Откако американската амбасадорка Анџела Агелер објави дека во земјава пристигнал тим за санкции од Вашингтон за поагресивен поглед на поранешни и актуелни корумпирани актери, со првична реакција се јави опозициската Алијанса за Албанците (АА) која очекува на „црната листа“ на САД да се најдат и актуелни политичари како и инволвираните во аферата „Маѓар Телеком.„Очекуваме на списокот да се додадат и други корумпирани актери коишто се сè уште политички активни и недопирливи за правдата во државата бидејќи токму тие ги контролираат судиите и обвинителите. За почеток, новата листа логично треба да ги содржи имињата на политичарите инволвираните во случајот ‘Маѓар Телеком’ против кои Комисијата на американската берза донесе полноправно кривично решение“,
велат од АА.