„Пендаровски се однесува политички опортуно, без да ја има в предвид реалната состојба. Еднаш кажува дека ја поддржал одлуката на ЕУ, да нема генерален реизбор, а кога СДС требаше да прави политички прогон, ги заплашуваше со генерален реизбор судиите и обвинителите за да ги впрегнат во јаремот на СДС за политички прогон. Епилогот 7 години потоа се гледа. 2% доверба во судството, политички монтирани случаи и граѓани кои ја напуштаат државата и поради немањето систем. И додека вршеа политички прогон, ова судство и обвинителство ги аболираше сите нивни функционери. Од Ден Дончев кој избега, преку Драги Рашковски и Катица Јанева кои повеќе се надвор отколку во затвор до сите криминалци блиски до нив“ рече Лефков.