Почитувани,Земјоделието во Преспа во изминативе години е во катастрофална состојба.Тоа е резултат на лошите политики на актуелната власт. Обработливите површини под јаболко во континуитет се намалуваат, а со тоа и самото производство доживува колапс.Главен виновник за оваа состојба во Преспа е СДС и министерот Љупчо Николовски кој веќе две години нема стапнато во нашиов град. Причината е тоа што многу ветил, а ништо не исполнил.
Неисплатени обврски по следниве основи:1. Дополнителни мерки за органско производство и сертификација за истите за 2022 и 2023 година.2. Дополнителна поддршка за ридско планинско подрачје подмерка 211 за 2023 и дел од 2022 година.3. Дополнителна поддршка за регистриран земјоделец за повеќе години. 4. Повеќе од 300 земјоделци опфатени со контрола се уште чекаат исплата на основните субвенции.5. Нема одговор на огласот за набавка на механизација од националната програма, 2022 и 2023 година.6. Нема одговор и од ИПАРД програма за 2023 година.
7. Дел од земјоделците во Преспа 180 на број немаат добиено субвенции од 3 денари за предадено индустриско јаболко за реколта 2022 – 2023 година.8. Нема повраток за камати од кредити за земјоделците од ИПАРД програмата и националната програма.9. Не се исплатени штети од временски непогоди за 2018, 2021 и 2022 година.
10. Не е отпочната изградбата на откупниот центар кој беше предизборно ветување на СДС.Земјоделието во Преспа никогаш не било полошо.Актуелната влада, земјоделецот го обезличи и го падна на колена!Почитувани, Никој во Преспа повеќе не верува во СДС. Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме, па наместо хаосот, да завладее ред во Македонија.