Беше пензиониран во декември 2022 година, но по доставеното барање од негова страна, од Министерството доби ангажман со договор на дело во јуни минатата година.
-Се чувствувам подготвен и понатаму да им служам на жителите од ова подрачје. Поради тоа по завршување на договорот побарав од Министерството за здравство да може да продолжам со мојата работа, но потврден одговор немам, па од јануари годинава жителите од нашето пошироко подрачје се принудени за одредена здравствени услуга, од оваа гранка, да одат до Охрид, или во Скопје, бидејќи и Струга нема ваков кадар, изјави Меља.
Жителите од ова подрачје мака мачат и кога им е неопходна услуга од лекар специјалист за уво, грло, нос, бидејќи единствениот оториноларинголог минатата година беше пензиониран, па мора и за најмала услуга да одат во други градови.