23.8 C
Скопје
02/05/2024 19:49
МАКТЕЛ

  

     

 

Ковачевски – Бун: Француската Република е со Северна Македонија и во следните етапи за остварување на европската цел

      

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, се сретна со државна секретарка за Европа на Француската Република, Лоранс Бун, по што е одржана и заедничка прес-конференција. На прес-конференцијата, како и на средбата е испратена пораката дека денешната посета на државната секретарка за Европа Лоранс Бун, е за да се покаже доследност во пријателството помеѓу Француската Република и Северна Македонија, по европскиот договор, со што се отворени европските перспективи за нашата држава и да се манифестира јасна поддршка за европските перспективи на нашата држава. Премиерот Ковачевски се заблагодари за големото и искрено пријателство помеѓу Северна Македонија и Француската Република, значајно за демократскиот и европскиот развој на нашата држава.

 

   

Премиерот Ковачевски на прес-конференцијата оцени дека „Француското претседателство во ЕУ беше клучно на нашиот европски пат“ и дека Република Северна Македонија продолжува да работи на остварувањето на оваа државна стратешка цел. Во продолжение Ви го пренесуваме во целост обраќањето на премиерот Ковачевски на прес-конференцијата:

 

„Драго ми е што денес, со г-ѓа Бун, разговаравме за нашата европска иднина, за отпочнатите преговори, отпочнатиот скрининг, за напредокот, за потпишаниот Договор со ФРОНТЕКС, за конкретни реформи, а не зборуваме дека сето ова треба да се случи во иднина.  Разликата е огромна и видлива. На 19 јули ги отпочнавме преговорите со ЕУ ја одржавме првата меѓувладина конференција. На 15 септември започна скрининг процесот. На 26 октомври го потпишавме договорот за ФРОНТЕКС кој е прв документ на кој имаме ставено потпис заедно со сите останати 27 земји членки на ЕУ, на македонски јазик, без никакви додавки, ѕвездички и фусноти.

   

     

Ова се три датуми кои остануваат врежани во македонската историја како денови кога ние добивме целосна потврда за нашите заложби за европска иднина и кога добивме потврда дека македонскиот јазик е заштитен и е на исто рамниште со останатите јазици на Европската Унија.  Започнато е ново поглавје во нашиот европски пат, на кој треба да се случат и понатамошните реформи и трансформацијата на општеството со што ќе ја оствариме нашата стратешка цел – а тоа е полноправното членство во ЕУ.

Оваа Влада, донесе многу тешки одлуки, но со тоа покажа визија, лидерство и храброст. Отворањето на преговорите реално значи можност за подобра, побогата иднина, подобар животен стандард за граѓаните, можност, идните генерации да живеат во земја членка на ЕУ, но тоа наместо да биде во некоја друга земја, да биде тука, дома, во Северна Македонија.  Процесот на преговори беше мачен и тежок, знаете и самите, но фактот дека ние од тој процес излеговме како земја која успеала да се избори за своите позиции и да остане доследна на она кое го има зацртано, она на кое нѐ обврзаа граѓаните преку Собранието, ме прави навистина горд.

Успеавме да се избориме за заштита на македонскиот јазик, на македонскиот идентитет, се изборивме за историските прашања да разговараат експерти, а не политичари и успеавме да ги одблокираме сите процеси кои нѐ кочеа толку долго време. Успеавме конечно да започнеме со реалната трансформација на општеството преку скрининг процесот, на кој сме навистина посветени да го завршиме во рокот кој го зададовме на почетокот. Македонскиот тим е подготвен, има експертиза, знаење, и ќе го заврши скринингот во планираниот период од 14 месеци.

И ние и ЕУ ги исполнуваме нашите ветувања. Останува следниот чекор, уставните измени, кои ќе се најдат пред македонското Собрание и нашите 120 пратеници. Знам дека нивната одлука нема да е лесна, но очекувам дека ќе покажат државничко однесување и ќе овозможат земјата да се движи забрзано по европскиот пат. Секако дека тие имаат избор да остават да биде се така како што било и да ја остават земјата во стагнација и неизвесност, но верувам, уверен сум, дека тие ќе бидат на ниво на задачата и ќе донесат одлука со која ќе се овозможи подобра иднина, за идните генерации, за нас, за нашите деца.

Пратениците се сепак и пред сѐ претставници на граѓаните, а граѓаните сакаат да живеат во земја членка на ЕУ. Сакаат да сме полноправна членка. Но не затоа само заради членството само по себе, туку заради подобар животен стандард, заради подобро владеење на правото, подобра инфраструктура, подобри услуги за граѓаните, заради економски напредок, социјална правда, и владеење на демократија. Заради подобар живот по европски стандарди. Затоа што сакаат децата да им останат дома и тука да си ја градат иднината.

Полноправното членство во ЕУ е нашата цел и ние немаме друга алтернатива. Патот до ЕУ нема да е лесен, но мора да се изоди. Затоа што на крајот на тој пат е големата награда, полноправното членство во ЕУ. Нашите граѓани, идните генерации ќе живеат во ЕУ, горди што се Македонци, со крената глава, со македонски јазик, со македонски идентитет, но она што е најважно, побогати и со подобар стандард од тоа што го имаат сега.

За тоа се доказ сите земји членки кои пред многу години биле во нашата ситуација, а кои по членството во ЕУ доживеале сериозен раст и развој и денес нивните граѓани ја имаат шансата да живеат во земји со подобар стандард, да се побогати, да ги остваруваат сопствените потенцијали целосно, да живеат европски и слободно. Дали ќе бидеме и ние таму, сега зависи само и единствено од нас. Овие подадени раце на поддршка од нашите пријатели, оваа шанса која ја имаме, не смееме да ја пропуштиме.

Европската Унија во овој процес се покажа како партнер од доверба и ги исполни и своите ветувања. Ние последно, добивме поддршка во форма на грант од 80 милиони евра кои Северна Македонија ќе ги искористи за справување со економско енергетската криза. Оваа поддршка доаѓа затоа што ЕУ препозна дека ние сме одговорна влада која одговорно менаџира со буџетот. Токму со тој пристап ние изминатиов период можевме ги вратиме парите на граѓаните кога е тоа најмногу потребно и да обезбедиме два пакети антикризните мерки заштита на најранливите граѓани и за заштита на компаниите во вредност од над 760 милиони евра.

Токму затоа можевме да обезбедиме и ликвидност на компаниите со што ги заштитивме работните места, а и континуирано да обезбедуваме 80% субвенционирана струја како и евтина струја за да има непречено функционирање на виталните функции на државата. Со последните мерки за обезбедување евтина струја за прехранбената индустрија, очекуваме и да се намалат цените на лебот, млекото, брашното и другите основни прехранбени продукти за најмалку 10% и да го заштитиме стандардот на граѓаните.

Токму со такво одговорно однесување, изминатиов период обезбедивме и зголемување на минималната плата на 18.000 денари, зголемување на пензиите, на платите во образование, во полиција, во здравството, да обезбедиме континуирано зголемување на просечната плата. Со истиот овој одговорен пристап но и со визија за иднината ние пристапуваме и кон енергетската трансформација која ни е толку многу потребна особено во ова време на недостаток на енергенси.

ЕУ и тука ја нуди својата поддршка и ќе е партнер од доверба, обезбедувајќи можност за развој на проекти во енергетскиот сектор. Јас често зборувам за големите стратешки енергетски проекти, кои што во моментов се преговараат во Владата со стратешки партнери од странство и еден од најголемите од нив доаѓа токму од Франција, АКУО кој е заинтересиран за изградба на голема фотоволтаична централа од 400МВ во регионот на Штип.

Со правилна поддршка и правилно менаџирање, јас сум уверен дека можеме да ја трансформираме нашата прекрасна татковина во хаб на зелената енергија и да обезбедиме и енергетска независност, но и да го снабдуваме регионот со струја од обновливи избори. Ова е иднината, и не е недостижна. Ние веќе ги преземаме првите чекори и уверен сум дека ќе ја оствариме нашата визија и ќе обезбедиме вложување во индустриите на иднината кои ќе ни донесат повеќе работни места, подобро платени работни места, ќе ни донесат подобра заедничка иднина.

Ви благодарам и уште еднаш упатувам благодарност и до Франција и француското претседателство со ЕУ во текот на оваа година и до државниот секретар, г-ѓа Бун“. Државната секретарка за Европа на Француската Република, Бун, на прес-конференцијата, како и на билатералната средба, порача дека Република Северна Македонија заслужува да биде дел од Европската Унија.

„Работевме заедно за европските перспективи затоа што тоа го заслужувате. Сакаме да останеме со вас и во следните етапи, за постигнување на оваа цел“, рече државната секретарка за Европа, Бун, на прес-конференцијата. Таа оцени дека Република Северна Македонија е столб на стабилноста во регионот. Исто така го нагласи значењето на договорот со ФРОНКЕТС, потпишан и на македонски јазик, за што на средбата е констатирано дека е силно признание од страна на ЕУ.

На средбата е исто така констатирано дека Франција секогаш била присутна во клучните историски моменти во нашата држава, дека е воспоставена соработка во рамки на одбраната со којшто ќе се зголемат капацитетите на одбраната на нашата држава, дека односите меѓу двете држави се продлабочени на историско ниво и со лично заложување на претседателот Макрон и дека Француската Република е определена за продлабочување на односите со Република Северна Македонија и на политички и на економски план.

    

Најново

ЦАРЕВИ НА ДЕНОТ: СИ СЛАВАТ ПРВИ МАЈ НА КЕЈOT ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

(ДОКУМЕНТ) Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер бара од компаниите да гласаат за него наведувајќи го бројот на гласачкото ливче

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ ДО СИЉАНОВСКА: ЗНАМ ДЕКА ВИЕ НИШТО НЕ ЗНАЕТЕ И НЕ СЕ ОД ОВДЕ, АМА КАЖЕТЕ И НА ЈАВНОСТА ЗОШТО Е МИЦКОВСКИ СЛИКАН СО НАРКО БОСОВИ?!

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е да организира разговор со „празно столче“ во договор со јавниот сервис чии генерален директор со месеци е ангажиран во партиска кампања на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

„САКАВ ДА СЕ ВРАТАМ УШТЕ ВО ДЕКЕМВРИ, АМА НЕ ВИ ЧИНЕШЕ ПОРАДИ ИЗБОРИТЕ“ Палчо му пиша писмо на министерот Лога, а го објави партијата Десна

Sase Ivanovski

Колку трошеле туристите лани во Грција?

Sase Ivanovski

Бирмингем банкротираше, кој е следен британски град?

Sase Ivanovski

АСО: Зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност е неоправдано и без основа

Sase Ivanovski

ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности

Sase Ivanovski

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Sase Ivanovski

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Sase Ivanovski

Македонската амбасада во Тирана за нашите државјани кои ќе летуваат во Албанија објави телефонски броеви за итни случаи

Sase Ivanovski

Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк – шумата Водно

Sase Ivanovski

„Старите рани“ непожелни во изборни кампањи

Sase Ivanovski

Почина таткото на Тоше Проески: Само еднаш се огласи во јавност по смртта на синот!

Sase Ivanovski

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на аеродром

Sase Ivanovski

ЛЕВИЦА ПИКИРА КОН СПИКЕРСКОТО СТОЛЧЕ Апасиев верува дека Левица ќе има 12 пратеника

Sase Ivanovski

ПОЗНАТ Е ИДЕНТИТЕТОТ НА ПОЧИНАТАТА ДЕВОЈКА ВО ШТИП Мајка ѝ уби и запали маж во Кавадарци

Sase Ivanovski

НЕМА ДА УПОТРЕБУВАМ СЕВЕРНА Секако нема да ги тргнам таблите пред институциите, вели Силјановска

Sase Ivanovski

САМ СЕБЕ СЕ УДИРАЛ Пијан кумановец бил агресивен и кон полицајците

Sase Ivanovski

СИЛЈАНОВСКА И ПЕНДАРОВСКИ НЕ СЕ ПРОТИВ ИСТОПОЛОВИ ПАРТНЕРСТВА Имаат резерва дали треба да имаат потомство

Sase Ivanovski

„МИРИСА НА ПРОМЕНИ“ Мицкоски со семејството на 1 Мај во Мокриево

Sase Ivanovski

Спилберг му помага на Бајден во изборната кампања

Sase Ivanovski

Колумбискиот претседател најави прекин на дипломатските односи со Израел

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова на тв дебата со Пендаровски: Логично е опозицијата да се обединува кога има противник каква што е оваа власт!

Sase Ivanovski

Силјановска-Давкова ќе почитува, но нема да употребува Северна, за Пендаровски тоа е невозможно во меѓународните институции

Sase Ivanovski

Ѓоковиќ запрен од Агут на мастерсот во Мајами

Sase Ivanovski

Загина 19-годишен возач во Србија, со автомобилот удрил во бетонски крст

Sase Ivanovski

Соопштение

Sase Ivanovski

Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Во коалиција сме со граѓаните за европска Македонија

Sase Ivanovski

157 санкционирани возачи под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

СДСМ: Глас за СДСМ на 8-ми мај е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

Sase Ivanovski

ВМРО: Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт

Sase Ivanovski

34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола

Sase Ivanovski

ВМРО: Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес и нови 8 милиони евра за општината

Sase Ivanovski

ВМРО: Николоски: Соработка со Али Ахмети во било која варијанта, форма и начин нема да има

Sase Ivanovski

Пендаровски: Силјановска-Давкова призна дека имала фри шоп

Sase Ivanovski

ВМРО: Николоски: Четирите про опозициски кандидати за претседател до денес ја немаат поддржано Силјановска Давкова, тоа значи дека или немаат елементарно чувство за државата или свесно или несвесно работат за ДУИ и Али Ахмети

Sase Ivanovski

СДСМ: Со глас за СДСМ на 8 мај ги чуваме темелите на државата, демократските вредности и слободата

Sase Ivanovski

Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

Почина таткото на Тоше Проески: Само еднаш се огласи во јавност по смртта на синот!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ И МЕНДИ ЌИРА СО РАЗЛИЧНИ СТАВОВИ ЗА ПОКАЧУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ НА ПОЛИСИТЕ ЗА АВТО ОДГОВОРНОСТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МЕНДИ ЌИРА ОД КОМОРА НА СЕВЕРОЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА ДЕМАНТИРА ДЕКА ИМА БИЗНИСМЕНИ КОИ СЕ ПРОТИВ ВЛЕЗОТ ВО ЕУ

Sase Ivanovski

Ковачевски: Тој што не може да формира влада, значи изгубил на изборите

Sase Ivanovski

Ердоган: Неонацистичкиот тероризамво Европа достигна ниво што ја загрозува безбедноста на животот и имотот на нашиот народ

Sase Ivanovski

Али Ахмети стана „почесен граѓанин“ на Тирана

Sase Ivanovski

130 санкции за брзо возење

Sase Ivanovski

ДА ГИ НАДМИНЕМЕ ВНАТРЕШНИТЕ РАЗНОГЛАСИЈА И ПОДЕЛБИ Да ги зацврстиме единството и слогата, порача г.г. Стефан во Велигденското послание

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НАД 1 МИЛИОН ГРУЗИЈЦИ ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПРОРУСКАТА ВЛАДА

Sase Ivanovski

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Sase Ivanovski

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Sase Ivanovski

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ 6 МИЛИОНИ ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ – во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

Sase Ivanovski

ВАЖНА ОДЛИКА ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА – Ќе се дели богата дивиденда, еве колку же изнесува по акција

Sase Ivanovski

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

Sase Ivanovski

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Sase Ivanovski

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Sase Ivanovski

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Sase Ivanovski

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Sase Ivanovski

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Sase Ivanovski

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Sase Ivanovski

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Sase Ivanovski

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ – Амар Мециновиќ: Левица нема да биде дел од Влада која ќе прифати уставни измени

Sase Ivanovski

Автобусите обезбедени, за гласачите од дијаспората не се знае

Sase Ivanovski

Зеленски: Украина во НАТО по победата во војната со Русија

Sase Ivanovski

Сијарто: Судирот во Украина мора да заврши за да се спречи „лудилото на нуклеарната војна“

Sase Ivanovski

Блинкен го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош меѓу Израел и Газа

Sase Ivanovski

ВИДЕО: РУСИТЕ ЛАНСИРАА МИСТЕРИОЗНА РАКЕТА Новото оружје создало паника, на небото се појавиле чудни траги

Sase Ivanovski

ВИДЕО Американци и Русин ја лансираа ракетата на Маск кон Меѓународната вселенска станица

Sase Ivanovski

(Видео) Николов: За неполни два месеци во повеќе наврати на Хрватската граница утврдено е присуство на забранет пестицид во земјоделски производи од Македонија

Sase Ivanovski

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО – УЖАСЕН ТРЕНД ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЈА ПОТРЕСЕ ЈАВНОСТА Деца се снимаат додека мачат и убиваат животни

Sase Ivanovski

КОЈ ЧУВА ПАПАГАЛ, НЕКА МУ ЈА МИСЛИ! Смртоносна папагалска треска се шири во Европа

Sase Ivanovski

ВИДЕО Драма во турско училиште: Наставник спаси ученичка со Хајмлихов зафат

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Напад над главната руска база на Крим

Sase Ivanovski

Видео: Пожар во една од најпознатите згради во Копенхаген: Се урна цела кула

Sase Ivanovski

Видео: Пожар во фабрика во Русија, има загинати и повредени

Sase Ivanovski

ФОТО+ВИДЕО: Десетици илјади луѓе се евакуирани поради поплави во Кина – 11 лица се водат како исчезнати

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Силен ветер урна минаре на џамија во Турција

Sase Ivanovski

Лидер на ИСИС убиен во операција во пограничниот регион на Мали

Sase Ivanovski

Во поплавите во Кенија загинале 170 лица

Sase Ivanovski
Вчитувам....