Богојески смета дека ДУИ намерно ги урива институциите, а за многу опасна ја смета изјавата на лидерот на партијата Али Ахмети, кој коалицирањето со турски и ромски партии го нарече муслиманска коалиција.Лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески, тврди дека подолго време работел на обединувањето на опозицијата, а иако тоа било спротивно на интересите на неговата партија, сепак, тој и неговите сопартијци одлучиле да влезат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, со цел, како што вели тој, да ѝ помогнат на Македонија.
– Обединувањето на опозицијата има за цел детронизирање на ДУИ од власта. Секој оној кој е против обединувањето на опозицијата е за ДУИ. Бидејќи само на ДУИ му одговара да нема обединување на опозицијата. И ние тоа го истакнавме како приоритет пред нашиот интерес, ако некој од тоа обединување губи тоа е Македонски концепт – вели Богојески при неговото гостување во утринската програма на Слободен печат.
Богојески смета дека ДУИ намерно ги урива институциите, а за многу опасна ја смета изјавата на лидерот на партијата Али Ахмети, кој коалицирањето со турски и ромски партии го нарече муслиманска коалиција.Богојески ги негира обвинувањата дека се откажал од платформата и заложбата на неговата партија, инсистирајќи на тоа дека тој самиот одбил да биде номиниран на коалициските листи на парламентарните избори, а дека единствен мотив за неговото коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ е формирање на идна влада во која нема да бидат присутни министри на ДУИ.
Тој посочи и дека поддршката за Гордана Силјановска – Давкова е дадена пред потпишувањето на коалицискиот договор со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи единствено во овој кандидат е пронајден заеднички програмски содржател.
– Силјановска е единствениот кандидат што го поддржува граѓанскиот концепт на македонскиот Устав, што е темелот на програмата на Македонски концепт – додава Богојески.