На 31.03.2024 во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода А.А.(45) и Ш.Н.(23), двајцата од Штип. Тие биле затекнати при извршување „тешка кражба“ во куќа на ул.„Иво Лола Рибар“ во Штип од каде се обиделе да одземат повеќе предмети. Лицата биле задржани во полициска станица, а предметите биле вратени на сопственикот. По целосно комплетирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведени крадци во Тетово
На 01.04.2024 во 02.00 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници. Тие биле затекнати при обид да извршат „тешка кражба“ на мотоцикл „априлија“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ц.(44) од Тетово. Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
Приведени дрвокрадци во Сирково
На 31.03.2024 во 19.30 часот во атар на село Сирково, општина Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода А.Ѓ.(58), Д.П.(60), двајцата од село Сирково, општина Росоман и Љ.Ѓ.(65) од Кавадарци. При преземање на службени дејствија во атар на село Сирково, полициски службеници во содејство со Шумска полиција ги затекнале А.Ѓ., Д.П. и Љ.Ѓ. со нивните трактори со кавадаречки регистарски ознаки со приколки во кои имало товарено дабови огревни дрва без жиг. Тракторите и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.