Апасиев се пофали дека имале 25 канцеларии ширум земјава. Тоа е огромна мрежа и голем трошок за толку мала партија која е на работничката класа без олигарси зад себе ако се знае дека една канцеларија со кирија, струја, вода, интернет, парно, кафе, сокче чини околу 500 евра месечно, затоа што овие канцеларии не може да ги ставиш некаде на врв на зграда во некое станче или пак да ги збуташ некаде на периферија на град туку мора да се во центар на град на прометна улица долу на приземје во дуќан кои држат добра цена особено во големите градови а нивните клубови се баш во најголемите градови, од каде им 25 по 500 евра тоа се 15 000 евра месечно?!?!
Тоа се многу пари и за една СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, дали се ова пари од буџетот или пак од некои тајни рубља фондови ако се знае дека партијата е против преспански, НАТО, ЕУ, бугарски, против Косово, против рамковен договор па дури отворено навиваат за Путин во Украина?!?! Некој ќе каже абе тоа се донации, но од каде донации кога партијата е со членство кои се стечајци, селани, студенти, они немаат вода во очите од каде ќе дадат дуќани и 15 000 евра месечно?!?! Нели бараат од владата да им даде студентски оброк да се прехранат?!