Пред два дена на Годишно собрание на ЗНМ, Младен Чадиковски беше реизбран за претседател на Здружението, а беа избрани и членови на Управниот и Надзорниот одбор, како и членови на Советот на честа. Премиерот Димитар Ковачевски ја почна денешната прес-конференција во владата со честитка до новираните за изборот на претседател и раководство на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).