Приведено лице барано по централна потерница за доиздржување на затворска казна
Денеска (27.09.2022) по претходно преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Полициската станица Виница во с.Крушево, виничко, лишен е од слобода А.Е.(41) од Кавадарци.
Тој бил баран врз основа на централна потерница за доиздржување на затворска казна за сторени три кривични дела „тешка кражба“, казниви по член 236 и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа Идризово за доиздржување на казната.
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (27.09.2022) во СВР Охрид приведен е Г.В.(36) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен по добиена судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа кеса марихуана и саксија со засадени растенија канабис сатива. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен криумчар на мигранти
Денеска(27.09.2022) околу 15.45 часот во близина на с.Речица, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ж.(24) од Република Србија затоа што со возило “сааб” превезувал седум лица мигранти од Сирија. Претходно, тој со возилото не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и се дал во бегство, но бил стигнат, по што со мигрантите излегле од возилото и се обиделе да побегнат, но биле фатени и приведени во полициска станица.
Мигрантите ќе бидат спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот против М.Ж. ќе биде поднесена соодветна пријава.