Факт е дека изборното ветување од 500 евра до 2024 година го надминавме. Просечна плата денеска, во време на СДСМ изнесува 630 евра. Просечната плата во време на ДПМНЕ изнесуваше 360 евра. Цели 270 евра повеќе во семејниот буџет. Да нема дилема, платите ќе продолжат да растат со СДСМ. И тоа ќе го покаже и новата програма, ќе биде покажано како во наредните години ќе расте и просечната и минималната плата.
▫️Факт е и дека минимална плата денеска, во време на СДСМ е далеку поголема од тоа што беше во 2016 година.
▫️Просечната пензија денес е за 6.400 денари поголема во однос на 2016 година а минималната пензија денес е за речиси 50% повисока во однос на она што беше во 2016 година.
📌 Претседателот на #СДСМ, Димитар Ковачевски денеска на отворање на промотивен Штаб на СДСМ во Кисела Вода.