Да песната е многу певлива и секако удара во емоциите и душата, но во основа на крај кога ќе размислиш песната е многу токсична и предизвикува патња. Како некој што е тазе разведен можам да кажам дека ваквите песни, ваквите поезии и размисли се фатални за човечката психа. Човекот емотивно не е навикнат за нешто како развод и раскин на сериозна врска. Природно сме направени да сме заедно со нашите партнери до смрт. Па и потоа…
Но добро е што сепак сме разумни свесни суштества кои кормиларат со своите животи и ваквите песни и мисли и стојалишта се поразителни за луѓето. Слично е со помислата за смртта која е страшна за секој човек и сечија психа. Но сепак на овие теми главна мисла која одекнува моќно ја има кажано комичарот Норм Мекдоналд кој запрашан за смртта, инаку човекот почина од канцер пред една година со кој тајно се борел 10 години но никој не знаел ниту јавноста ниту неговите пријатели и колеги во професијата, е следнава – КОГА ЌЕ УМРЕШ Е ИСТО КАКО КОГА НЕ СИ БИЛ РОДЕН, ЕДНОСТАВНО НЕ ПОСТОИШ, ШТО ИМА ДА СЕ ОПСЕДНУВАШ СО ТОА?!?!
Па слично е и со партнерите тие што сме ги сакале и со кои сме биле заедно, наместо да се опседнуваме со кого се тие денеска со кого спијат и заспиваат и кого гушкаат, едноставно треба да не води мислата – ТИЕ СЕ СЕГА КАКО КОГА ПРЕД ДА ГИ СРЕТНЕМЕ, САМО ЕДНА ОСОБА ОД ПРЕКУ ПОЛА МИЛИОН ВО ГЛАВНИОТ ГРАД, НЕМА ШТО ДА МИСЛИМЕ КОЈ СО КОГО СПИЕ ИЛИ СЕ ГУШКА ИЛИ ЗАСПИВА, ИСТО КАКО ШТО НЕ МИСЛИМЕ СО КОГО СПИЕ НАШИОТ КОМШИЈА, НАШАТА КОЛЕШКА, ИЛИ НЕКОЈ ШТО ЌЕ ГО СЕТНЕМЕ НА УЛИЦА, ТОА НЕ Е НАША РАБОТА И НАШ ПРОБЛЕМ И НАШ ИНТЕРЕС!
Затоа ваквите песни како оваа НЕКО ТЕ ИМА НОЧАС на Ван Гог се во основа психопатски, колку ли само имаат однесено луѓе во смрт со самоубиство и тешка депресија после раскин на врска, развод, смрт на партнер итн… Ваквите песни поттикнуваат патопсихологија, ментални болести, а со тоа и други проблеми дури и убиства на екс партнери затоа што се нема ментална сила и намера да се продолжи понатаму со животот…