Конференцијата започна со воведни излагања на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, специјалниот претставник на германската влада за Западен Балкан Мануел Сарацин, претставникот од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО) Блажен Малески и директорот на Фридрих Еберт Фондацијата (ФЕС) во Северна Македонија Рене Шлее.
Претседателот Пендаровски потенцираше дека повторното актуелизирање на Берлинскиот процес со нова програма за работа е одлична вест и дека во Берлинскиот процес учествуваат сите шест држави од западниот Балкан со што се постигнува вистинска инклузија и се избегнува можноста некој да биде маргинализиран или изолиран од процесот.„Берлинскиот процес е заедничка иницијатива на држави членки на Европската Унија и државите од западниот Балкан што е многу значајно во поглед на одговорноста за неговото функционирање бидејќи врз неговата активност постои мониторинг од аспект на примената на европските стандарди и правила. И конечно, но најважно, Берлинскиот процес не е замена за полноправното членство во Европската Унија, туку, систем за поддршка и забрзување на интеграцијата, што е стратешка цел на сите шест држави од западниот Балкан. Сите овие специфики на процесот, треба да бидат доволен мотив за Европската Унија, но, пред се, за нас од регионот, да се вложиме целосно во иницијативата и да ја искористиме како ефикасен инструмент на нашиот пат кон полноправно членство во Унијата.“
Специјалниот претставник Сарацин истакна дека Западниот Балкан има иднина во Европската Унија и треба да се направи се што е во наша моќ за да се задржи овој процес, регионот да биде поблиску до ЕУ со нивна поддршка.„Во последните месеци господинот Пендаровски и сите во владата се виде дека нашиот канцелар и претседател се посветени на овој дел, и Северна Македонија и Македонците, идентитет, вашата култура е еден од нашите клучни приоритети. Ако ја имате европската перспектива на Западен Балкан тогаш секако дека премиерот Шолц повторно го покрена Берлинскиот процес. Ситуацијата кога изгледаше дека можеби не е толку лесно како што мислевме, идејата е да се иницира регионална соработка со цел да се има одлични резултати и да се користи како скала кон една покредибилна европска иднина. Оваа година ние тоа го испорачавме, беа потпишани договори за мобилност и тие дадоа основата за функционален регионален маркет“, додаде Сарацин.Претставникот од РИКО Малески рече дека оваа организација во изминатите години покажа дека како резултат на Берлинскиот процес можат да се направат значителни исчекори кон младинската соработка помеѓу земјите од Западниот Балкан.„Свесни дека довербата во државните институции е на исклучително ниско ниво, потребно е и инвестирање во квалитетно политичко и граѓанско образование за младите и следните генерации да разберат зашто се важни демократијата и институциите, но и како да учествуваат во политичките процеси. Трансформациите кои се нужни и потребни во однос на задржување на планетата земја мора да бидат креирани заедно со младите на масата.
Но, и да ги предвидат социо-економскиот предизвици поврзани со зелената трансформација врз младите. Оттаму е исклучително важна праведноста да има клучна улога во зелената трансформацијата на нашите општества и држави“, посочи Малески.Директорот на Фридрих Еберт Фондацијата (ФЕС) во Северна Македонија Рене Шлее изјави дека како фондација навистина им е мило што германската влада е обединета во поддршката што ја дава кон берлинскиот процес и има цел да го заживее и е многу гласна кога станува збор за проширување на ЕУ.Кога станува збор за фондацијата Фридрих Еберт секогаш станува збор како треба да изгледа напредна агенда за проширување. И оние што ги гледат нашите настани, безбедноста не е политичката агенда за којашто се залага ФЕС. Најчесто, нашата политика е Европската Унија во самото име не го заслужува своето име како унија ако не ги исполнува своите ветувања и ако државите од Западен Балкан и останатите држави од југоисточна Европа не се вклучат целосно. Тоа е унија на вредности“, посочи Шлее.