11.8 C
Скопје
04/05/2024 10:03
МАКТЕЛ

  

     

 

Мицкоски: Ова е победа на народот., цунамито се крена и им виси на глава, а на 8 мај ќе ги потопи целосно

      

   

Почитувани,Добровечер на сите,Добровечер на медиумите,Добровечер на македонската јавност,Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија. И дека секој оној кој што го потценува народот, ја потценува Македонија и прави голема грешка.Ветив дека ќе победиме со најмалку 100.000 гласови разлика, победуваме со повеќе од 170.000.Многу работи зборувавме дека ќе се случат, не ни веруваа, не потценуваа. Мислеа дека со деца мали си имаат работа. Најлошо е кога човек ќе го потцениш. Но, ние благодарение на народот, народот на Македонија покажавме и докажавме дека Македонија ја има и ќе ја има уште многу долго време.

 

Ветував многу работи, и сите работи се случија. Не напаѓаа, не напаѓаа и од внатре, ни се закануваа, се обидуваа да не делат, се обидуваа да ја делат Македонија, се обидуваа да го делат народот, користеа структури од минатото на ВМРО-ДПМНЕ да не напаѓа, но ние издржавме затоа што верувавме и затоа што вие бевте со нас. Ви благодарам од срце народе на Македонија!Ветував дека ќе се случи народ и денес се случи народ.Победа, победа голема е ова за македонскиот народ, за граѓаните во Македонија!Народ се излеа и пораката е јасна и единствена, Македонија не сее плаши, Македонија се враќа на народот. Целиот народ ние заедно со вас наспроти стотина трговци од ДУИ и СДСМ кои се причина за целото страдање, сиромаштија и криминал во Македонија.

   

     

Македонија е на нозе, нашата сила сте вие народот, граѓаните на Македонија.Македонија денес покажа дека е посилна од криминалот и корупцијата и дека народот е определен.Американскиот претседател Реган кажал: „И покрај сите наши разлики и несогласувања оваа е чесна скромна и голема земја, ѕвоната сепак ѕвонат за татковината“. Драги пријатели, браќа и сестри, резултатите кои ги постигнавме оставаат простор да бидеме задоволни. Имаме историска и огромна победа на многу избирачки места и бројките покажуваат дека оваа власт паѓа. Ова е најдобриот резултат што ВМРО-ДПМНЕ го имала од позиција на опозиција. Над 600 илјади луѓе гласаа против власта.

Ова е победа на народот. Цунамито се крена и им виси на глава, а на 8 мај ќе ги потопи целосно.Имаме обврска да им ги срушиме сите идеи за калкулации и предавства, сите нивни понижувања кои ги прават посебно изминативе денови. Ова е револуција, револуција на народот на Македонија, но, работата не е завршена, а власта не е ни малку наивна.Првиот круг од изборите е жолтиот картон, а тој свети. Конечниот, црвениот мора да следи на 8 мај каде потребен е убедлив резултат, јасна победа врз оваа криминална и корумпирана власт.

Вечерва има простор за задоволство и славење, но морам да го споделам со вас и чувството на грижа поради лошите состојби во Македонија и тоа чувство за мене, а и за сите вас со мене, тука е одговорност спрема народот. Свесен сум и треба секој еден што е со мене да испорача брзи резултати, на народот му требаат брзи резултати и не чека работа, многу работа, мерки проекти, многу промени за да се избориме за подобар живот.Мораме да ја промениме сликата за реалноста, денес секој еден глас кој беше даден со голема надеж и силна верба за менување на работите. Свесен сум дека многумина од вас не се до крај уверени, но сепак ни дадоа поддршка затоа што состојбите се претешки а ние сме единствената надеж и шанса која и свесен сум и затоа мораме да ја оправдаме.

Благодарност за секој еден глас, Македонија постои и е голема поради вас народот кој во клучните времиња се одважува и носи исправна одлука но ќе ги споменам и оние кои не гласаа и се уште се двоумат подавам рака кон сите и ја барам вашата поддршка. Заедно ќе сме посилни и заедно ќе направиме многу повеќе. Воедно и оние кои излегоа и гласаа за власта сакам да знаете дека нема да има освета кон било кој. Тоа никогаш не била моја цел ниту ќе водам таква политика. Ги почитувам вашите уверувања и повеќе никој не смее да ве плаши. Единствено треба да се плашат тие што се огрешиле кон законите, а со тоа се огрешиле и кон народот е тие ќе одговараат.

Тие ќе одговараат до последниот.Драги пријатели, браќа и сестри. Ве молам да го поздравиме идниот претседател, идната претседателка на Македонија, да и посакаме успешен мандат затоа што тоа ќе се случи, жалам што не веруваа во нас, жалам што многумина денес ќе има разочарани.Среќен сум што народот на Македонија веруваше во нас, народе на Македонија ви благодарам.

Голема благодарност до оваа дама до мене професорката Гордана Силјановска Давкова.Ја напаѓаа, ја навредуваа, но таа издржа и храбро се бореше.Ве молам огромен аплауз!Докажа дека верува и е горда и ќе ја направи Македонија повторно горда.Професорке заедно ќе успееме!Овие гласови се одговорност но и револт кон Пендаровски.Почитувани, пред да се обратам се слушнав со албанската опозиција со господинот Арбен Таравари му честитав на резултатот и му посакав успешни парламентарни избори и идна влада во Македонија.Македонија ќе ги мобилизира сите капацитети најквалитетните македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци. Ова е ваша земја, заедничка земја време е да си ја вратите во ваши раце и да испишеме заедно една нова историја со која сите заедно ќе се гордееме.

Во вториот круг да не дозволиме ДУИ да успее во намерите да направи нешто кое што никој од нас не го сака, а тоа е, направи добар резултат. Затоа, ве повикувам излезете и заедно, сите ние да гласаме за Македонија да биде повторно горда и да биде Македонија повторно твоја, да биде Македонија повторно ваша.Покажете им на сите дека Македонија живее, дека Македонија е идеја во која веруваме и која ќе опстане и успее. Пред една недела повикав на национално единство, но после денешниот ден и со оглед на одговорноста која ја имаме и предизвиците пред кои застануваме, јас повикувам на целосно народно и се државно обединување против оваа власт.

Ги повикувам сите Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и сите останати. Ги повикувам христијаните, муслиманите, политички определените и неопределените, академиците, професорите, докторите, новинарите, уметниците и спортистите, подавам рака и ги повикувам патриотските здруженија, дијаспората, синдикатите, земјоделците, вработените и невработените, пензионерите, младите во Македонија, студентите, стопанските комори, секој еден човек, дојдете да се сплотиме и обединиме.

Ве повикувам, овде имаме работа поважна од секоја партија, поединечниот став или интерес за Македонија се работи, сега е моментот, ова е тоа време да се обединиме под едно знаме и под една цел. Македонија ќе биде повторно твоја, наша заедничка единствена.

Покажавте дека има надеж и дека тоа сме сите ние. Нашиот момент е сега, ова е нашето време. Да се обединиме во заедничката цел. Да го направиме овој мандат и да ја направиме оваа деценија од нашата историја нешто кое ќе се памети со генерации, ајде да ја промениме реалноста да го промениме секојдневието, да го промениме светот во кој живееме на подобро, да покажеме заедно дека силата на Македонија е во нас во сите нас заедно, да бидеме пример на сите идни генерации. Државата е твоја е време е да си ја вратиш во твои раце.Македонија повторно твоја, промените во твои раце.На крај вечерва славиме, утре продолжуваме, утре се гледаме Охрид, Вевчани, Струга, Кичево, одиме од врата на врата, од дом во дом, продолжуваме до конечна победа.Да сте живи и здрави! Бог да ја благослови нашата Македонија! Ви благодарам!

    

Најново

Каде се парите? Маја Стевкова Штериева: Банките не се „галени“ од владите

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Слаткар се расплака додека зборуваше за својот татко: Oд него се очекувало да биде се, освен доктор

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Синодот на МПЦ-ОА со демант за професорот Ѓуровски дека владици вршеле агентура за незападни држави

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Со Сања 9 години правевме дете, Моша се роди откако престанав да пијам – Подкаст со Слаткаристика

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Дивоградба и нова јама врз клучна цевка на скопскиот водовод во Бутел

Sase Ivanovski

„Керозин 2“ – „Ѓаволот“ ни ора ни копа, ни доволно нафта носи

Sase Ivanovski

ВИДЕО: ТЕПАЧКА ВО СТУДИО, ЖЕСТОКА ДЕБАТА, ЉУБИША КАРАНФИЛОВСКИ ПРОТИВ БОБИ БОЈЧЕВСКИ

Sase Ivanovski

ВИДЕО Пекески: Изразот „цунами“ и следува на позицијата, по изборите СДСМ ќе се распадне

Sase Ivanovski

„Секогаш и секаде први“ – 30 години баталјон за специјални намени “ВОЛЦИ”

Sase Ivanovski

Каде се парите? Бранко Азески: Политиката само го слуша бизнисот, но ништо не спроведува

Sase Ivanovski

Децата се отуѓуваат од нас поради застарен систем – разведени бараат нов концепт на родителство

Sase Ivanovski

Изборите во С. Македонија и геополитичката слепост на ЕУ

Sase Ivanovski

МОК на чело со Димевски врти 1,5 милион евра годишно и влече екстра приходи од „Јане Сандански“!

Sase Ivanovski

СТОЈАНЧЕ МУ НАЦРТА ЦРТЕЖ НА ОСМАНИ Ангелов сликовито му објасни на Бујар како стојат работите во Македонија

Sase Ivanovski

ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ И АГРЕСИВНО СЕ ОДНЕСУВАЛ КОН РОДИТЕЛИТЕ Уапсен 19-годишен охриѓанец!

Sase Ivanovski

ВО ЧАИР НАПАДНАТО ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО Петмина скопјани им влегле дома и ги претепале

Sase Ivanovski

Поради трговскиот бојкот на Турција, Израел поднесе жалба до ОЕЦД

Sase Ivanovski

Стејт департмент: Русија ја прекрши меѓународната забрана за хемиско оружје во војната во Украина – што вели Кремљ

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Коалицијата „Вреди“ во центарот на Тетово со кафе почестија членови на „ЗНАМ“

Sase Ivanovski

Русија: Ќе има „разорна одмазда“ доколку Украина го нападне мостот на Крим

Sase Ivanovski

Песков: Без учество на Русија не ја гледаме поентата на одржување на мировна конференција

Sase Ivanovski

На Хутите на мета им се сите бродови што се упатуваат кон израелските пристаништа

Sase Ivanovski

Хрватска е најголем фаворит за победа на Евровизија: Бејби Лазања се искачи на првото место на обложувалниците

Sase Ivanovski

Зеленски: Украина се соочува со „нова фаза“ на општа руска војна

Sase Ivanovski

Се повеќе украински бегалци не сакаат да се вратат дома

Sase Ivanovski

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката од граѓаните за работите да не бидат како досега

Sase Ivanovski

Гаши: ДУИ веќе не може да се повикува како претставник на Албанците

Sase Ivanovski

Албинизам, мицкоизам, бадентеризам…

Sase Ivanovski

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат 49 или повеќе часа неделно

Sase Ivanovski

Зошто масовните убиства не ја променија Србија?

Sase Ivanovski

Лукаревска: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад туку да продолжиме да работиме за просперитетна држава за сите

Sase Ivanovski

Битиќи: Цврсто да ја држиме заедничката визија за европска Македонија

Sase Ivanovski

Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден

Sase Ivanovski

Бербок ја обвини Русија за сајбер напад врз Германија

Sase Ivanovski

Ковачевски: На 8-ми мај да го спречиме ВМРО повторно да го донесе режимот

Sase Ivanovski

Ковачевски за Сител: СДСМ е потребна во Собранието за да продолжат реформските и прогресивните политики,нема да се откажеме од европската иднина 

Sase Ivanovski

Ковачевски: Најлесно е да се гласа ПРОТИВ, само со глас ЗА може да одиме напред кон просперитет

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

Sase Ivanovski

Маричиќ-Стевановиќ: На Собранието му требаат современи патриоти и борци за еднаквост, права и слободи

Sase Ivanovski

Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Симеонов: Време е да се формира здравствен систем кој што ќе биде функционален и кој што ќе биде во интерес за сите граѓани во Македонија

Sase Ivanovski

Мицкоски: Случајот со писмото на Битиќи до компаниите е сличен на „Траекторија“, обвинителството веднаш да постапи

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Ќе формираме тело коешто ќе ги проверува трансакциите на функционерите, судиите, јавните обвинители – секој што работи спротивно на закон ќе одговара

Sase Ivanovski

Ковачевски: Одредени кадровски решенија и однесувањето на дел од коалиционите партнери во Владата влијаеја да имаме таков изборен резултат

Sase Ivanovski

ЗОШТО МАКЕДОНЦИТЕ ВОЗАТ КАКО ДА НЕ ИМ СЕ ЖИВЕЕ?! Целосно уништен еден од автомобилите во сообраќајката во која загинаа две лица на магистралниот пат Радовиш-Штип

Sase Ivanovski

Ахмети: Касами на 8 мај ќе добие класичен нокаут

Sase Ivanovski

Битиќи: Соживотот и солидарноста се основи на прогресот на нашето општество

Sase Ivanovski

Ковачевски: Да испратиме јасна порака дека во Македонија има прогресивни луѓе кои сакаат европска иднина, а не враќање во минатото

Sase Ivanovski

Ковачевски: Во среда гласајте ЗА европска иднина, за држава во која ќе сакаат да останат вашите деца

Sase Ivanovski

Лукаревска од Кочани: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат, нема ниту една добра причина за да се откажеме од добра иднина

Sase Ivanovski

Лукаревска: Ако биде сопрен патот кон ЕУ, најголем губитник ќе биде државата

Sase Ivanovski

Камерон во Киев преговара за „стогодишно партнерство“ со Украина

Sase Ivanovski

ПРОРУСКИОТ ПРЕМИЕР НА ГРУЗИЈА ГИ ОБВИНИ САД ДЕКА ПРАВАТ ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА ВО ГРУЗИЈА ЗА СОБОРУВАЊЕ НА ВЛАДАТА

Sase Ivanovski

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери, Приведен крадец во Гостивар, следува соодветна пријава, Претрес во Битола, приведен дилер

Sase Ivanovski

100 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

Премиерот Џафери на отворањето на Националната установа Музички ансамбл на Република Северна Македонија – Тетово: Северна Македонија, европска земја со европски вредности и стандарди за сите граѓани

Sase Ivanovski

ДОБРИЛА АНДОНОВСКА ОД ГРОМ: Предлагаме да пакетот за социјална помош биде загарантирани 18.000 денари, тоа ни е во однос на труд и социјала и повторно да ги спомнам тука изградба на старски домови и геријатриски центри во сите градови коишто ќе бидат во склоп на постоечките болници кои имаат испразнети капацитети

Sase Ivanovski

СРБИТЕ ЌЕ ГРАДАТ НОВ СТАДИОН ВО БЕЛГРАД, ЌЕ СЕ ВИКА НАЦИОНАЛЕН СТАДИОН, ВУЧИЌ ВЕТУВА ДЕКА НА НЕГО ВО 2028МА ЌЕ СЕ ИГРА ФИНАЛЕТО НА ЛИГА ЕВРОПА

Sase Ivanovski

ФУРКАН САЛИУ: Господ нека ни е на помош ако професорката стане Претседател. Секој чест за нејзината кариера како професор, но изгледа ќе го бараме Хорхе после некој месец

Sase Ivanovski

УТРЕВЕЧЕР ПОЛОВИНА СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕНО Еве каде ќе се празнува Велигден, автомобилите оставете ги дома

Sase Ivanovski

НЕВООБИЧАЕНА СПАСУВАЧКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ Куче паднало во шахта и изгризало кабли за интернет на поликлиника, еве како е решен случајот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) И ГРУЗИЈЦИТЕ ГИ ЈАДЕ НЕКОЕ РЕБРО, САКААТ РУСКИ БОМБИ ДА ИМ ЛЕТААТ ВРЗ ГЛАВА

Sase Ivanovski

Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата против поранешен директор на ЈП Пазари Битола

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ: ВО ВИЛАТА ВОДНО НЕМА МИР И СПОКОЈ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ, ОД САБАЈЛЕ ДО ВЕЧЕР САМО СОСТАНОЦИ И НОСЕЊЕ ОДЛУКИ

Sase Ivanovski

„МАКЕДОНИЈА Е СЀ ШТО ИМАМЕ“ 107 години од раѓањето на Киро Глигоров, првиот претседател на Македонија

Sase Ivanovski

„Репортери без граници“: Македонија со скок од две места во најновиот извештај за слободата на медиумите

Sase Ivanovski

СТРАШНА СООБРАЌАЈКА НА АВТОПАТОТ РАДОВИШ-ШТИП Две лица загинаа, а едно со потешки повреди е пренесено во болница

Sase Ivanovski

Мицкоски: Владини функционери се обидувале да поткупуваат граѓани и во верски објект

Sase Ivanovski

Агелер: Медиумите имаат клучна улога, особено во изборниот процес

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАНДАТ ЗА СОСТАВ НА ВЛАДАТА ДОБИВА КАНДИДАТОТ НА ПАРТИЈАТА (ПАРТИИТЕ) КОЈА ИМА МНОЗИНСТВО

Sase Ivanovski

Николоски: Зошто Груби толку силно притискаше за Законот за игри на среќа?

Sase Ivanovski

Руските сили влегоа во база со американски војници во Нигер

Sase Ivanovski

Забрчанец: Никогаш не сме имале поголема медиумска слобода

Sase Ivanovski

Меџити: Ахмети му вети поддршка на Пендаровски, но организира бојкот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ХИСТЕРИЈАТА ЗА ПРОМАЈАТА СМЕ ЈА НАСЛЕДИЛЕ ОД СТАРИТЕ РИМЈАНИ

Sase Ivanovski

Петковски: ВМРО и ДУИ се велемајстори за национализам, мислам ќе направат влада

Sase Ivanovski

БРАВО СДСМ И ДУИ, ЗА ОВА ЗАСЛУЖУВАТЕ ГОЛЕМО БРАВО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЗБОРНИОТ СПОТ НА ТВОЈА ПАРТИЈА Е КАКО ПРИКАЗНА НА ДИЗНИ ОД АЛИ ЕКСПРЕС

Sase Ivanovski

Меџити до Османи: Не се грижи, идната влада ќе биде стабилна без ДУИ и Левица!

Sase Ivanovski

Црвенковски одлучи да се затвори дома и да пати, вели Петковски

Sase Ivanovski
Вчитувам....