Надвор од здрав памет и разум е да си професор по уставно право кој цел живот предавал уставно право и да се залагаш дека ќе амнестираш насилници кои упаднале со стапови да тепаат пратеници со цел спречување на промена на власта, тоа е како да си свештеник и да си газда на бордел или на лгбт бар или да си нарко дилер, значи нема логика?!
Да ја прашам професорката, ова прашање ќе и го поставам на некои од нејзините пресови, дали ако стане претседателка и некоја банда дојде да ја тепа со мотки во вилата Водно во обид да ја спречат да си ја работи работата, дали и нив ќе ги амнестира?! Значи лесно е 100 стапа по туѓ грб, ама по твојат и 1 многу боли?
Инаку професорката би требало да знае дека политиката била измислена токму за тоа да има мирна промена на власта без насилство и револуции, да граѓаните со гласање со ливче наместо со лопати и секири направат промена на власта во една земја, и со кокетирањето со 27-ми април, ВМРО ДПМНЕ на мала врата воведува насилие и тероризам во политиката и тоа токму пред избори, зошто побогу?!?!