Приведена кумановка поради кражба, одземеното вратено на сопственикот
На 16.10.2022 година во 16.55 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.З.(24) од Куманово. Таа се сомничи дека малку пред тоа извршила кражба во приватен имот на улицата „Стево Филиповиќ“.
Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен штипјанец по распишана централна потерница
Денеска (17.10.2022) во 11.55 часот во населбата Ќерамидница, од полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје бил лишен од слобода Е.А.(19) од Штип.
За него била распишана централна потерница по наредба од Затвор Струмица, каде издржувал казна затвор за сторено кривично дело по чл.242 од Кривичниот законик, а дополнително за него се води постапка во Основен Суд Штип поради сомнение за сторени други кривични дела по чл.236), Е.А. ќе биде предаден на надлежната казнено-поправна установа.