„61 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ ќе значи апсолутна одговорност, она што го говоревме да го реализираме, 61 пратеник е за да не се кочат работите како што сме биле сведоци до сега“, кажа Стојаноска.Според неа, оваа власт во 2021 година имаше дебакл на локалните избори, а не направија никаква анализа.
„Анкетите го кажуваат тоа што го гледаме секој ден, тоа е незадоволството од оваа власт, има секој ден анкети и на улица меѓу граѓаните, затоа ова што го прават со црна кампања дека им се виновни ботови, односно лажни профили е несфатливо. Секоја власт од таа позиција кога оди на избори се фали со постигнатото, изјави Стојаноска.Таа се осврна и на фактот дека СДС се гледа дека по лошите политики нема со кои нови кадри да излезе.„На следниве избори кога треба да покажат нешто ново се враќаат на лик како Венко Филипче. Како и да е, јас сакам позитивни кампањи, јас најмногу сакам да ги промовирам нашите проекти, но ако почнат со црна кампања – ќе морам да возвратам“, кажа Стојаноска.