04/05/2024 18:42
МАКТЕЛ

  

     

 

Книгата под наслов „Мојот непокор„

      

Почитувани читатели, сакам да ве информирам дека издадов книга под наслов „Мојот непокор„ каде се вметнати сите мои неделни колумни поврзани со стечајт на Еуростандард банка во изминатите блиску 4 години.

   

Луѓето чиј предизвик им е литературата умеат да кажат, “пишаниот збор во книгата не се брише„, затоа јас се одлучив да ја издадам оваа книга која ја отсликува мојата борба за правда и вистина.

 

Убеден сум дека има многумина како мене во нашава денешна реалност кои трагаат по правдата и вистината.

   

     

Во целост ви го пренесувам обраќањето од оваа промоција.

Ве молам не судете, бидејќи веќе сте уморни од моите пишувани колумни на оваа тема.

Мојот порив, повод и причина да бидете поканети на промоција на книга колумни, пишувани изминатите 4 години, е поврзан со неразбирливото носење на Еуростандард банка во стечај или поточно кажано нејзина „ликвидација”.

Самиот збор „ликвидација” звучи брутално, но тоа е реалноста.

Како Македонец , кој важи за најголема мецена во историјата на Република Македонија во сите области на нашето живеење, се соочив со неправда кон мене и моето семејство. Кога подобро ќе размислам, генерално, неправдата во Република Македонија е влезена во животот на секој поединец.

Го носам името на мојот дедо и на големиот светец во православната христијанска вероисповед, Свети Трифун.

Си земам за право да ви раскажам една од легендите, присутна во православниот свет, а поврзана со Свети Трифун.

Во источните краишта на Европскиот континент, Трифун бил обичен селанец кој одгледувал гуски.

Имал божја дарба да лекува или поточно кажано да исцелува луѓе од различни болести.

Според преданијата, еднаш се разболела царската ќерка и Трифун бил повикан во царскиот двор да ја излекува. Со божја помош Свети Трифун ја излекувал ќерката и добил огромно богатство од нејзиниот татко. Богатството добиено од царот, враќајки се во своето родно место кај гуските, го подарил на гладни, боси и болни луѓе, така што остатокот од животот го поминал живеејќи скромно со своите гуски.

Оваа легенда е длабоко поврзана и со мојот животен пат. Роден , израснат, школуван и образуван во сопствената татковина, излегувам надвор и спечалувам богатство и се враќам во сопствената татковина. Особините на светецот Свети Трифун се длабоко вкоренети во мене, затоа што дарувам, помагам и создавам што впрочем го потврдувам со делата направени за мојата Македонија. Делата говорат многу повеќе и подобро од најдобриот говорник.

Светецот Трифун на крајот од својот живот се вратил кај гуските, како што јас се вратив во својот дом од детството. Жално е тоа што овде, во Република Македонија поединци и групи кои ги заробија институциите со неправедно владеење, си земаа за право да ми го одземат и мојот имот, стекнат на чесен начин.

Светецот Св.Трифун не бил ограбен од сопствениот народ, но мене токму тоа ми се случува. Мала ама суштествена разлика.

Почитувани гости , да се вратиме на реалноста во Македонија.

Фактите кои со години наназад ги изнесувам во очите на јавноста се несоборливи. Ќе ми дозволите да ги објаснам.

 

НАРОДНА БАНКА

Пропустите на Народна банка се процедурални, неетички и тенденциозни.

Процедуралниот дел на пропусти на Народна банка се вонредни мерки и администрација како инструменти за стабилизирање на банката.

Вонредните мерки предвидуваат одземање на лиценци на членови од Надзорниот, Управниот одбор и директори на сектори во банката. Такво нешто не се случи.

Со инструментот администрација Народна банка требаше да ги суспензира Надзорниот и Управниот одбор на банката и да воспостави администрација која во рок од 12 месеци со длабинска анализа требаше да утврди дали банката има право на живот или треба да се носи во стечај. Такво нешто не се случи.

Неетичноста на Народна банка кон Еуростандард банка и нас, акционерите, беше крајно видлива. Со доаѓањето на новиот Управен одбор во Еуростандард банка, донесовме одлука Еуростандард банка да испадне од синџирот на така-наречени позајмици кои се практикуваат во банкарскиот сектор во Македонија и во основа претставуваат незаконско финансирање со повисоки каматни стапки на правни субјекјти, кои што не ги исполнуваат критериумите за добивање кредит по редовна постапка.

На само 10 месеци пред стечајот, Народна банка инсистираше да се продадеме на Комерцијална банка, предлог кој ние, акционерите го одбивме. Очигледна беше намерата да бидеме замолчени и продадени по многу симболична цена.

Кога госпоѓата Бежоска не успеа да нѐ убеди да се продадеме на Комерцијална банка по багателна цена, таа отпочна нов процес на притисок, продавање на осигурителната компанија Еуролинк по секоја цена, а средствата да бидат наменети за докапитализација на банката. Ние , акционерите тоа го сторивме, верувајќи дека градиме силен банкарски субјект.

Од интервјуто на госпоѓата Бежоска, актуелен Гувернер на Народна банка, за неделникот Фокус, на 3 септември 2020 година, недвосмислено се потврдува дека нејзиниот притисок кон нас акционерите за докапитализација, бил да собере што повеќе финансиски средства во банката, ама не за да ја зацврсти банката, туку замислете, да има повеќе средства за правните и физички лица, клиенти на банката. Овој факт укажува дека госпоѓата Бежоска,зќ кога е во прашање Еуростандард банка од моментот кога одбивме да се продадеме на Комерцијална банка, имаше само една цел, а тоа е стечај и наше, семејно исцрпување на финансиски средства.

Тенденциозноста за оваа нејзина намера е очигледна со уште четири факти:

1.Цела година наназад ни беше одземено правото за работа со правни и физички лица. Ваквите одлуки од Народна банка сами по себе значат суштинско ограничување во банкарското работење, а во превод тоа значи стварање на загуби.

2.Во периодот на вонредната состојба која траеше цели 97 дена , поради пандемијата Ковид-19, со одлука на Техничката влада правните субјекти беа заштитени од присилна наплата. Овој факт за Народна банка не значеше ништо кога е во прашање Еуростандард банка. Со одземено право за работа со правни и физички лица и одземено право на присилна наплата на доспеани побарувања, јасно е дека бевме осудени на финансиска смрт. Со 97 дена доцнење на наплата се влошуваше кредитното портфолио на банката. Веселата математика на Народна банка дојде до израз кога Еуростандард банка се однесе во стечај.

Најчесно ќе беше Народна банка да ѝ дозволи на Еуростандард банка нови 97 дена, колку што траеше вонредната состојба, за да може да ги решава внатрешните проблеми со наплатата.

3.Народна банка одби да го прими потенцијалниот инвеститор, прифатен како можен акционер во капиталната структура на банката. Цели 3 месеци молевме за средба. За жал до средба не дојде.

4.На 7 август 2020 година одржана е видео конференција меѓу Вице-гувернерите на Народна банка и Надзорниот и Управен одбор на Еуростандард банка. На оваа видео- конференција, договорено е дека на Еуростандард банка ѝ се дава рок до 14 август 2020 да докапитализира 2,4 милиони евра свеж капитал. За жал госпоѓата Бежоска не ги испочитува своите Вице-гувернери и нивното ветување и ја однесе банката во стечај на 12 август 2020 година, два дена пред утврдениот рок за докапитализација.

Уште поголем е срамот за Народна банка што стечајот на Еуростандард банка го прави по завршувањето на вонредната состојба, по завршените предвремени парламентарни избори и сѐ уште неоформено Собрание и Влада на Република Македонија. Читајте, во услови на безвластие.

Сценариото на самата стечајна постапка беше режирано како мошне сериозно филмско сценарио. За време од 30 минути се блокираше работата на Главната дирекција на банката и останатите 340 експозитури низ Македонија.

Ова е уште еден факт дека госпоѓата Бежоска стечајот на Еуростандард банка го планирала многу одамна.

 

ТЕХНИЧКА ВЛАДА

Техничката Влада, водена од Техничкиот Премиер Оливер Спасовски, носи две уредби со сила на закон за време на вонредната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19.

Првата уредба објавена во Службен весник од 24 февруари 2020 година обзнанува дека стечај на правни лица нема да се врши минимум 3 месеци по завршување на вонредната состојба.

Со исто таква уредба, ама овој пат објавена на 29 мај 2020 година предходната уредба се суспендира, а тоа значи носење на правен субјект во стечај веднаш по завршувањето на вонредната состојба. Единствен вистински и силен правен субјект кој беше однесен во стечај веднаш по укинување на вонредната состојба, беше Еуростандард банка.

После носењето на Еуростандард банка во стечај се појавија шпекулации или вистинити информации дека одлуката за носење на Еуростандард банка во стечај била донесена уште на 1 јуни 2020 година, веднаш по објавената уредба со сила на закон, објавена во Службен весник од 29 мај 2020 година од Техничката влада, со која се укинува 3 месечниот мораториум, по завршувањето на вонредната состојба за носење на правни лица во стечај. Причина што банката не била однесена веднаш во стечај е вонредната состојба која сѐ уште траеше и предвремените парламентарни избори кои се случија на 15 јули 2020 година.

Синергијата меѓу Техничката влада и Народна банка е очигледна.

 

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

На првата средба со екс-Претседателот на Собрание, а денес Технички Премиер на Владата на РМ, Талат Џафери, беше обзнаено дека Народна банка не ги почитувала процедурите. Беше отворена дебата во Собранието, водена од Комисијата за финансирање и буџет поврзана за стечајот на Еуростандард банка. Епилог нема. Причини зошто нема, до денес не ми е јасно.

 

ОСНОВНО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

Основното Јавно обвинителство отвори истрага против мене за вмешаност во стечајот на Еуростандард банка.

Истражната постапка се темели само на документ издаден од Народна банка со кој се обзнануваат причините за стечајот на Еуростандард банка. Фактите поврзани со стечајот кои ги пишувам секоја недела, не допираат до Основното Јавно обвинителство и синтагмата покренување истражна постапка по „допрен глас” за Еуростандард банка не важи.

Повеќе од 40 месеци се води истражна постапка против мене. Рокот од максимална истражна постапка од 18 месеци е одамна изминат, ама прогонот и понатаму е активен. Имам замрзнат имот кој можам само лично да го користам, ама не смеам да го стопанисувам ниту оттуѓувам.

 

ЕПИЛОГ

Што говорат денешните факти околу реалната финансиска состојба на Еуростандард банка во стечај?

Насобраните средства во стечајната маса ги подмируваат во целост обврските кон физичките и правни субјекти, клиенти на банката. Средства за прибирање во стечајната маса има уште, би рекол повеќе од десетици милиони евра.

Финансирањето на Еуростандард банка во стечај која има единствена цел да ги собере одлеаните средства се капитал на банката. До денес се потрошени повеќе од 5 милиони евра за ова тело иницирано од Народна банка.

Пред фактите и боговите молчат.

Очигледно во Македонија и боговите се немоќни кога е во прашање организираниот криминал и корупција. Јас ќе продолжам да ја барам правдата и да ми се врати сето тоа што ми е одземено. Сторителите на овој чин мора да се соочат со правдата.

Ако има Бог, тој ќе им суди.

 

Трифун Костовски

    

Најново

(ВИДЕО) МАГИЧНО: ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО СЕ СЛАВИ ВЕЛИКИ ПЕТОК НА ОСТРОВИТЕ ВО ГРЦИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈОРГО ОД ДЕМОКРАТИ: ЌЕ УКИНЕМЕ ЗАСТАРУВАЊЕ НА КРИМИНАЛИ НА ПОЛИТИЧАРИ!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Левицата е СДСМ, а не некој дериват што одработува за ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Ахмети му порача на Касами да фрли бел пешкир во рингот

Sase Ivanovski

Лукаревска: Оддаваме почит на ликот и делото на Гоце Делчев, неговиот аманет е и за идните генерации

Sase Ivanovski

СКОПСКИ ДОКТОР ИЗМАМИЛ ГРАДЕЖНИ МАЈСТОРИ ВО ДЕЛЧЕВО

Sase Ivanovski

Џафери: Ќе ги отстраниме предрасудите дека Албанците не можат и не знаат

Sase Ivanovski

Килограм јагнешко за Велигден достигна 600 денари

Sase Ivanovski

Димитриевски навести дека ќе гласа за Силјановска

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се поклонивме пред великанот Гоце Делчев со желба за национално обединување

Sase Ivanovski

Ковачевски: Како што Делчев не се откажал, така и ние нема да се откажеме од нашата борба

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АМЕРИКАНСКА АМБАСАДА СО НЕВЛАДИНАТА МААА ОБУЧИЈА 40 ЖЕНИ ДА ВОДАТ БИЗНИС

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: Ќе формираме државна компанија која ќе произведува марихуана и опиум и ќе извезува во цел свет!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: Ќе воведеме втора смена во администрација, секој после работа да оди да си заврши работа на шалтер

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: Ќе укинеме патарини, брзи кредити, извршители и коцкарници!

Sase Ivanovski

Спасувачка акција на ЦУК: По неколку часовна потрага пронајден изгубен маж на Палчковица

Sase Ivanovski

Полицаец со двајца другари киднапирале скопјанец, му се заканиле дека ќе го убијат него и неговиот татко

Sase Ivanovski

ДАЛИ Е ОВА ТОЧНО?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: НА СЛЕДНИ ИЗБОРИ ЈАС ЌЕ БИДАМ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: ЌЕ ГО НАЦИОНАЛИЗИРАМЕ ЕВН, ЌЕ ЛЕГАЛИЗИРАМЕ МАРИХУАНА, СЕ КЛАДАМ ДЕКА ЌЕ ИМАМЕ ПОВЕЌЕ ГЛАСОВИ ОД ЗНАМ НА МАКСО

Sase Ivanovski

Деловни простори за продажба во новиот станбено – деловен комплекс “COSMOPOLITAN”

Sase Ivanovski

СИЉАНОВСКА: Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев!

Sase Ivanovski

ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ВМРО ДПМНЕ ВО СОСТАВ СИЉАНОВСКА, ТОШКОВСКИ И ИВАНКА ВАСИЛЕВСКА ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Заседата во Ваксинце, раскажува Димче Манчов, Воени Раскази, Епизода 01, генерал Стојанче Ангелов

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ: Најубавата глетка на светот е насмеаното дете. Забава за најмалите со велигденски хепенинг на Градскиот плоштад во мое Куманово – благодарност до Социјалдемократската младина од Куманово

Sase Ivanovski

ШОКАНТНО: СРПСКИ ТУРИСТИ НА ПАТ ЗА ГРЦИЈА СЕ ЖАЛАТ ДЕКА НЕКОЈ ВО МАКЕДОНИЈА ЗАКАЧИЛ КАМЕЊА ДА ВИСАТ НА ЈАЖЕ НА МОСТ

Sase Ivanovski

Пендаровски положи цвеќе по повод одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АПАСИЕВ: ЛЕВИЦА СЕ ИЗГОРЕ ЕДНАШ 2019-ТА СО ПОДРШКА ЗА СИЉАНОВСКА, НЕМА ТОА ДА ГО НАПРАВИМЕ ПАК!

Sase Ivanovski

НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА: За олимписките игри во 1936-та во Берлин, по наредба на Гебелс, факелот поминал низ тогашна Македонија во СХС?!?!

Sase Ivanovski

Ковачевски за Сител: Јас сум човек кој не се откажува, ги повикувам граѓаните да гласаат за подобра и европска иднина за државата 

Sase Ivanovski

Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

Sase Ivanovski

Реакција на ставовите на Венко Филипче од митингот на СДСМ во Радовиш

Sase Ivanovski

Филипче: Овозможивме слободни и независни медиуми и сме први во регионот 

Sase Ivanovski

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

Sase Ivanovski

Мицкоски од Гостивар:  ДУИ ги злоупотребува Албанците, врз митот за права направија милиони, ќе одат во опозиција и ќе одговараат за криминалот

Sase Ivanovski

Петрушевски: Голема победа за стабилна влада и брза реализација на проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Ковачевски: СДСМ била, е и ќе биде силна партија која не се откажува кога е најтешко

Sase Ivanovski

Мицкоски од Тетово: Во рамките на проектот за 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините дел ќе се инвестира и во општините во западна Македонија

Sase Ivanovski

„Ќе има влада не со 61 туку со над 70 пратеници“: Најави ли Меџити голема коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ?

Sase Ivanovski

„Тејст атлас“ ги објави 10-те најлошо рангирани македонски јадења: Листата многумина ќе изненади!

Sase Ivanovski

Каде се парите? Маја Стевкова Штериева: Банките не се „галени“ од владите

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Слаткар се расплака додека зборуваше за својот татко: Oд него се очекувало да биде се, освен доктор

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Синодот на МПЦ-ОА со демант за професорот Ѓуровски дека владици вршеле агентура за незападни држави

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Со Сања 9 години правевме дете, Моша се роди откако престанав да пијам – Подкаст со Слаткаристика

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Дивоградба и нова јама врз клучна цевка на скопскиот водовод во Бутел

Sase Ivanovski

„Керозин 2“ – „Ѓаволот“ ни ора ни копа, ни доволно нафта носи

Sase Ivanovski

ВИДЕО: ТЕПАЧКА ВО СТУДИО, ЖЕСТОКА ДЕБАТА, ЉУБИША КАРАНФИЛОВСКИ ПРОТИВ БОБИ БОЈЧЕВСКИ

Sase Ivanovski

ВИДЕО Пекески: Изразот „цунами“ и следува на позицијата, по изборите СДСМ ќе се распадне

Sase Ivanovski

„Секогаш и секаде први“ – 30 години баталјон за специјални намени “ВОЛЦИ”

Sase Ivanovski

Каде се парите? Бранко Азески: Политиката само го слуша бизнисот, но ништо не спроведува

Sase Ivanovski

Децата се отуѓуваат од нас поради застарен систем – разведени бараат нов концепт на родителство

Sase Ivanovski

Изборите во С. Македонија и геополитичката слепост на ЕУ

Sase Ivanovski

МОК на чело со Димевски врти 1,5 милион евра годишно и влече екстра приходи од „Јане Сандански“!

Sase Ivanovski

СТОЈАНЧЕ МУ НАЦРТА ЦРТЕЖ НА ОСМАНИ Ангелов сликовито му објасни на Бујар како стојат работите во Македонија

Sase Ivanovski

ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ И АГРЕСИВНО СЕ ОДНЕСУВАЛ КОН РОДИТЕЛИТЕ Уапсен 19-годишен охриѓанец!

Sase Ivanovski

ВО ЧАИР НАПАДНАТО ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО Петмина скопјани им влегле дома и ги претепале

Sase Ivanovski

Поради трговскиот бојкот на Турција, Израел поднесе жалба до ОЕЦД

Sase Ivanovski

Стејт департмент: Русија ја прекрши меѓународната забрана за хемиско оружје во војната во Украина – што вели Кремљ

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Коалицијата „Вреди“ во центарот на Тетово со кафе почестија членови на „ЗНАМ“

Sase Ivanovski

Русија: Ќе има „разорна одмазда“ доколку Украина го нападне мостот на Крим

Sase Ivanovski

Песков: Без учество на Русија не ја гледаме поентата на одржување на мировна конференција

Sase Ivanovski

На Хутите на мета им се сите бродови што се упатуваат кон израелските пристаништа

Sase Ivanovski

Хрватска е најголем фаворит за победа на Евровизија: Бејби Лазања се искачи на првото место на обложувалниците

Sase Ivanovski

Зеленски: Украина се соочува со „нова фаза“ на општа руска војна

Sase Ivanovski

Се повеќе украински бегалци не сакаат да се вратат дома

Sase Ivanovski

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката од граѓаните за работите да не бидат како досега

Sase Ivanovski

Гаши: ДУИ веќе не може да се повикува како претставник на Албанците

Sase Ivanovski

Албинизам, мицкоизам, бадентеризам…

Sase Ivanovski

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат 49 или повеќе часа неделно

Sase Ivanovski

Зошто масовните убиства не ја променија Србија?

Sase Ivanovski

Лукаревска: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад туку да продолжиме да работиме за просперитетна држава за сите

Sase Ivanovski

Битиќи: Цврсто да ја држиме заедничката визија за европска Македонија

Sase Ivanovski

Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден

Sase Ivanovski

Бербок ја обвини Русија за сајбер напад врз Германија

Sase Ivanovski

Ковачевски: На 8-ми мај да го спречиме ВМРО повторно да го донесе режимот

Sase Ivanovski

Ковачевски за Сител: СДСМ е потребна во Собранието за да продолжат реформските и прогресивните политики,нема да се откажеме од европската иднина 

Sase Ivanovski

Ковачевски: Најлесно е да се гласа ПРОТИВ, само со глас ЗА може да одиме напред кон просперитет

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

Sase Ivanovski

Маричиќ-Стевановиќ: На Собранието му требаат современи патриоти и борци за еднаквост, права и слободи

Sase Ivanovski

Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski
Вчитувам....