Ќе укинела она Рамковен Договор, кој практично е мировен договор на воен конфликт, ќе ја извадела земјата од НАТО, односно ќе го укинела Преспански Договор кој е исто така мировен договор на ладна војна која траеше 30 години, ќе укинела договорот со Бугарија затоа што ЕУ не ни требало, и подобро ќе им било на граѓаните и на државата?! Со тоа ќе сме избегнеле граѓанска војна како во Либан?!
Како е можно да имаш 60 години, да си професор на УКИМ и да си толку глуп и неписмен?! Ова е за гиунисов рекорд, ова е за нобелова награда, вака да останеш глуп за безбедност и меѓународна политика а притоа да предаваш МИРОВНИ СТУДИИ на УКИМ!?! Мајко мила мајчице, и после се чудиме зошто сме на дното во Европа, затоа што вакви професори пишуваат колумни, предаваат на факултети и зборат на тв, ете затоа, тешко нас!
Саше Ивановски, колумната е лично мислење и треба да се земе со резерва како мој личен став а не како факти на порталот Мактел.мк