Видео снимките со „Фокус“ ги сподели еден од организаторите, Борче Крстевски. Тој најавува нови протести и маршеви кои ќе се организираат во Битола, но и во Скопје.-
-Бараме правда за Јана, за правична разрешница на целиот случај. Стоиме позади секој збор даден во изјавите на семејство Христовски и за вистината сме решени да одиме до крај. Довербата во институциите ни е разнишана, а во здравството потребни се реформи веднаш, одговорност, па и оставки – вели Крстевски.