На поширокото тетовско-гостиварско подрачје, полициски службеници на СВР Тетово денеска (5 септември) од 9 до 14 часот спровеле засилена контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, а во која вкупно биле откриени и санкционирани 12 прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-10).Осум од возилата (ТЕ-2 и ГВ-6) имале неисправни сопирачки, претежно комбиња и такси возила, две возила(ГВ) биле со неисправен уред за управување, едно (ГВ) со неисправни други уреди, а едно (ГВ) со неизвршен технички преглед.
При контролата, исто така, санкционирани се и 14 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ- 4 и ГВ-10).СВР Тетово и во наредниот ќе продолжи со контроли на возилата од локалниот јавен превоз посебно, зашто со започнување на новата учебна година тие далеку повеќе и почесто се користат од учениците, но и од други патници.
Санкционирани 7 прекршоци од возила кои вршат јавен превоз на подрачје на СВР Битола
Денеска (31.08.2022) од 08.00 до 12.00 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола спроведена е акциска контрола со која биле опфатени вкупно 45 возила кои вршат јавен превоз на патници. При контролата биле откриени и адекватно санкционирани 7 прекршоци од кои 4 прекршоци за непоседување на лекарско уверение, 2 прекршоци за неисправен уред за запирање и 1 прекршок за неизвршен вонреден технички преглед.
На прекршителите изготвени им се соодветни поднесоци, а 2 возила веднаш се исклучени од сообраќај.
При контролата, исто така, откриени биле и 13 други видови прекршоци. Ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период. Целта е навреме да се откријат и отстранат од сообраќај технички неисправните возила и да се обезбеди непречено и безбедно превезување на патниците.