Голем број припадници на српската полиција ја опколија колибата на Срѓан Јанковиќ, кој е осомничен за убиството на малата Данка Илиќ. Колибата се наоѓа малку надвор од селото Лука, каде живее осомничениот Срѓан.Полицијата го пребарува имотот, за да го пронајде телото на двегодишната Данка. Овој дел од селото е многу оддалечен, а до него води само тесен земјен пат, пренесуваат српските медиуми.Полицијата рано денеска извршила претрес во селото и имотот на осомничениот, а во потрагата им помага и таткото на Срѓан. Пристапите кон куќата на Срѓан Јанковиќ се блокирани, а во потрага по телото на малото девојче беше подигнат и дрон.