24.8 C
Скопје
06/05/2024 14:20
МАКТЕЛ

  

     

 

Ковачевски: Вложуваме во современа патна инфраструктура за севкупен економски развој

      

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми извршија увид на делницата Крупиште-Кочани, што претставува втора фаза од изградбата на новиот експресен пат Штип-Кочани. Оваа делница е во должина од 13,75 км и согласно динамиката на работа истата треба да биде наскоро готова и ставена во функција. Премиерот Ковачевски истакна дека градежните работи се одвиваат со задоволителна динамика за овој период од годината, и до овој момент имаме 96% реализација.„Со изградбата на експресниот пат се овозможува брзо и современо поврзување помеѓу Штип и Кочани, со што ќе се забрза и олесни патувањето за граѓаните од овој крај, ќе се намалат километрите пат и времетраењето на патувањето, но најважно од сѐ ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот. Изградбата на современа патна инфраструктура во земјата е еден од приоритетите на оваа Влада. Како и во изминатите години.
И во време на пандемија и сега во услови на најголемата светска економско – енергетска криза интензивно се работеше на изградбата и реконструкцијата на главните патни делници во земјата. Темпото и динамиката продолжуваат и понатаму. Во источниот дел на државата резултатите од работата се особено видливи. Речиси и да нема патна врска која не е рехабилитирана во овој регион. Модерната патна инфраструктура е важна и за граѓаните и за компаниите но и за новите инвеститори. Новите инвестиции значат и нови, подобро платени работни места, а за тоа да се случи, квалитетните патишта се еден од предусловите. Затоа и изградбата на патиштата е стратешки приоритет на кој остануваме целосно посветени. Изминативе пет години, Владата изгради патишта во должина од околу 1.300 километри, значи двојно повеќе од претходниот десет годишен период, кога биле направени само околу 650 километри“, рече Ковачевски.
Министерот Бочварски рече дека со изградбата на експресниот пат до Кочани го подигнуваме животниот стандард на преку 170 илјади жители од Источниот регион, создаваме поволни услови за развој и регионално поврзување.„Изградбата на патиштата е стратешки приоритет на кој остануваме целосно посветени заради забрзан економски развој на целата држава, во услови кога светот е во огромна економска криза. Но и во такви услови успеавме силно да ги движиме капиталните проекти и да обезбедиме континуитет”, рече Бочварски. Директорот на ЈПДП, Рустеми рече дека експресниот пат е со висок квалитет на градба. „Ширина на патот е 11,4 метри, ќе има четири ленти, и тоа по две коловозни од по 3,5 метри и две ленти за застанување од по 2 метри, како и две рабни ленти од по 0,20 метри. Максималната брзина на движење на експресниот пат меѓу Штип и Кочани ќе биде 110 километри на час. Изведувач на градежните работи е „Синохидро“ од Република Кина, а надзор е „Патинвест инженеринг“ АД Софија Република Бугарија. Во моментот се поставува сигнализација, осветлување на клучките, еластична одбојна ограда и се асфалтираат последните 700 метри“, рече Рустеми.

    

Најново

Велисипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Вo Шпанија уапсен еден од најбараните наркобосови во Србија, по криминалниот клан се трагало 3 години

Sase Ivanovski

Бегалец од кумановскиот затвор вратен зад решетки

Sase Ivanovski

АВМУ: Од полноќ изборен молк, престанува медиумското претставување на учесниците во изборната кампања

Sase Ivanovski

Русија трупа илјадници војници околу стратешки важниот украински град

Sase Ivanovski

Борут Пахор сериозно се подготвува за функцијата специјален пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина

Sase Ivanovski

Апасиев демантира дека наредил бојкот – зад фотомонтажата стојат ботови на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Сончево време со температура до 26 степени

Sase Ivanovski

Ахмети: Ќе треба да изберете меѓу тие што прават историја и тие што не знаат два чекора напред да направат

Sase Ivanovski

Израел повика на евакуација на Рафа пред можна офанзива

Sase Ivanovski

Последен ден кампања – од полноќ молк

Sase Ivanovski

Аваја има моќ да ја обликува иднината на ромската заедница

Sase Ivanovski

Ковачевски: Ни треба силна СДСМ во Парламентот, да не дозволиме враќање на режимското минато

Sase Ivanovski

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Sase Ivanovski

Филипче им вети на поддржувачите: СДСМ нема да ве изневери, но сега е потребна вашата поддршка

Sase Ivanovski

Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја

Sase Ivanovski

Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка

Sase Ivanovski

Возач загина на експресниот пат Штип-Кочани – жена и две мали деца во болница

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДА ГЛАСАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот!

Sase Ivanovski

Можеме ли да слушнеме што мислат другите

Sase Ivanovski

Украинските сили собориле 23 руски дронови за една ноќ

Sase Ivanovski

Ковачевски од Струмица: СДСМ секогаш е рамо до рамо со граѓаните и во мирни услови и во тешки времиња

Sase Ivanovski

Владата на Црна Гора планира да поднесе два амандмани на Резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

„Дојче Веле“: На Германија и требаат имигранти, недостига висококвалификуван кадар

Sase Ivanovski

Трамп го обвини Бајден дека раководел со „администрацијата на Гестапо“

Sase Ivanovski

Малолетничка побегнала од дома, таткото се сомнева дека е кај момчето

Sase Ivanovski

Унгарија: Протест на опозицијата против Орбан

Sase Ivanovski

Хамас ја презеде одговорноста за нападот на преминот меѓу Израел и Газа

Sase Ivanovski

Убиена е жена во Хрватска, уапсен е член на семејството

Sase Ivanovski

Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард

Sase Ivanovski

Битиќи: Да избереме за Македонија која ќе напредува кон единството во различностите

Sase Ivanovski

Маричиќ на Денот на македонскиот јазик: Идентитетот ни е потврден и признаен како автентичен меѓу европските идентитети

Sase Ivanovski

Ковачевски: Имаме задача да не се откажеме од европскиот сон за подобра и просперитетна држава за идните генерации

Sase Ivanovski

Пендаровски од Ресен: Размислувајте за иднината на државата во целина  

Sase Ivanovski

Град Скопје продолжува со реализација на проекти за темелно подобрување на водоснабдувањето на граѓаните

Sase Ivanovski

Мицкоски: Верувам дека во среда ќе имаме убедлива двојна победа, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија се блиску до 61 пратеник

Sase Ivanovski

Глас ЗА СДСМ на 8 мај е глас за слобода, демократија и европска држава

Sase Ivanovski

Ковачевски: Гласот за СДСМ е глас за европска иднина и подобри услови тука, дома

Sase Ivanovski

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

Sase Ivanovski

Честитка за Велигден од претседателот на СРМ Митрески: „Да ги отвориме нашите срца за безусловна љубов, сочувство и заедништво“

Sase Ivanovski

Ковачевски: Ако има десничарска партија на власт, ќе се соочиме со крај на нашата европска перспектива

Sase Ivanovski

Тренчевска: Ја зголемивме социјалната помош за 330%, ги зголемивме пензиите за 53%

Sase Ivanovski

Митева: И Македонците и Албанците и сите останати исто го чувствуваат лошиот живот и животен стандард, како идна влада имаме за цел да ја направиме Македонија функционална држава

Sase Ivanovski

Ковачевски: Поддршката за домашните компании продолжува, СДСМ нема да се откаже од подобра и европска иднина за државата

Sase Ivanovski

Ковачевски: Повикуваме на општа мобилизација на сите напредни граѓани на 8 мај, мора да одиме напред, немири, внатрешни поделби и конфликти не се опција

Sase Ivanovski

Павле Арсоски, Потпретседател на ЗНАМ и носител на листата во ИЕ3: ЗНАМ ќе го врати достоинството на униформата со целосна професионализиција и департизација на секторот безбедност и со решавање на статусот на професионалните војници

Sase Ivanovski

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба мора да престане веднаш!

Sase Ivanovski

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

Sase Ivanovski

Тренчевска: Од 2017та година до денес најниската исплатена пензија ја покачивме  за 5.309 денари

Sase Ivanovski

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Не се откажуваат до последно, повторен обид на МЗ да протурка реновирање на операциски сали и фаворизира одредени фирми

Sase Ivanovski

Димитриеска Кочоска: СДС го уништија животниот стандард, никогаш не се живеело полошо од сега, затоа СДС ќе изгуби катастрофално

Sase Ivanovski

Битиќи за Слободен печат: Политичките партии кои немаат понуда за граѓаните се враќаат на национализмот

Sase Ivanovski

Ковачевски: СДСМ е обединета и силна партија, секогаш на браникот на татковината

Sase Ivanovski

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

Sase Ivanovski

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ ветува градба, промени, реформи, во општина Петровец ќе инвестира 5 милиони евра, ќе се заврши новата детска градинка

Sase Ivanovski

Николоски: Во четврта изборна единица ВМРО-ДПМНЕ предвидува инфраструктурно поврзување, поддршка на земјоделието и воспоставување на ред во државата

Sase Ivanovski

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Sase Ivanovski

Битиќи: Со Планот за раст ние им ја приближуваме европската иднина на граѓаните, а опозицијата им ја одзема

Sase Ivanovski

Битиќи од Шуто Оризари: Заокружете го бројот 1, тој ќе не обедини во европската идеја

Sase Ivanovski

Ковачевски: Во среда, масовно гласајте ЗА европска иднина, ЗА држава во која ќе сакаат да останат вашите деца!

Sase Ivanovski

Димитриевски од Куманово упати порака до „загржените“: Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став

Sase Ivanovski

Проданоски: Експресниот пат Градско-Прилеп ни од далеку не е готов, да ставиме крај на лагите на СДСМ на 8 мај

Sase Ivanovski

Митрески од Кичево: Нема откажување од иднината, гласањето за број 1 е вистинскиот избор на претседателските и на парламентарните избори

Sase Ivanovski

Филипче: Почитта кон работниците ја преточивме во повисоки плати и подобри услови за работа

Sase Ivanovski

Мицкоски: Начинот на кој ДУИ и СДСМ сакаат да ја добијат поддршката од граѓаните не е преку програма туку со притисоци и закани

Sase Ivanovski

Филипче: Разговарав со илјадници луѓе, влегов во стотици домови, прошетав по многу маала и пазари, граѓаните сакаат промени во нашите политики, во нашето однесување кон нив

Sase Ivanovski

Ковачевски: Гласањето на 8 мај почнува од нула – ве повикувам заедно да изградиме европска иднина

Sase Ivanovski

Филипче: На верниците им посакувам денеска да се препуштат на духовниот мир во пресрет на најсветлиот празник Велигден

Sase Ivanovski

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Sase Ivanovski

Филипче на средби со жителите на Ивањевци, Обршани, Могила, Кукуречани и Новаци: Им ветив дека секогаш ќе останам достапен и редовно ќе се среќаваме и во иднина

Sase Ivanovski

Руски беспилотни летала повредија 6 лица во украинските региони Харков и Днепар

Sase Ivanovski

Израел ги информираше САД за планот за евакуација на палестинските цивили пред потенцијалната операција во Рафах

Sase Ivanovski

Силјановска не признава два победника на изборите

Sase Ivanovski

Петровска тајно помагала во подигнување на спомен плоча на бранител

Sase Ivanovski

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

Sase Ivanovski

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

Sase Ivanovski

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

Sase Ivanovski

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

Sase Ivanovski

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

Sase Ivanovski
Вчитувам....