албанскиот јазик, а Парашќеви е автор на учебник за основно описменување во основните училишта, со што, станала првата албанка што напишала учебник.“
Автор на поштенската марка на која е претставен ликот на Севасти и Парашќеви Ќириази е Лоран Куфало, испечатена е во тираж од 6000 примероци, а номоналната вредност е 36 ден.