„Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје известува дека согласно Одлука на Надзорниот одбор на Банката и издадена согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, од денес – 24.11.2022 година продолжен е мандатот за период од шест години на постојните членови на Управниот одбор на Банката – Хари Костов, Претседател на Управниот одбор и Д-р Маја Стевкова Штериева, член на Управниот одбор“, се вели во соопштението од банката упатено преку Македонската берза до инвеститорската јавност. Костов и Штериева се долги години на чело на најголемата македонска банка, а под нивно водство Комерцијална банка постојано остварува значајни позитивни финансиски резултати и е една од најуспешните и најпрофитабилните банкарски институции. преземено од фактор.мк