Но зошто нема рабат од 6 денари, кој го имаше дури и во времето на Шилегов?
Вистински одговор Богоев ќе добие од Ковачевски и Арсовска кои се во тајна коалиција за тендери и матни зделки.Договорот од 27 милиони евра го потпиша Александар Стојковски, директор на ЈСП, кадар на СДС. Добитник е семејна фирма на пратеник од власта.Договорот за набавка на гориво за ЈСП е еден од стожерите на коалицијата Ковачевски – Арсовска.Таа коалиција функционира инво ЈП Водовод и канализација кој има ненаплатени побарувања од 2 милиони евра од Клинички центар, а Арсовска не ги побарува парите.Ковачевски и Арсовска се договараат за се, само не и за решавање на проблемите на Скопје. Коалицијата Ковачевски – Арсовска Скопје го користи како апарат за тендери и испумпување на пари. Тоа е главната причина и за повлекувањето на поддршката на Арсовска од страна на ВМРО-ДПМНЕ.