Компаниите кои оствариле вишок профит за време на енергетската криза ќе плаќаат данок на солидарност. Текстот на предлогот на закон за данок на солидарност беше усвоен на денешната владина седница.
„Придонесот за солидарност, според посоченото од Министерството за финансии, треба да дејствува како редистрибутивна мерка за да се осигура дека предметните компании, кои што оствариле вишок профит поради неочекувани околности, пропорционално придонесуваат за ублажување на енергетската криза на внатрешниот пазар“, се наведува во соопштението од владата.