Анѓушев се мачи и од Македонија освојува светски пазари со македонски возила?!?! После југото на маршалот Тито, Анѓушев е втор човек на просторот на екс југославија кој се дрзна да прави возила и да ги извезува по светот?!?! И САД го ставија на црна листа?! Човекот вработува над 1000 македонски инженери, платите се над 1000 евра, прави турбини, генератори, возила, гради хидроцентрали и фото волтаици, се спрема да гради огромна електрана од измет од сточарски фарми и даде предлог да се изгради огромна батериска централа во која ќе се чува струјата добиена од сонцето и ветерот, и сега човекот не може да патува во САД каде освојува пазари со своите возила?!
Дали Агелар ќе ги вработи во американската амбасада тие над 1000 вработени наши граѓани ако пропаднат фирмите на Анѓушев поради оваа хајка која ја покренаа колегите од ИРЛ со бомбастични емисии со многу слаби аргументи и докази? Зошто Стејт Департмент како прек суд дели вакви етикети и уништува бизнисмени, по народната, покрај сувото гори и суровото?! како тргнала Агелар ќе ги стави на црна листа пола македонски бизнисмени поради рекла казала приказни по македонските кафани и кафулиња? Без право да се браниш и да ги кажеш своите аргументи и докази? Ова го имало само во СССР на Сталин?!