24.8 C
Скопје
06/05/2024 13:57
МАКТЕЛ

  

     

 

КОИ СЕ, ШТО ЌЕ ГРАДАТ И КОЛКУ ЌЕ ВЛОЖАТ НОВИТЕ ТРОЈЦА СТРАТЕШКИ ИНВЕСТИТОРИ – одлуките објавени, ќе имаат ли среќа милионските најави

      

Тројца нови стратешки инвеститори се прогласени деновиве во земјава од Владата, а одлуките за нив се веќе влезени во сила на крајот на минатиот месец. Станува збор за Ски Центарот Тетово Попова Шапка, потоа ветерната електрана Ениас, како и за фотоволтаична централа Балдовенци, за кои владините одлуки се веќе и објавени во Службен весник. Неодамна, пак, пред околу месец и половина, статус на стратешки инвеститор му беше даден и на Митилинеос Когенеративна постројка Скопје.

   

Со ова, бројот на стратешки инвеститори во земјава се искачи на 10, откако долг период наназад во државава беа прогласени само седум стратешки инвеститори, но на еден од нив неодамна му беше одземен тој статус, од засега непознати причини. Инаку, за сите стратешки инвестиции треба да се донесе и посебен закон за секој проект поединечно, со цел народните избраници да можат да го кажат својот последен суд за така значајни капитални објекти, но и големи суми на пари што треба да бидат вложени. На 25 ноември Владата донела одлука за утврдување на стратешки инвестициски проект за Ски центарот Тетово Попова Шапка, кој стапил на сила веќе наредниот ден, а е донесена врз основа на Законот за стратешки инвестиции.

 

„Со оваа одлука на проектот Ски Центар Тетово Попова Шапка, на Друштвото за трговија и услуги МТГМ ИНДУСТРИЈА ДООЕЛ Скопје, со седиште во Скопје – Центар, му се утврдува статус на стратешки инвестиционен проект“, се вели во одлуката, на која потпис ставил првиот заменик на премиерот, Артан Груби. Како што веќе пишуваше Фактор, веќе е познато колку ќе тежи новата стгратешка инвестиција, односно станува збор за 186 милиони евра. За тоа се направени и подготовки, односно АД ЕСМ го одвои имотот на фирмата-ќерка ЕЛЕМ Турс со формирање на две нови претпријатија, од кои едното ќе го носи името Ски центар Попова Шапка Дооел Тетово, кое понатаму ќе треба да биде преземено од стратешкиот инвеститор ТехноАлпин. На Ски центар Попова Шапка за директор е назначен досегашниот прв човек на Елем Турс, Адем Авзиу, кој за Фактор изјави дека очекува новоформираното претпријатие да го предаде својот имот на стратешкиот инвеститор до летото следната година, но не преку продажба, туку преку договор за концесионирање.

„Постапката на издвојување од ЕЛЕМ Турс е завршена. Следната фаза е преговарање со стратешкиот инвеститор по сите предлози. На крај, ќе се потпише договор кој потоа ќе треба да биде одобрен од Собранието. Во меѓувреме ќе работи стручниот тим на Владата, а колку што знам, имотот ќе оди на користење кај инвеститорот како концесија“, ни изјави Авзиу.„ТехноАлпин“ е најавен од Владата како лидер во производство и инсталирање на системи за вештачки снег, признат експерт за дизајн на скијачки терени и скијачки зони и со 30-годишно искуство, 16 зависни друштва низ светот и 600 вработени. Инвестицијата треба да се реализира од 2023 година и ќе се одвива во шест инвестициски фази, од кои првата е проценета на приближно 55 милиони евра. Вториот прогласен стратешки инвеститор, на истиот датум и со истиот тајминг на влегување во сила, е Ениас ветерна електрана.

   

     

„Со оваа одлука на проектот Ениас ветерна електрана, на Друштвото за производство на електрична енергија Енимак ДООЕЛ Скопје, поднесен со Барање за добивање на статус на стратешки инвестиционен проект, му се утврдува статус на стратешки инвестиционен проект“, напишале од Владата. За Енимак на пребарувачите на интернет не можат да се најдат податоци, а не се знае, ниту пак Владата објавила, колку пари планира да вложи оваа компанија.Единствен детален документ кој може да се најде на интернет, е барањето кое таа компанија во јуни годинава го доставила до Министерството за животна средина, за оценка како ветерната електрана што тие планираат да ја изградат во прилепско, би влијаела на животната средина. Компанијата е од Турција, Анкара, и се вика Ени Енерџи. „Ве известуваме дека инвеститорот ENI ENERJI INS TAAH TIC ve SAN од Анкара Турција, преку регистрирање на компанијата Енимак ДООЕЛ Скопје, планира да изгради ветерен парк ЕНИАС со капацитет од 50 MW, лоциран во Дреновци и Небрегово во близина на градот Прилеп. Инвеститорот ќе придонесе за зголемување на производството на енергија од обновливи извори, односно зелена енергија“, се вели во барањето што било поднесено од турската компанија.

Во своето детално барање инвеститорот навел дека е специјализиран за овие проекти, дал елаборат за ветерот на тоа подрачје, и навел дека ќе гради 8 ветерни турбини, но и ќе направи конструкција на нови и адаптација на постојните пристапни патишта, а ќе се изгради и целокупната инфраструктура и дополнителна опрема за мрежно поврзување на планираниот ветерен парк со постојната инфраструктура на МЕПСО. Инвеститорот навел дека пределот каде што планира да се гради нема загрозени видови на флора и фауна, ниту ендемични видови што се заштитени со закон. Затоа, пак, во тој предел има бројни археолошки наоѓалишта, цркви, манастири и споменици.

„На југозападната страна од проектот, на 8 километри од локацијата се наоѓа манастирот Трескавец, над кој е планинскиот врв Златоврв, како и археолошкиот локалитет на југ Маркови кули, кој е на растојание на повеќе од 10 километри“, се вели во барањето. Уште во тоа барање од придружните документи може да се види дека основната главнина на друштвото што се основа за Македонија, Енимак, изнесува 100 илјади евра, пари кои се уплатени како паричен влог. За управител бил именуван Оркун Одземил. Во овој документ кој е многу детален и прецизен, сепак нема информации колку ќе тежи вкупната инвестиција во овој ветерен парк од осум турбини.

И, третиот стратешки инвеститор ќе биде Фотоволтаичната централа Балдовенци, на Друштвото за производство, трговија и услуги Балкан Реневабле Инвестментс ДОО Скопје, поднесен со Барање за добивање на статус на стратешки инвестиционен проект на 31.1.2021 година. И за овој инвеститор не можат да се најдат податоци по пребарувачите, па за очекување е дека Владата потранспарентно ќе ги објави податоците, за кои веќе информирала на својата веб стграница.

На средината на октоммври, пак, статус на стратешки инвеститор му беше доделен на проектот “Митилинеос Когенеративна постројка Скопје” на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија Митилинеос ДООЕЛ Скопје. За оваа инвестиција Владата објави дека нејзината вредност се предвидува да биде 211 милиони евра и според предвиденото, а се состои од постројка за електрична енергија со моќност 90 до 105 мегавати и топлинска енергија со моќност од 135 со 150 мегавати.

А, како што веќе пишуваше Фактор, „Промарк Енерџи Дооел“ Скопје е првиот инвеститор кој беше прогласен за стратешки, а на кој во меѓувреме таквиот статус му е избришан од Владата. Таа „Промарк Енерџи“ го прогласи за стратешки инвеститор во последните денови од минатата година. Станува збор за проектот “Фотоволтаични електрани во КО Јамуларци и КО Скандалци”, а не беа дадени детални информации зошто се откажува тој проект. За него било планирано да донесе инвестиција од 184 милиони евра.

Инаку, за претходните шест проекти, освен овој откажаниов, се планира да донесат инвестиции од околу една милијарди евра, што важи за оние за кои беа објавени податоци. ХЕК Солар МК ДООЕЛ Скопје, како што беше соопштено, ќе инвестира во изградба на фотонапонска електрана со јачина од 70 мегавати, и со вредност од 53 милиони евра. За „Соларен парк Стипион“, пак, беше најавено дека инвестицијата се очекува да биде 270 милиони евра, со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегавати. За проектот „Сончева електрична централа – Ерџелија“ на фирмата „ЕФТ Солар ДООЕЛ“, исто од Скопје, немаше податоци колку ќе тежи. За „Ветерна електрана-Вирови“, пак, на компанијата „Ветерен парк Вирови ДООЕЛ“, се најави дека овој парк ќе го гради германската компанија „Впд“,а вредноста на оваа инвестиција се проценува на 500 милиони евра. И за „Фабрика за производство на зелена енергија“, на фирмата „Зока Енерџи Солушн увоз – извоз ДООЕЛ“, со седиште во Неготино, нема информации колкју ќе тежи инвестицијата.

    

Најново

Велисипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Вo Шпанија уапсен еден од најбараните наркобосови во Србија, по криминалниот клан се трагало 3 години

Sase Ivanovski

Бегалец од кумановскиот затвор вратен зад решетки

Sase Ivanovski

АВМУ: Од полноќ изборен молк, престанува медиумското претставување на учесниците во изборната кампања

Sase Ivanovski

Русија трупа илјадници војници околу стратешки важниот украински град

Sase Ivanovski

Борут Пахор сериозно се подготвува за функцијата специјален пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина

Sase Ivanovski

Апасиев демантира дека наредил бојкот – зад фотомонтажата стојат ботови на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Сончево време со температура до 26 степени

Sase Ivanovski

Ахмети: Ќе треба да изберете меѓу тие што прават историја и тие што не знаат два чекора напред да направат

Sase Ivanovski

Израел повика на евакуација на Рафа пред можна офанзива

Sase Ivanovski

Последен ден кампања – од полноќ молк

Sase Ivanovski

Аваја има моќ да ја обликува иднината на ромската заедница

Sase Ivanovski

Ковачевски: Ни треба силна СДСМ во Парламентот, да не дозволиме враќање на режимското минато

Sase Ivanovski

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Sase Ivanovski

Филипче им вети на поддржувачите: СДСМ нема да ве изневери, но сега е потребна вашата поддршка

Sase Ivanovski

Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја

Sase Ivanovski

Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка

Sase Ivanovski

Возач загина на експресниот пат Штип-Кочани – жена и две мали деца во болница

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДА ГЛАСАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот!

Sase Ivanovski

Можеме ли да слушнеме што мислат другите

Sase Ivanovski

Украинските сили собориле 23 руски дронови за една ноќ

Sase Ivanovski

Ковачевски од Струмица: СДСМ секогаш е рамо до рамо со граѓаните и во мирни услови и во тешки времиња

Sase Ivanovski

Владата на Црна Гора планира да поднесе два амандмани на Резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

„Дојче Веле“: На Германија и требаат имигранти, недостига висококвалификуван кадар

Sase Ivanovski

Трамп го обвини Бајден дека раководел со „администрацијата на Гестапо“

Sase Ivanovski

Малолетничка побегнала од дома, таткото се сомнева дека е кај момчето

Sase Ivanovski

Унгарија: Протест на опозицијата против Орбан

Sase Ivanovski

Хамас ја презеде одговорноста за нападот на преминот меѓу Израел и Газа

Sase Ivanovski

Убиена е жена во Хрватска, уапсен е член на семејството

Sase Ivanovski

Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард

Sase Ivanovski

Битиќи: Да избереме за Македонија која ќе напредува кон единството во различностите

Sase Ivanovski

Маричиќ на Денот на македонскиот јазик: Идентитетот ни е потврден и признаен како автентичен меѓу европските идентитети

Sase Ivanovski

Ковачевски: Имаме задача да не се откажеме од европскиот сон за подобра и просперитетна држава за идните генерации

Sase Ivanovski

Пендаровски од Ресен: Размислувајте за иднината на државата во целина  

Sase Ivanovski

Град Скопје продолжува со реализација на проекти за темелно подобрување на водоснабдувањето на граѓаните

Sase Ivanovski

Мицкоски: Верувам дека во среда ќе имаме убедлива двојна победа, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија се блиску до 61 пратеник

Sase Ivanovski

Глас ЗА СДСМ на 8 мај е глас за слобода, демократија и европска држава

Sase Ivanovski

Ковачевски: Гласот за СДСМ е глас за европска иднина и подобри услови тука, дома

Sase Ivanovski

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

Sase Ivanovski

Честитка за Велигден од претседателот на СРМ Митрески: „Да ги отвориме нашите срца за безусловна љубов, сочувство и заедништво“

Sase Ivanovski

Ковачевски: Ако има десничарска партија на власт, ќе се соочиме со крај на нашата европска перспектива

Sase Ivanovski

Тренчевска: Ја зголемивме социјалната помош за 330%, ги зголемивме пензиите за 53%

Sase Ivanovski

Митева: И Македонците и Албанците и сите останати исто го чувствуваат лошиот живот и животен стандард, како идна влада имаме за цел да ја направиме Македонија функционална држава

Sase Ivanovski

Ковачевски: Поддршката за домашните компании продолжува, СДСМ нема да се откаже од подобра и европска иднина за државата

Sase Ivanovski

Ковачевски: Повикуваме на општа мобилизација на сите напредни граѓани на 8 мај, мора да одиме напред, немири, внатрешни поделби и конфликти не се опција

Sase Ivanovski

Павле Арсоски, Потпретседател на ЗНАМ и носител на листата во ИЕ3: ЗНАМ ќе го врати достоинството на униформата со целосна професионализиција и департизација на секторот безбедност и со решавање на статусот на професионалните војници

Sase Ivanovski

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба мора да престане веднаш!

Sase Ivanovski

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

Sase Ivanovski

Тренчевска: Од 2017та година до денес најниската исплатена пензија ја покачивме  за 5.309 денари

Sase Ivanovski

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Не се откажуваат до последно, повторен обид на МЗ да протурка реновирање на операциски сали и фаворизира одредени фирми

Sase Ivanovski

Димитриеска Кочоска: СДС го уништија животниот стандард, никогаш не се живеело полошо од сега, затоа СДС ќе изгуби катастрофално

Sase Ivanovski

Битиќи за Слободен печат: Политичките партии кои немаат понуда за граѓаните се враќаат на национализмот

Sase Ivanovski

Ковачевски: СДСМ е обединета и силна партија, секогаш на браникот на татковината

Sase Ivanovski

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

Sase Ivanovski

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ ветува градба, промени, реформи, во општина Петровец ќе инвестира 5 милиони евра, ќе се заврши новата детска градинка

Sase Ivanovski

Николоски: Во четврта изборна единица ВМРО-ДПМНЕ предвидува инфраструктурно поврзување, поддршка на земјоделието и воспоставување на ред во државата

Sase Ivanovski

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Sase Ivanovski

Битиќи: Со Планот за раст ние им ја приближуваме европската иднина на граѓаните, а опозицијата им ја одзема

Sase Ivanovski

Битиќи од Шуто Оризари: Заокружете го бројот 1, тој ќе не обедини во европската идеја

Sase Ivanovski

Ковачевски: Во среда, масовно гласајте ЗА европска иднина, ЗА држава во која ќе сакаат да останат вашите деца!

Sase Ivanovski

Димитриевски од Куманово упати порака до „загржените“: Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став

Sase Ivanovski

Проданоски: Експресниот пат Градско-Прилеп ни од далеку не е готов, да ставиме крај на лагите на СДСМ на 8 мај

Sase Ivanovski

Митрески од Кичево: Нема откажување од иднината, гласањето за број 1 е вистинскиот избор на претседателските и на парламентарните избори

Sase Ivanovski

Филипче: Почитта кон работниците ја преточивме во повисоки плати и подобри услови за работа

Sase Ivanovski

Мицкоски: Начинот на кој ДУИ и СДСМ сакаат да ја добијат поддршката од граѓаните не е преку програма туку со притисоци и закани

Sase Ivanovski

Филипче: Разговарав со илјадници луѓе, влегов во стотици домови, прошетав по многу маала и пазари, граѓаните сакаат промени во нашите политики, во нашето однесување кон нив

Sase Ivanovski

Ковачевски: Гласањето на 8 мај почнува од нула – ве повикувам заедно да изградиме европска иднина

Sase Ivanovski

Филипче: На верниците им посакувам денеска да се препуштат на духовниот мир во пресрет на најсветлиот празник Велигден

Sase Ivanovski

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Sase Ivanovski

Филипче на средби со жителите на Ивањевци, Обршани, Могила, Кукуречани и Новаци: Им ветив дека секогаш ќе останам достапен и редовно ќе се среќаваме и во иднина

Sase Ivanovski

Руски беспилотни летала повредија 6 лица во украинските региони Харков и Днепар

Sase Ivanovski

Израел ги информираше САД за планот за евакуација на палестинските цивили пред потенцијалната операција во Рафах

Sase Ivanovski

Силјановска не признава два победника на изборите

Sase Ivanovski

Петровска тајно помагала во подигнување на спомен плоча на бранител

Sase Ivanovski

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

Sase Ivanovski

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

Sase Ivanovski

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

Sase Ivanovski

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

Sase Ivanovski

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

Sase Ivanovski
Вчитувам....