-Да посакам изборите денеска да бидат слободни, фер и демократски. Граѓаните да имаат можност да излезат масовно да гласаат. Да гласаат според своето убедување, но да гласаат со цел и надеж за подобри денови на нашата држава во големата европска фамилија – изјави Митрески по гласањето.Според него, овие избори не се обични туку, како што рече, се одлучувачки избори по однос на иднината на државата.