Според трговците руската „флота во сенка” ќе го намали влијанието на ограничувањето на цената, но нема да го елиминира целосно. Казнените мерки на ЕУ и Г7 треба да ја отсечат Москва од глобалната флота на танкери, бидејќи на осигурителите компании им е забрането да ги осигуруваат танкерите што превезуваат руска нафта, без оглед на дестинацијата, освен ако не се продава според шемата за ограничена цена.Целта на ограничување на цената, што е идеја на Г7, е да се намалат приходите на Русија од продажбата на нафта, а во исто време да се спречи порастот на глобалните цени по стапувањето во сила на ембаргото на 5 декември. Ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел, е клучен чекор во опсегот на западните санкции, со цел да и отежнат на Русија со приходите од нафтата да ја финансира војната против Украина.Ограничувањето ќе им овозможи на земјите надвор од ЕУ да продолжат да увезуваат руска нафта, но ќе им забрани на транспортните и осигурителните компании да тргуваат со руска нафта ширум светот, освен ако не ја продава по цена под ограничувањето.