Украинците го нападнале градот Валујка на 150 километри од Белгород, руски град близу границата со Украина. Гувернерот Вјачеслав Гладков објави дека еден граѓанин загинал, а двајца се ранети од ракети кои успеале да ја поминат руската воздушна одбрана. Уништени биле три возила и запалени осум куќи, јавува РТ.
Валујки е град со околу 35.000 жители. Пожар избувнал на бензинска пумпа во пограничното село Нехотејевска, додека 14 куќи се оштетени во селото Красни Хутор.
Оштетена е трафостаницата и прекинато е снабдувањето со електрична енергија во градот.
„Активирана е противвоздушната одбрана, но има оштетувања на теренот“, изјави Гладков на Телеграм.
И претходно имаше неколку напади на руски села близу границата со Украина, но немаше жртви. Украина молчеше и не ги потврдуваше овие напади.
Инаку, САД донираат оружје за Украина, но претходно ја опоменаа Украина да не гранатира цели на руска територија со цел војната да не добие некој друг тек.