Лидерот на Алијанса за Албанците и кандидат за претседател Арбен Таравари во интервју за „Click Plus“ на ТВ21 изјави дека една од најголемите грешки на партијата била што влегле во владата.
„Повеќето од партијата беа да влеземе во Владата, дури и јас гласав за тоа, не сакав да бегам од одговорност. Но, тоа беше најголемата грешка што ја направивме, огромно незадоволство се јави помеѓу симпатизерите на Алијанса за Албанците“, вели Таравари.
Тој одговори и зошто се разминале со Зијадин Села, посочувајќи дека Села го знаел неговиот став за ДУИ.
„Му кажав на Села, ако одиме со ДУИ јас ќе излезам од партијата, а да настапиме сами немам против. Ако настапиме сами и да изгубиме не е некаков проблем, тогаш Таравари ќе даде оставка од претседател и толку. Народот сакаше промена, заедно со ДУИ не е промена“, вели Таравари.
Тој вели дека ако излегле сами на изборите само ќе му направеле услуга на ДУИ.
„Само здружени со опозицијата може да ги победиме. Кога му се придружив на Села тогаш беше заради тоа да ја донесеме промената, а не да направиме услуга на некого“, порача Таравари.
Тој потенцираше дека нема да бидат дел од Владата по секоја цена, односно доколку нема уставни измени нема да има ниту договор за коалицирање.
„Сега зборувам за Алијанса за Албанците, без разлика колку пратеници ќе имаме, ние нема да бидеме дел од влада која нема да ги направи уставните промени. Ќе бидеме дел од влада која во одреден временски период ќе се обврзе да ги спроведе уставните промени“, порача Таравари.
Таравари истакна дека има реални шанси да влезе во вториот кандидат од претседателските избори.
„Според сите дискусии што сме ги направиле, со оглед на моменталното расположение, мислам дека имаме реални шанси да влеземе во вториот круг од претседателските избори. Доколку ДУИ и СДСМ одат со заеднички кандидат, тоа ќе ни ги зголеми шансите уште повеќе. А дали. ќе победиме на претседателските избори, тоа е тешка мисија сега за сега, да не реча, невозможна“, порача Таравари.